Добро, и мене ми се допаѓа крузот и како изгледа и какво е возењето. Муабетот е каков мотор има? Дали се исплати да се експериментира?
Темава иако не е за Круз, еве ќе ти одговорам бидејќи тука го имаш поставено прашањето.
Крузот е хартијашка кола (зборам за основниот 1.6 мотор) на хартија делува моќно кога ќе прочиташ дека има 1.600 кубици и 124 КС (претходниот мотор беше 113 КС) арно ама во пракса изгледа како да има упола коњи од тие 124 на хартијата, а тоа е затоа што максималниот вртежен момент е поставен на многу високи обртаи (мислам дека на 6.000 или 6.200 обртаи ги развива максималните 124 КС) и Nm ги има малку (околу 140) кои исто така ги развива на многу високи обртаи, а и самата кола е многу тешка за тој основниот 1.6 мотор да ја влече каросеријата и затоа колата нема доволно снага на ниски обртаи и затоа е тромава и троши бајаги.
А за изглед, убаво изгледа, нема тука што да се коментира.
Значи ако ти е за изглед колата, зимај ја бидејќи за 11.500 (со основна опрема) ретко се наоѓа за таа цена поубава кола од Круз, али ако сакаш перформанси тогаш 1.6 никако не зимај бидејќи ќе се разочараш.