Да ја завршиме приказната. Фукујама во својата книга Крајот на историјата и последниот човек, експлицитно тврди дека тој антагонизам помеѓу господарите и робовите конечно е измирен во неолибералната доктрина, и со самото тоа неолибералниот капитализам претставува крајна завршница на човечката потрага по совршен општествен систем. Тој тврди дека со самото тоа што сите можат да гласаат, и сите можат да се збогатат, на некој начин е постигнато универзалното признавање на секој поединец како човек. Таа книга всушност претставува конечна апологија на современото општество.
Well, имам лоши вести за сите вас. Човекот лаже. Драги мои, СИТЕ вие сте робови. Секој пат кога сте морале да станете во некое одредено време за да одите на работа или на факултет против своја воља, сте биле робови. Секој пат кога сте морале да одите во оној ресторан наместо во овој, заради состојбата на вашиот џеб, сте биле робови. Секој пат кога сте сакале да одите на одмор на Сејшелите, а сте отишле на одмор во Охрид, сте биле робови. И така, примери ad infinitum. И јас, кој го пишува ова, сум исто роб. Да пишуваш за илегализмот, е исто како да гледаш филмови за него...
Ја немам читано книгата, но во ова што ти го парафразира, морам нешто да корегирам...
Човекот е сосема во право. Само што ти тоа "Може", го читаш како "Е"...
Една работа приметувам со која ви е многу тешко да се помирите. Слободата не е бесплатна. Слободата се заслужува.
Се раѓаш како роб. Роб на својата материјалност. На своето тело. Самиот факт дека имаш потреби, те прави роб.
Имаш потреба да јадеш, а храна нема насекаде
Храна треба да се набере, храна треба да се улови
Со самото снабдување со храна, ти ја купуваш својата слобода на одреден период
Она што Фукујама ти го кажал е дека, секој има слобода да отиде и да си набере или да си улови нешто да касне
А дал ќе улови, негова работа. Кој колку е способен.
Па, оние нај способните стануваат владетели, а оние неспособните, робови
И секогаш било исто. Тој што рекол дека луѓето се исти, излажал. Луѓето не се исти, и никад нема да бидат.
Нити животните се исти, нити било што на светов е исто.
Две исти огледала не се исти
Баланс во природата се постигнува во моментот кога јасно се знае кој е кој, а не кога сите се исти
Уште од првобитно општество, па до денешниов наш капитализам, ситуацијата, во тој поглед, е иста. Имаш робови, и имаш владетели.
Она што во денешниот капитализам е различно од тоа првобитно општество е што немаш две странки, туку три.
Робови, Владетели и Држава.
Односно, работници, работодавци и држава.
Илегализмот тука претставува една алатка за исклучување на третата странка од масата на која се дели заработениот плод
Наместо да јадат 3ца, јадат 2ца. А тие двајца нема никогаш исто да јадат, затоа што едниот е Алфа, а другиот Бета.
Самото искључување на едната странка значи и повеќе храна на масата. Повеќе храна, значи по долг период без глад, односно, по долг период на слобода.
Слободата не е дадена по дифолт. Парите ја купуваат.
И, ако се прашувам јас, illegalism is the way to get it!