Иако не сум љубител на „клипој и линкој„, ќе морам да Ти посочам еден корисен линк, каде има дадено задоволителни одговори на Твоиве прашања:
http://www.scribd.com/doc/272354/Svestenik-Timotije-EVOLUCIJA
Текстот не е предолг, но е доволно јасен, разбирлив и проверлив.
Мики ми падна веднаш во очи на страна 6 и 7 примерот за ниво на информација преку програмерот и алгоритмот и веднаш после него примерот за веројатност со реченицата ИВАН+ТАЊА=ЉУБОВ.
Прво воопшто не гледам сличност со темава. Двата примера се обид да покажат дека некои работи не се случуваат случајно, а следствено на тоа мора д апостои интилигентен креатор.
Првиот пример со програмерот ќе падне у вода ако земеш artificial intilegence i multi-layer neural networks. Но, тоа е друга тема. Не би навлегувал таму.
Вториот пример добива некоја просто пресметана (читај манипулаторна) вредност од 10 на -24 степен, и наведува заклучок дека е речиси неверојатно!?!?!
Мислам дека пишував доста околу веројатноста наназад. Овој ранг е далеееку од неверојатен. Почетокот на создавањето на првиот протеин е од ранг -134 (ако се сеќавам добро), а воскреснувањето на Исус од ранг -126 некаде.
Но и двата настана не се вклучуваат во неверојатни. Теоријата на хаосот го поставува тој праг на -153, дека тоа е веројатноста која засега, за нашите размислувања и познавања не игра никакв улога.
Самата книга е обид да се изнајдат фалинките на разно разни научни размислувања и соодветно прикажување на фактите од друг агол, за да се побуди сомнеж во истите, И откако ќе се побуди истиот, се наметнува лаички заклучок - ете значи мора да има интилигентен креатор.
Јас многу пати напоменав, дека за мене се многу попривлечни теориите за настанокот на човештвото кои во себе содржат мистика, романтика и малку фантастика.
Но сите тие воопшто не се совпаѓаат со онаа која ја нуди црквата и религијата.
Дури и да е точен заклучокот дека зад сето ова постои ИНТИЛИГЕНТЕН КРЕАТОР, објасни ми зашто би тоа бил токму тој опишаниот во Бибилијата. Зашто тоа не е вонземска цивилизација која го создала човештвото на планетава и може да си поигрува со него и експериментира како во Зоолошка градина или во некоја лабораторија?