Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.543
А од кај знаеш како ќе игра Гвардиола? Си го видел како функционира во Италија или некоја друга земја? Не. Епа да не коментираме безвезе кога не сме го виделе. И за Мурињо имаше милијарда скептици дека нема да успее во Интер, ова она па видовме што напраи. Ја не коментирам додека не видам. А тоа што пиша погоре за играчите, у право си тотално, на Интер му требаат играчи и тоа под итно!
Се согласувам, ај да не коментираме без везе.

Не сме го виделе во Италија и не сме го виделе надвор од Барселона. Значи не знаеме дали воопшто е способен за поинаков фудбал од оној што го игра со истите играчи и истата тактика. Зошто тогаш фрлање големи пари на тренер кој не покажал ништо освен една ебена шема која се повторува додека да ти се одмили фудбалот? А која дефинитивно не може да ја игра во Милано.

Не знам кој бил скептик за Мурињо ама на форумов бевме прилично возбудени за неговото доаѓање. Мурињо е тренер кој се докажа во Порто и во Челзи, тренер кој знае да победува со инфериорен состав, да менува тактики по потреба и да извади 103,2% од играчите. Тој го покажа тоа пред да дојде во Интер и за него вложувањето беше оправдано.

Затоа, да не збориме напразно. И да престанеме со експерименти.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
А бе Спасов. Англичаните на Капело не знаеле кај им е топката против Шпанците на Гвардиола и Мурињо кои не се ни на клупата на Шпанија. Разбираш сега зошто Гвардиола нема мака?

А јас ти гарантирам дека и јас и Деко ако ни ги донесе Морати играчите кои ги сакаме, ќе имаме каков-таков успех.

Играчи ни требаат. Доста ми е од приказни.
Јас кога го пишував ова, будала ме праевте....
 
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
.............Viviano..............
Jonatan......Juan....Vertonghen....Zaneti..
.......Mota...Cambiaso...Obi..........
................Hazard.........................
.............Pazzini.....Tavez..........
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.791
Поени од реакции
115.755
Се согласувам, ај да не коментираме без везе.

Не сме го виделе во Италија и не сме го виделе надвор од Барселона. Значи не знаеме дали воопшто е способен за поинаков фудбал од оној што го игра со истите играчи и истата тактика. Зошто тогаш фрлање големи пари на тренер кој не покажал ништо освен една ебена шема која се повторува додека да ти се одмили фудбалот? А која дефинитивно не може да ја игра во Милано.

Не знам кој бил скептик за Мурињо ама на форумов бевме прилично возбудени за неговото доаѓање. Мурињо е тренер кој се докажа во Порто и во Челзи, тренер кој знае да победува со инфериорен состав, да менува тактики по потреба и да извади 103,2% од играчите. Тој го покажа тоа пред да дојде во Интер и за него вложувањето беше оправдано.

Затоа, да не збориме напразно. И да престанеме со експерименти.
Епа мене баш тоа ме занима ако дојде он во Интер. До сега се една иста шема, Меси, Чави, Иниеста и све истото, сакам да го видам во друг клуб, а веќе ако бира нов предизвик Италија и те како му е предизвик, една од најтешките земји за да се навикне некој на таквиот фудбал. Не верувам дека е будала па да го игра истиот формат во Интер, он е паметен и се кладам дека ќе се прилагодува на Италија, а и нема премногу тешко да му биде зашто има играно тука како играч, така да нема некоја непознаница да му биде. И кога сме кај трошењето пари за тренер, боље да го гледам Гвардиола отколку Раниери, едниов е победник, другиов знаеме што е. Истото важи и за Гасперини и за Михајлович и за остала багра од тренери што се поврзува со Интер.
 
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
хохохох најдобрата вест ПСЖ го сака милито во нивните редови и тоа најбрзо што може :icon_lol:
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.667
Поени од реакции
7.310
Гвардиола и јас би сакал да ни биде тренер,само ме фаќа страв дали ќе знае да постави добра одбрана.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.188
Поени од реакции
46.402
Играчи ни требале ...
Демек ако му ги донесат истите на Раниери, титула он ќе земе, јеа, рајт, ќе си освои глатко второ место а ние '' среќни задоволни '', играчи земале. :pos:

На времето феноменот го имаа уз еден Баџо и Рекоба, со к*р у уста остануваа, не па сеа, со лузеров на клупа.

Кога ќе дојде тренер од калибарот на Гвардиола и Мурињо ќе правиме муабет за титули, а не кога ќе се донесат играчи.

И за Пеп, дај ве молам со тие муабети, не сме го виделе надвор од Барселона, па у Барселона знаете колку тренери продефилираа пред Пеп да дојде ? Сте го виделе нивниот успех таму ? Пеп во Барса маме еба и тоа пазете, по продажбата на Роналдињо а потоа и на Ето. Он од еден Педро направи репрезентативец на Шпанија, исто и од Бускетс, Пике, 7 oд 11те играчи за Шпанија кои настапија во финалето протв Холандија беа играчи на Барса.

Ене имавме прилика и лани да го видиме против Мурињо, во шише го стави, Мурињо никогаш во животот не делувал толку инфериорно ко лани.

Баталете што не се покажал надвор од Барса, он е класа од тренер, 2 титули во ЛШ, се на се 12 трофеи со Барса, што е доволен показател дека е вистински шампион, а токму тоа и му треба на Интер на клупата. Ене Аргентина видете каков играчки кадар поседува, уз Меси, Агуеро, Игуаин, играчи имаат, и тоа кој од кој се, ама тренер ...

Е сега дали он, или некој трет таков, сеедно, до тогаш и Меси ако сакаат нека го донесат, со тренери ко дебелиот, Лео, Гасперини и овој ќе гледаат у нечиј грб.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.791
Поени од реакции
115.755
Па баш тоа сакам да го кажам, нам ни треба тренер кој е шампион, кој знае што е титула. Е сега Син не можеш да кажеш дека не ни требаат играчи, кога сите знаеме дека и те како ни се потребни 2-3 нови играчи. Али ако дојде Пеп, верувам дека Морати ќе му даде слобода каква што му даваше и на Мурињо.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Па баш тоа сакам да го кажам, нам ни треба тренер кој е шампион, кој знае што е титула. Е сега Син не можеш да кажеш дека не ни требаат играчи, кога сите знаеме дека и те како ни се потребни 2-3 нови играчи. Али ако дојде Пеп, верувам дека Морати ќе му даде слобода каква што му даваше и на Мурињо.
Колку и да му даде слобода Морати, јас ти гарантирам дека Интер пак ќе ги нема тие резултати што ги имаше со Мурињо. Мурињо е далеку пред Гвардиола, кој освен во Барса никаде друго се нема докажано.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.543
Играчи ни требале ...
Демек ако му ги донесат истите на Раниери, титула он ќе земе, јеа, рајт, ќе си освои глатко второ место а ние '' среќни задоволни '', играчи земале. :pos:

На времето феноменот го имаа уз еден Баџо и Рекоба, со к*р у уста остануваа, не па сеа, со лузеров на клупа.

Кога ќе дојде тренер од калибарот на Гвардиола и Мурињо ќе правиме муабет за титули, а не кога ќе се донесат играчи.

И за Пеп, дај ве молам со тие муабети, не сме го виделе надвор од Барселона, па у Барселона знаете колку тренери продефилираа пред Пеп да дојде ? Сте го виделе нивниот успех таму ? Пеп во Барса маме еба и тоа пазете, по продажбата на Роналдињо а потоа и на Ето. Он од еден Педро направи репрезентативец на Шпанија, исто и од Бускетс, Пике, 7 oд 11те играчи за Шпанија кои настапија во финалето протв Холандија беа играчи на Барса.

Ене имавме прилика и лани да го видиме против Мурињо, во шише го стави, Мурињо никогаш во животот не делувал толку инфериорно ко лани.

Баталете што не се покажал надвор од Барса, он е класа од тренер, 2 титули во ЛШ, се на се 12 трофеи со Барса, што е доволен показател дека е вистински шампион, а токму тоа и му треба на Интер на клупата. Ене Аргентина видете каков играчки кадар поседува, уз Меси, Агуеро, Игуаин, играчи имаат, и тоа кој од кој се, ама тренер ...

Е сега дали он, или некој трет таков, сеедно, до тогаш и Меси ако сакаат нека го донесат, со тренери ко дебелиот, Лео, Гасперини и овој ќе гледаат у нечиј грб.
Криво испадна тоа, јасно е дека ни треба и тренер, затоа ги спомнав Капело и Анчелоти.

За Пеп си стојам на ставот и сметам дека и тој влегува во групата експерименти само што ќе биде убедливо најскапиот експеримент од сите.

Со овие играчи сега ни конзилиум од тренери не ни помага. Ако сакаме повторно да се бориме за се, ни треба лев бек, тројца мидфилдери од калибар на Хамшик и двајца напаѓачи од калибар на Ето и Балотели. И сите да бидат во добри години и во топ форма. После тоа доаѓа тренерот.

Заебете тоа 2-3 играчи ни се потребни. Многу ни се потребни.

Кога сме кај напаѓачи, шо викате за оној Думбиа од ЦСКА? По начинот на кој игра типот е најблиску до Ето што сум видел...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.791
Поени од реакции
115.755
Колку и да му даде слобода Морати, јас ти гарантирам дека Интер пак ќе ги нема тие резултати што ги имаше со Мурињо. Мурињо е далеку пред Гвардиола, кој освен во Барса никаде друго се нема докажано.
Да ама нема да биде како Раниери сигурно. И за мене Мур е боље тренер од Пеп, ама Пеп спаѓа во класата на најдобри тренери на светот. Тука се Мур, Ферги, Пеп и уште еден двајца максимум, сите други се многу нивоа подоле.
--- надополнето: Nov 14, 2011 3:51 PM ---
Иосоно, за Думбиа пишав јас кога игравме против Лил првата утакмица мислам, дека типот е ѕвер и дека се откорна од давање голови во Русија. Мислам дека најдобар стрелец беше во Русија оваа сезона, во ЛШ има веќе 4 гола ако не се лажам, во Јанг Бојс имаше на 102 натпревари 100 гола(вака од прилика беше бројката мислам, ме мрзи да гуглам сеа).
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.543
24 години има, го гледав неколку пати во ЛШ и го гледав со Анжи растураше. Кој ќе го земе ќе види многу аир: www.seydoudoumbia.com
 

Kajgana Shop

На врв Bottom