Промовиран патниот ‘рбет Драч-Кукс

Статус
Затворена за нови мислења.
V

viktora

Гостин
Овие барем се задолжуваат за да ја подобрат инфраструктурата во нивната земја , за разлика од нашиве кои се задолжуваат за да ја подобрат својата приватна состојба .Камо среќа нашиве наместо лавови со магарешки јајца да градеа автопати.
А тие лавови со магарешки јајца знаеш ли колку странски туристи донеле?Факт е дека од кога го почнаа тој проект Скопје 2014 бројот на странски туристи се има зголемено за 150.000 на годишно ниво.Магарешки или којнски не е битно почнаа да носат пари,а друга е приказната дали требало тој проект или не.
Втора работа Албанија до пред 2000 немаше асални патишта па нормално е луѓето да градат,но за нас тоа не е ништо чудно пошто ние такви автопати имаме изградено пред 50 год.
 
M

Mario Gómez

Гостин
За патиштата секоја чест, и за идејата на премиерот прво да почне од патиштата. Ја свршувам на добра инфраструктура и на сликите од дрданија лиги ми течат. :D

Но некој да ми каже дека во Албанија се живее поубаво од тука, ќе го отепам. Таму па све е Тирана и Тирана. Донекаде и Драч, северна и јужна Албанија се ко Конго.

Ние од времето на тито се средени големите патишта, не треба нови рути да се прајт, таму беше инфраструктурата абсолутно никаква и затоа се гради сега. Барем знаат за што се презадолжуваат.

Кај нас треба само реновирање на постојните автопатишта, иако убаво би било Прилеп-Битола-Охрид-Гостивар да се поврзат. Ама од кај ќе најдеме милијарда евра.

Дрданија, знајш ли кога ќе бидит готов патот Тирана - Дебар??
 
B92

Член од
14 октомври 2011
Мислења
331
Поени од реакции
129
А тие лавови со магарешки јајца знаеш ли колку странски туристи донеле?Факт е дека од кога го почнаа тој проект Скопје 2014 бројот на странски туристи се има зголемено за 150.000 на годишно ниво.Магарешки или којнски не е битно почнаа да носат пари,а друга е приказната дали требало тој проект или не.
Втора работа Албанија до пред 2000 немаше асални патишта па нормално е луѓето да градат,но за нас тоа не е ништо чудно пошто ние такви автопати имаме изградено пред 50 год.
Албанија речиси во сите аспекти сеа во 2011 е подобра од ова македонија!
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Дрданија, знајш ли кога ќе бидит готов патот Тирана - Дебар??
Се гради тој дел, не знам кога ќе заврши , еден дел е завршен , но нема да биде тоа автопат , би рекол дека е магистрала или што ли , со дозволена брзина од 80-100км/ч.
Не знам за останатиот дел како ќе биде.

Ќе има и нов тунел од 3.3км , со вредност од 90 милиони евра , вкупно се работи за 64км патишта , Тирана и Дебар ќе бидат далеку само 83км, се работи за лош терен , но секако овој пат нема да биде главен , главен мислам дека ќе остане тој од преку Струга , сега во тек е изградба на вистински автопат Елбасан-Тирана , и ќе биде супер.

Кога ги спомна поврзувањето на македонските градови , јас искрено да ти кажам сум голем песимист , сега скапо е изградбата на автопатишта , особено на тешки предели , како што е тој Гостивар-Охрид, кај ќе најдеме толку пари , па веќе и ние сме во долгови до гуша. (како само се зголеми долгот нагло , а дела нема ништо).
Се најави дека ќе го изградат тој дел према Грција , кај Смоквица , ама и од тој ништо изгледа , само замисли колку долго траеше изградбата на Куманово-Табановце (само 7.5км и на одличен терен).
--- надополнето: Nov 14, 2011 1:20 AM ---
А тие лавови со магарешки јајца знаеш ли колку странски туристи донеле?Факт е дека од кога го почнаа тој проект Скопје 2014 бројот на странски туристи се има зголемено за 150.000 на годишно ниво.
Се прочу надалеку дека во Скопје има лавови бронзени , и се пуштија туристите.
Ако некој доаѓа за споменици , тие туристи се еднодневни , нема пари тука.

Велиш сме имале зголемување за 150.000 странски туристи годишно , заборави ли дека ме имаш мене тука , што се обидуваш да мамиш.

Знам дека ќе се разочараш, но Македонија во цела 2010-та ја посетиле само 261.000 странски туристи.
За кое годишно зголемување зборуваш.

Во 2009 сме имале 259.000 странски туристи.

2008 = 255.000

Јас гледам дека имаме годишно зголемување за 5000 (пет илјади) странски туристи.

И токму како што реков, не ноќеваат странските туристи , гледаат какви сме и бегаат.

Ако во 2008 сме имале 255.000 странски туристи , од нив сме имале 587.000 ноќевања.

2010-та сме имале 261.000 странски туристи , но помалку ноќевања , односно 559.000.

Е вака ќе биде и со Лавовите , ќе идат туристите , ќе се сликат , и ќе одат во Грција или Албанија на купање, ќе трошат озбилни пари за хотели и храна.
А во Скопје ќе трошат во батерии и филмови (нема ни филмови сега со новите апарати).

Има разни видови на луѓе, некои наседнуваат на Скопје 2014 заради патриотски причини , а ете има и такви кои мислат дека државата ќе има неверојатен ќар пошто проектот привлекувал големи пари од туристи.

Но и Скопје забележува пад , во 2010та имало 3000 странски туристи помалку во споредба со 2008-ма , кога немаше лавови и градски плажи. Пад имало и во ноќевањата , за 18.000.

Се извинувам на модераторите, често ми се случува да излегувам надвор од темите, не знам дали ми станува навика или можеби ме принудуваат , ако им пречи нека бришат или нека трансферираат негде друго.
--- надополнето: Nov 14, 2011 1:35 AM ---
Албанија се презадолжува
Опозициската Социјалистичка партија на Албанија алармира за растот на јавниот долг кој, според неа, достигна фрапантни бројки.

- Нивото на јавниот долг достигна 7,3 милијарди долари, што е незамислива бројка за нашата земја.
Ако се знае колку озбилни проекти се завршени или се во тек , овој долг не е ништо.

Има земји кои влегуваат во долгови за безвезни работи ( ги знаете и вие).

Вкупниот надворешен долг на Република Македонија на крајот од првиот квартал годинава, на годишно ниво, бележи драматичен раст од дури 22 отсто до нивото од 6,3 милијарди долари, што претставува 1,14 милијарди долари повеќе од крајот на март лани.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: B92

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Има разни видови на луѓе, некои наседнуваат на Скопје 2014 заради патриотски причини , а ете има и такви кои мислат дека државата ќе има неверојатен ќар пошто проектот привлекувал големи пари од туристи.
Многу точно и трагикомично.

Западњаците имаат оригинални градби од време на барок итн, а идат овде да гледаат бледи копии. Скопје со новите споменици може да биде туристички интересен само за некои афрички племиња.

Туристи ради споменици. Mother of God :unsure:
 
I

Iblis

Оти да не, не е непозната категорија тоа.
Ајфеловата кула е еден огромен споменик, изграден во период кога истиот се сметал за крик на современата техника.
Ватикан како таков е еден огромен споменик(сеа има и други аспекти, ама тврдењево може да стои)
Он-топик
Шо да кажам, пред не толку време Албанците беа затуцани нема до каде, жив ужас, за тоа што го направија алал да им е, не дека и нивните високи функционери не ставаат во џеб, ама автопатов, страшно добро завршена работа.
 
Еј. Фала, ме просветли :)

Муабетот ми беше за ,,нашите'' споменици, а не за ремек дела како Ајфелова кула итн. Мислам, смешно е Ајфелова кула да се става во иста реченица со Дизнилендот на плоштад.
 
V

viktora

Гостин
Се гради тој дел, не знам кога ќе заврши , еден дел е завршен , но нема да биде тоа автопат , би рекол дека е магистрала или што ли , со дозволена брзина од 80-100км/ч.
Не знам за останатиот дел како ќе биде.

Ќе има и нов тунел од 3.3км , со вредност од 90 милиони евра , вкупно се работи за 64км патишта , Тирана и Дебар ќе бидат далеку само 83км, се работи за лош терен , но секако овој пат нема да биде главен , главен мислам дека ќе остане тој од преку Струга , сега во тек е изградба на вистински автопат Елбасан-Тирана , и ќе биде супер.

Кога ги спомна поврзувањето на македонските градови , јас искрено да ти кажам сум голем песимист , сега скапо е изградбата на автопатишта , особено на тешки предели , како што е тој Гостивар-Охрид, кај ќе најдеме толку пари , па веќе и ние сме во долгови до гуша. (како само се зголеми долгот нагло , а дела нема ништо).
Се најави дека ќе го изградат тој дел према Грција , кај Смоквица , ама и од тој ништо изгледа , само замисли колку долго траеше изградбата на Куманово-Табановце (само 7.5км и на одличен терен).
--- надополнето: Nov 14, 2011 1:20 AM ---

Се прочу надалеку дека во Скопје има лавови бронзени , и се пуштија туристите.
Ако некој доаѓа за споменици , тие туристи се еднодневни , нема пари тука.

Велиш сме имале зголемување за 150.000 странски туристи годишно , заборави ли дека ме имаш мене тука , што се обидуваш да мамиш.

Знам дека ќе се разочараш, но Македонија во цела 2010-та ја посетиле само 261.000 странски туристи.
За кое годишно зголемување зборуваш.

Во 2009 сме имале 259.000 странски туристи.

2008 = 255.000

Јас гледам дека имаме годишно зголемување за 5000 (пет илјади) странски туристи.

И токму како што реков, не ноќеваат странските туристи , гледаат какви сме и бегаат.

Ако во 2008 сме имале 255.000 странски туристи , од нив сме имале 587.000 ноќевања.

2010-та сме имале 261.000 странски туристи , но помалку ноќевања , односно 559.000.

Е вака ќе биде и со Лавовите , ќе идат туристите , ќе се сликат , и ќе одат во Грција или Албанија на купање, ќе трошат озбилни пари за хотели и храна.
А во Скопје ќе трошат во батерии и филмови (нема ни филмови сега со новите апарати).

Има разни видови на луѓе, некои наседнуваат на Скопје 2014 заради патриотски причини , а ете има и такви кои мислат дека државата ќе има неверојатен ќар пошто проектот привлекувал големи пари од туристи.

Но и Скопје забележува пад , во 2010та имало 3000 странски туристи помалку во споредба со 2008-ма , кога немаше лавови и градски плажи. Пад имало и во ноќевањата , за 18.000.

Се извинувам на модераторите, често ми се случува да излегувам надвор од темите, не знам дали ми станува навика или можеби ме принудуваат , ако им пречи нека бришат или нека трансферираат негде друго.
--- надополнето: Nov 14, 2011 1:35 AM ---

Ако се знае колку озбилни проекти се завршени или се во тек , овој долг не е ништо.

Има земји кои влегуваат во долгови за безвезни работи ( ги знаете и вие).
Од каде ти се податоциве?Како второ од каде си сигурен дека туристи доаѓаат во Скопје да се сликаат а одат во АЛБАНИЈА на шопинг???Да ги гледаат на Енвер Хоџа БУНКЕРИТЕ???И да купуваат скулптури во вид на бункер???
Велиш сме имале зголемување за 150.000 странски туристи годишно , заборави ли дека ме имаш мене тука , што се обидуваш да мамиш..
А извини ти си експерт така, и работиш во министерството за туризам така?Да бе стварно те заборавив.Извини:pos:
Без разлика што како со лавовите итн,но сите светски медиуми се интаресираа за нив и известуваа(поударна вест беа ни него ли влезот на Албанија во нато)па дури од Скопје дирекно во живо известуваа.Па ај паметен си предпостави дали има подобра реклама од тоа.?
А за Албанија па дешко уште колку има да се гради за да се стигне до некое ниво и Сали бери не е свесен.поготово сега кога Грција има проблеми на економски план во која работеа приближно 1мило Албанци и огромни пари носеа дома.А сега само помаранџи и банани можат да понесат.
--- надополнето: Nov 15, 2011 1:41 PM ---
Многу точно и трагикомично.

Западњаците имаат оригинални градби од време на барок итн, а идат овде да гледаат бледи копии. Скопје со новите споменици може да биде туристички интересен само за некои афрички племиња.

Туристи ради споменици. Mother of God :unsure:
Дечко си видел ли ти слики од старо Скопје како изгледало пред земјотресот???Кои копии бе,каков барок какви бакрачи.
--- надополнето: Nov 15, 2011 1:46 PM ---
А да и морам да напоменам дека првите семафори во Албанија ги имаат монтирано во 1992 год, во Тирана.Е па ај сега видете уште колку работи треба да се направат за да ја споредете Албанија со Македонија.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Од каде ти се податоциве?Како второ од каде си сигурен дека туристи доаѓаат во Скопје да се сликаат а одат во АЛБАНИЈА на шопинг???Да ги гледаат на Енвер Хоџа БУНКЕРИТЕ???И да купуваат скулптури во вид на бункер???
Така би направил јас , не ми треба 1 недела за да посетам проект како што е Скопје 2014 , споменици расфрлани на еден плоштад.
Овие пари требаше да одат за Охрид-Струга , Преспа-Дојран , Попова Шапка-Пелистер.

Скопје покрај тоа што е третина од државното население , за жал исто така е пола од економијата и град во кој се остварени повеќе од третина од сите туристички посети.
Скопје=Држава , би рекле навивачите, па после се бунат зошто ни нудат решенија за името во кое би се вклучило Скопје.

А извини ти си експерт така, и работиш во министерството за туризам така?Да бе стварно те заборавив.Извини:pos:
Без разлика што како со лавовите итн,но сите светски медиуми се интаресираа за нив и известуваа(поударна вест беа ни него ли влезот на Албанија во нато)па дури од Скопје дирекно во живо известуваа.
Феномено , тоа е Скопје 2014 , зошто се чудеа , велеа имаат 33% невработеност , исто толку сиромашни , а трошат пари во бронза.

Скопје 2014 , пет годишен проект , трошени 300.000.000 евра , главен проект преку кој не знаел цел свет , и за кој проект се известувало во живо.
Албанија за помалку од 4 години изгради автопат од 1.000.000.000 евра (170 километри, на пример Скопје-Охрид). ( а уште многу други патишта, рачунај 500.000.000 долари годишно трошени за патишта).

Зарем не знаел Бериша да изгради 3 проекти како овој Скопје 2014 , наместо да изгради автопат? Ако изградеше 3 вакви , дали Албанија ќе беше понапредна , а од друга страна и понатаму ќе им гинеа граѓаните возејќи се низ козји патишта.

Секоја држава може да изгради свој Главен Град 2014 , но не е моментот.

Па ај паметен си предпостави дали има подобра реклама од тоа.?
Најдобра реклама е кога ќе ти дојдат туристите и кога ќе се уверат , кога ќе одат од Гостивар до Охрид , и три пати треба да застанат за да повратат заради лошиот пат.

А за Албанија па дешко уште колку има да се гради за да се стигне до некое ниво и Сали бери не е свесен.поготово сега кога Грција има проблеми на економски план во која работеа приближно 1мило Албанци и огромни пари носеа дома.А сега само помаранџи и банани можат да понесат.
Има за градење и се гради.

Ако не носат печалбарите , сега носат туристите и економијата.

За 8 месеци оваа година , Албанија беше посетена од 3 милиони туристи. Значи Албанија сега има повеќе туристи него жители. Од кои 2.1м се странски туристи , спореди ја со Македонија со 260.000 странски туристи (за цела година, не за 8 месеци).

А да и морам да напоменам дека првите семафори во Албанија ги имаат монтирано во 1992 год, во Тирана.Е па ај сега видете уште колку работи треба да се направат за да ја споредете Албанија со Македонија.
И што сакаш да кажеш со ова.
Оди и во Дубаи , речи им , абе вие сте заостанати , до 1980 тука било све пустина, во шатори сте живееле.

Епа тоа е разликата , Албанија немала семафори и автомобили , а сега има поубава инфраструктура од нас.

Јас би го прашал владетелот , абе море пред да дојдеш ти све имавме , само требаше да ни обезбедиш работа , имавме семафори , автомобили , болници , фабрики , патишта , кај се парите.
Еве Албанија знаеме кај ги трошете парите , но каде ги трошевме ние?
Ако велиш дека сме немале пари , тогаш прашувам зошто нема , како можеше Албанија да направи пари без семафори и патишта.

Во Албанија пред падот на комунизмот само функсионерите имале автомобили , но веќе во 1993-та имало 56.000 автомобили , во 2000-та се дуплирале на 114.000 , а после 10 години (2010) бројката стигнала на 300.000 регистрирани автомобили.
--- надополнето: Nov 15, 2011 4:29 PM ---
Дрданија, знајш ли кога ќе бидит готов патот Тирана - Дебар??
Велат дека во 2013-та ќе заврши целосно тој источен дел , а наводно Тирана-Скопје наместо 6 часа , ќе биде далеку само 3 часа.
Ама мислам дека нашиот дел до Дебар е лош ?

Ако средат и од наша страна , тогаш Тирана ќе не биде доста близу, истовремено и Драч со пристанишетото.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940

До Дебар е лош. Преку маврово е крш и лош терен е тешко може да се извади подобар пат, освен една друга алтернатива АКО има автопат од Гостивар до Охрид преку Кичево, има еден мал пат (што не е изграден ама е во план повеќе од 30тина години, тоа е патот Кичево Дебар преку месноста Извор, почнал да се гради последните години од Југославија и е запоставен) е ако се спојат Кичево и Дебар преку Извор тоа е некаде 20тина Км и со автопатот до Кичево би можело да се скрати времето.
 
Во средно патувавме од Струга до Дебар , во тоа време не сум гледал многу како изгледаше патот , но знам дека на многу ни се слоши.

И јас мислев дека Кичево-Дебар е блиску , но сега измерив имало 44км ако се пробие патот од кај што викаш ти , преку Извор, иако се обидов да скратам , не верувам во блиска иднина да се изгради нешто на тој дел , многу лош терен , би коштало многу.

Воздушна линија меѓу Кичево и Дебар има 35км.

А ова би била можната делница преку Извор.

http://vistinomer.mk/кичево-дебар/

Рокот за изградба од ветеното му е од 2012-2015 ама незнам дали ќе се оствари, ја од стари луѓе шо имам слушано дебек бил 25км ама незнам точно, можно да е повеќе. Ако не се оствари оваа алтернатива, не гледам друга, преку маврово е мишн импосибл да се среди. освен ако се направи уште една лента и тогаш би се возело полесно ама има ептен многу работа. Со оглед на динамиката еден глупав пат од 10 км го прават три години, ова е научна фантастика. Дебар останува отсечен, слепо црево.
 
вистиномерот вели дека ќе има 53км , плус од Гостивар едно 44км , значи Гостивар-Кичево-Извор-Дебар = 97-100км.

А ако се изгради од Дебар преку Маврово до Гостивар , има 67-70км.

Пократко би било од Маврово , но како што рече ти , и патот и теренот се крш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom