Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Наместо саде да критикуваш, ајде дај некаков Твој, било каков па нека е и погрешен одговор или одговори на прашањето кое самиот/самата го поставуваш: зашто? Што е финтава со то лопати, крстој, ово оно?...
ZA PARI ALI ne mi e jasno zasto bas lopatite? mislam mene mi e smesno ...zadovololen od odgovorot?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да, за пари, несомнено, а што понатаму со тие пари, имаш одговор?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Драги мои,
Простете што ви ги прекинувам дебатите, но еве ме пак мене, со едно потсетување, за оние кои се Христијани, - МНОГУ СМЕ БЛИСКУ!!
Христовото доаѓање е така блиску...
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=HWFnBcQG4zc

Знаци на сонцето, месечината и ѕвездите, војни и гласови за војни, земјотреси на разни места, поплави, чумa, глад, цунами. Необични торнада кои се случуваат на места, на кои никогаш не биле видени порано. Загриженост меѓу на народите, граѓански немири, бунтување што се шири на глобално ниво, ненадејно и брзо појавување на природни непогоди што ги рушат сите рекорди досега, масовно угинување на животни во целиот свет, изместување на половите на планетата, планетата Земја е изместена од својата оска, скратени денови, космички пореметувања, итн. Настани кои ги оставаат научниците во недоумица. Ова се некои од настаните опишани во Книгите на Матеј и Лука, како на „почетокот на породилните болки“, кои ќе доведат до состојба која се нарекува „период на големите неволји“ за кој се зборува во книгата на пророкот Даниел и Откровението, а ние сме на самиот праг на тој временски период. Работите ќе се влошуваат надвор од било кое разумно разбирање .
ОВИЕ РАБОТИ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ТОЛКУ ТОЧНИ И ПРЕЦИЗНИ КАКО ВО 2011 година!!

Кога овие работи ќе почнат да се случуваат треба да се исправиме и да ги подигнеме нашите глави, бидејќи нашето спасување се наближува (Лука 21:28) Бидејќи нашето жителство е на Небото и ние желно Го очекуваме Спасителот од таму, ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС (Фил. 3:20)
Сега да ги впериме очите кон настаните во Израел. Кога ќе почнат уште повеќе да се „вжештуваат“ работите таму - БОЖЈОТО ЦАРСТВО е на повидок!!

ДРАГИ МОИ - ДОСТА СО БЕСПОЛЕЗНИ НАДМУДРУВАЊА! ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ИСУС- ТОЈ ДА НИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО ВО ЖИВОТОТ!
Се додека постои ден и додека сме живи, имаме можност да „си ги исправиме патеките пред Него“; Но не знаеме кога ќе ни биде поледниот ден на земјата.. Да побрзаме!!
Листа на познати Цунами што се случиле.
Прашање : Дали сите овие примери се „гласници“ за второто доаѓање на Исус?
Одговор: Не, не би можеле да бидат, бидејќи Цунами имало и пред првото доаѓање на Исус... Цунами е природна катастрофа, која се случува со поместување на тектонските плочи на земјата и нема никакви допирни точки со „верба во Бог“.
(извор Wikipedia)
 
Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Да, за пари, несомнено, а што понатаму со тие пари, имаш одговор?
да идат у каса на МПЦ ...тоа не е спорно ....реков знам за лицитација на крстови и тоа е ВО РЕД ! али со лопатите ми е смешно многу не ја свакам ВРЕДНОСТА ЗА КОЈА СЕ НАДАВААТ ЗА ЕДНА ЛОПАТА? И тие што лицитираат за лопата знаат ли дека тоа не е симбол на православието ..како крстот ...сто ке им е дома ај кази ми?? која е логиката ..делуваат како да сакаат на СЕКАКОВ начин да дојдат до пари.......
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Драги мои,
Простете што ви ги прекинувам дебатите, но еве ме пак мене, со едно потсетување, за оние кои се Христијани, - МНОГУ СМЕ БЛИСКУ!!
Христовото доаѓање е така блиску...
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=HWFnBcQG4zc

Знаци на сонцето, месечината и ѕвездите, војни и гласови за војни, земјотреси на разни места, поплави, чумa, глад, цунами. Необични торнада кои се случуваат на места, на кои никогаш не биле видени порано. Загриженост меѓу на народите, граѓански немири, бунтување што се шири на глобално ниво, ненадејно и брзо појавување на природни непогоди што ги рушат сите рекорди досега, масовно угинување на животни во целиот свет, изместување на половите на планетата, планетата Земја е изместена од својата оска, скратени денови, космички пореметувања, итн. Настани кои ги оставаат научниците во недоумица. Ова се некои од настаните опишани во Книгите на Матеј и Лука, како на „почетокот на породилните болки“, кои ќе доведат до состојба која се нарекува „период на големите неволји“ за кој се зборува во книгата на пророкот Даниел и Откровението, а ние сме на самиот праг на тој временски период. Работите ќе се влошуваат надвор од било кое разумно разбирање .
ОВИЕ РАБОТИ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ТОЛКУ ТОЧНИ И ПРЕЦИЗНИ КАКО ВО 2011 година!!
WTF???

Ова важи за секој проклет период во историјата на човештвото а 2011 по ништо не се разликува во тој поглед.
- Кои знаци на сонцето, месечината и ѕвездите?
- Војни и гласови за војни? Се прашувам кога ги немало.
- Земјотреси на разни места? Ова е ново...
- Поплави, чуми, глад, цунами... никогаш порано немало.
- Торнада на места на кои никогаш порано не се случиле. Од кај знаеш дека не се случиле?
- Од кај знаеш дека планетата и порано не била изместувана од својата оска и што е тука страшно. Нема да одлетаме во outer space во догледно време.

Нема ништо во книгите што не важи за било кој период во последниве 2000 години па и повеќе. И Исус викал: покајте се зошто Царството Небесно е близу. 2000 години подоцна, уште е близу ама никако да дојде...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Работата е едноставна: тие лопати не се лопати за наменети за копање, туку обично се позлатени или посребрени, што значи, тоа се симболични лопати а не обичен градинарски алат, со чие купување, нивниот купувач станува донатор при градењето или одржувањето на одреден храм, а не просто наддавање за купување обична лопата за копање по двор. Ист е случајот и со наддавањето за купување крст или било кој друг предмет, со чие купување се станува донатор на веќе наведеното.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
- Кои знаци на сонцето, месечината и ѕвездите?
- Војни и гласови за војни? Се прашувам кога ги немало.
- Земјотреси на разни места? Ова е ново...
- Поплави, чуми, глад, цунами... никогаш порано немало.
- Торнада на места на кои никогаш порано не се случиле. Од кај знаеш дека не се случиле?
- Од кај знаеш дека планетата и порано не била изместувана од својата оска и што е тука страшно. Нема да одлетаме во outer space во догледно време.
Сите овие работи ги имало и претходно... Единствена разлика е што сега имаме достапност на информации преку телевизија и интернет. Затоа веста е „поголема“ и си мислиме дека прв пат се случува...
Разликата е што Девина верува дека 2011 е крајна година за покајание зошто така пишува во Библијата, а јас можам да докажам со факти дека овие настани се случувале и порано. И тоа многу порано...

п.с. И мене ме интересира за знаците на сонцето, месечината и ѕвездите...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ма не ми се коментира повеќе искрено... да не се уклучел мозокот на 5 минути? Убаво вика Ричард Докинс: The process of non-thinking called religion.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
да идат у каса на МПЦ ...тоа не е спорно ....реков знам за лицитација на крстови и тоа е ВО РЕД ! али со лопатите ми е смешно многу не ја свакам ВРЕДНОСТА ЗА КОЈА СЕ НАДАВААТ ЗА ЕДНА ЛОПАТА? И тие што лицитираат за лопата знаат ли дека тоа не е симбол на православието ..како крстот ...сто ке им е дома ај кази ми?? која е логиката ..делуваат како да сакаат на СЕКАКОВ начин да дојдат до пари.......
Работата е едноставна: тие лопати не се лопати за наменети за копање, туку обично се позлатени или посребрени, што значи, тоа се симболични лопати а не обичен градинарски алат, со чие купување, нивниот купувач станува донатор при градењето или одржувањето на одреден храм, а не просто наддавање за купување обична лопата за копање по двор. Ист е случајот и со наддавањето за купување крст или било кој друг предмет, со чие купување се станува донатор на веќе наведеното.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Разликата е што Девина верува дека 2011 е крајна година за покајание зошто така пишува во Библијата...
Не е вистина дека така пишува во Библијата. Во Библијата не е дадена никаква година за крајот на светот, туку напротив јасно е кажано дека никој друг освен Бог не го знае тој датум.
Во секоја генерација од Христос па наваму имало луѓе што тврделе дека го знаат точниот датум или приближниот датум. Девина не е исклучок. Впрочем и самиот Христос предвидел дека ќе се појават вакви луѓе, кога рекол:

„Тој пак рече: „Внимавајте да не ве заведат, зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе речат: ‘Јас сум’ и ‘времето приближило!’ Не одете по нив!“ (Исус, ев. Лука 21:8, Библијата)
 
Ах, буквалисту мој.... :)
Не сакав да наведам дека некаде има запишано „2011“. Девина ја спомна годината зошто имало најмногу катастрофи. На едноставен начин сакав да и покажам дека тие катастрофи постојат од секогаш, не бидејќи некој втор пат ќе се врати...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали можете да ги замислите Христос и апостолите како продаваат лопати за "изградба на храм"?
Не ми се верува дека MIKI1 ги брани бизнисмениве. Имам неколку православни пријателчиња и сите тие ја осудија оваа срамна постапка на МПЦ. Не ми се верува до каде може да отиде догмата. Утре поповите да излезат и петарди да шиткаат на плоштад, MIKI1 повторно ќе ги брани велејќи: „Ама тоа не се обични петарди, знаеш ли како пукаат? Тие се за изградба на храм?“ :D
Хах, за изградба на храм, кога ќе си го видам тилот. МПЦ не подлежи ни под фискализација, а со тоа ни под финансова инспекција. Никој нема контрола над нивните пари и како ги вртат. Она што може од надворешна перспектива да се види се само разните џипови, хотели, златните големи крстови на нивните вратови и сл.

Но, како што рекле старите, додека има овци, ќе има и волна. А за жал на балканов овци ќе има уште доолго време заради огромното суеверие, празноверие и библиско непознавање на нашиов народ. Колку и да плукаат и да се смеат над ваквите постапки на МПЦ, утре уште рано наутро ќе се појават пред нивните шалтери за да купат свеќа, света водичка, некое иконче, бројаница или некоја друга амајлија, за да изнајмат поп да им пее на слава, крштевка, венчавка или погреб. Господи помилуј!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Работата е едноставна: тие лопати не се лопати за наменети за копање, туку обично се позлатени или посребрени, што значи, тоа се симболични лопати а не обичен градинарски алат, со чие купување, нивниот купувач станува донатор при градењето или одржувањето на одреден храм, а не просто наддавање за купување обична лопата за копање по двор. Ист е случајот и со наддавањето за купување крст или било кој друг предмет, со чие купување се станува донатор на веќе наведеното.
Miki, доста бе, срамота е. Сериозно...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Lugje jas ne znam za vas ostanatite, no jas vekje seriozno go sfakjam predupreduvanjeto na Devina.

Samo ne znam shto da pravam, za da se iskupam

DEVINAAAAA HEEEELP MEEEEEE!!! PLEASEEEEEEEEEEEEEEEEEEE! I LOVE YOU!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom