Фан Клуб: Англија

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Дефанзивно имаат огромен напредок со Скот Паркер кој ја држи средината и Фил Џонс кој денес го неутрализираше колку што можеше Бускетс. Добра тактика на Капело што играше со овие двајца затоа што ја најде слабата точка која и е и на Барселона - да игра со појачан среден ред. Победа си е победа, нема што.
Зависи од која страна глеаш :D Ja на пример видов дека додека играа Чави и Иниеста топка не чепнаа Англичаниве, али и не направија некоја посериозна шанса Шпанците. Да сакаше да победи немаше клучните играчи да ги вади во 50та минута. Али пријателска е и не треба да се сфаќа сериозно, мада реално само Германија и Холандија можат да парираат на Шпанија.

А Џонс у формација со 3 во средина измислен е за у Манчестер, посебно против екипи со посилна средина. :D
 
M

Mario Gómez

Гостин
Изгледав 60-тина минути и толку лесно се воочуваше дека Англија игра многу на сила, многу вештачки, настрана што се неуиграни. Шпанија беше многу подобра. Англија има силна одбрана, тоа е воглавно поради цврстиот фудбал што се игра во премиер, конечно има добар голман, иако тоа незначи нема да потпадне под притисокот во Полска. Главна јачина во нападот е Руни, и многу се оштетени со тие престроги три натпревари. Е сега најважното, средината е просек, неможат асално да сврзат акција. Последните првенства ја видовме играта на играчи како Лампард, Милнер и Бери... немој некој да ми кажува дека ќе изиграат нешто посебно. Има некои млади играчи, форсирани, не докажани, но сепак квалитетни. Тоа не гарантира никаков успех, и јас не гледам нешто многу подобрено кај Англија за да навивачите се надеваат на нешто посебно.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Боби, со Шпанија играа, со светскиот првак. Да не сакаш да се надигруваат? Капело употреби италијанска тактика да им ја умртви играта, нешто што и Мурињо го направи со Интер и со Реал во купот и му успеа. Не гледаш подобрување зашто последен пат кога ги гледаше беше на светското.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ја колку што знам толку кажав, не сум многу запознат со моменталниот ростер на репрезентацијата, посебно на средината за да се убедувам со вас. Но лесно е воочливо дека се игра на сила.

Мене ми е мило што победи Англија, јас навивам за нив. Нека победат и сите натпревари до европското, после смешните англиски медиуми ќе ги кренат до небо, како демек ова е вистинкиот англиски тим кој го чекавме досега, они ќе ги потепаат сите. И коа ќе се пос**ат ќе си читам гуардиан, телеграф и дсан и ќе се газам од смеење. Ко лани летото, да не барам линкови.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.611
Нека победат и сите натпревари до европското, после смешните англиски медиуми ќе ги кренат до небо, како демек ова е вистинкиот англиски тим кој го чекавме досега, они ќе ги потепаат сите. И коа ќе се пос**ат ќе си читам гуардиан, телеграф и дсан и ќе се газам од смеење. Ко лани летото, да не барам линкови.
:icon_lol:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Никаде не реков јас ништо за медиумите, се согласувам со вас. Но дека оваа репрезентација е истата што ја гледавте на светското, не е. На никој сега не му е загарантиран првотимскиот статус. За ЕП живи биле па видели, ако добро памтам ти Боби кога изгуби Германија од Шпанија рече со ваков менталитет никад ништо нема да освојат. Да не испадне пак таквиот менталитет да им се поврати на ЕП. Се бива, така и со овие „беливе“.
 
Не памтам што сум рекол, но генерално јас сум разочаран од репрезентацијата од 2002 па навака, секогаш го губат последниот чекор, и така секогаш влагам без очекувања на првенство, како што и пошироката германска јавност кои често ги критикуваат пред светско. Играчите се сталожени и не се под влијание на медиумите. Од 1966 навака англија секогаш имала солидни состави, играчи кои играат во јаки екипи но имаат само едно полуфинале, додека Германија само почетокот во неколку периоди имала солиден состав но имаат многу титули, уште појше финалиња и трети места. Во неколку наврати Англија од кога памтам Англија имаше многу подобар состав и од Шпанија и од Германија и пак ништо не направија, едноставно играчите не се за големи натпревари и толку. А сега 2011 години Англија има кадекаде послаб среден ред и од Шпанија и од Германија и вие викате дека нешто се променило, што се променило? Пак играат Лампард, Милнер, Бери, Ешли Кол и остали, играчи кои катастрофално играле на првенства. И Харт не сме го гледале на првенства, и он може да се усере како низа голмани. Ја победиле Шпанија у пријателски натпревар. И Аргентина лани у март ја тепа Германија сред Минхен и после знајме шо се деси. Едноставно тоа е пријателски натпревар и додека Англија нема да почне да игра во Полска нема да знаете дали напреднала, а јас сум сигурен дека се истите.
 
Лампард на клупа ги преседи минатите два дуела на Англија, ете гледаш дека не си гледал и џабе судиш. Милнер играше затоа што Ешли Јанг е повреден а Бери затоа што Џонс изигра само 45 минути. А дека Ешли Кол е слаб, нема врска, секогаш е на ниво и за Челзи и за репрезентацијата. На крајот од краиштата Лејтон Бејнс е негова замена, дури и дискутабилно е кој е во подобра форма од нив двајца. Не можат да бидат истите кога има нови деца кои сакаат да се докажуваат. Гери Кејхил, Џонс, Вилшер, Смолинг, Стариџ, Родвел и останатите што ги наброја Вори се за класа подобри од овие веќе што им помина времето. Но секако дека треба да почекаме за да видиме до 2012, но не се согласувам дека се до толку лоши. Самиот Капело веќе почна да ги седнува на клупа и воопшто да не повикува некои.
 
M

Mario Gómez

Гостин
2 години не сум гледал ништо освен Баерн и Германија а не па Англија да гледам, some football fan am i! :pos::pos: Да ти кажам сум слушнал од тие за Кејхил од Болтон ако памтам добро пошо бевме заинтересирани за него и имам слушнато за англискиот вундеркид Џек Вилшере, другите појма си немам кој се и каде играат. Но веројатно се overhyped како и сите генерации досега и не добиваат многу минутажа у клубовите. Уствари шо се заебавам ја, 40 и нешто години не играле финале па нема ни сеа да играат па и ако тој ешли јанг и стариџ да се као марадона и пеле.

Изгледа хејтерски постот, но тоа не ми беше намерата. :D
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397

Мој човек :D
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
2 години не сум гледал ништо освен Баерн и Германија а не па Англија да гледам, some football fan am i! :pos::pos: Да ти кажам сум слушнал од тие за Кејхил од Болтон ако памтам добро пошо бевме заинтересирани за него и имам слушнато за англискиот вундеркид Џек Вилшере, другите појма си немам кој се и каде играат. Но веројатно се overhyped како и сите генерации досега и не добиваат многу минутажа у клубовите. Уствари шо се заебавам ја, 40 и нешто години не играле финале па нема ни сеа да играат па и ако тој ешли јанг и стариџ да се као марадона и пеле.

Изгледа хејтерски постот, но тоа не ми беше намерата. :D
Боби, стартери се за клубовите сите овие. Значи чим Баерн се интересирал за Кејхил не е over hyped, гледаш :D
 
M

Mario Gómez

Гостин
Боби, стартери се за клубовите сите овие. Значи чим Баерн се интересирал за Кејхил не е over hyped, гледаш :D
Финтата е што они не освоиле некое младинско првенство, барем така ќе знам за нив. Пошо јас Германија ја пратам и у младински категории каде партаал праат децата, Крос веќе има освоенo младинско светско U-17 каде бил најдобар стрелец и МВП(Памтам лани седам со едни македонски младинци у кладилница гледам Баерн, и едниот викат ејј памтиш кога игравме со Германија Тони Крос 5 гола коа ни даде:pos:)

. Англија партаал ја праат и у U10 и U5 да играат ќе ја победат. :D Гледаш секаде се збори како Озил е најбољи асистент и плејмејкер, Гетце најбољи тинејџер, Милер најдобар млад играч, Нојер топ голман. :D

А додека англичаниве младинци од млади си набиваат комплекси, уште од млади на голманите на важни утакмици им бега топката и после неможеме да тепаме, германците победуваат секогаш. :(

Они можи си се океј деца, и знаат да играат фудбал... ама коа ќе дојде да играат у Полска...тогаш до израз дојдува нивното overhyping.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Aнглија - репрезентација на ептен преценети и преплатени играчи.

Освен Руни кој е world class, другите се претерано преплатени и медиумски направени ѕвезди. Гледав едно интервју пред утакмицата Германија - Англија на светското , Филип Лам мислам беше изјави дека Англија се ептен преценети од медиумите, веднаш потоа го нападнаа и фрчеа заебани коментари.
А и Паркер моментално е најдобриот англиски играч во средина на теренот.

Милнер, Адам Џонсон, неможат да изборат место во Сити.
Лескот 25 милиони, Mилнер и повеќе го платија :vozbud: . Фил Јагелка ? ? ?. Даунинг не знае еден асален центаршут да направи за Ливерпул. Герет Бери се губи во простор и време во среден ред кога игра против екипи од типот на Шпанија, Германија, Холандија. Велбек,Walker, Rodwell, МекЕкран ќе останат вечити таленти.
Смајлинг што ќе го биде од тие младите и овој Џонс.

Ова сега е само пријателска .
Пак ќе ги дигнат до ѕвезди играчите кој се overrated.
И потоа ќе го нападнат Руни дека незнае да издрибла вреќа цимент и како тој им е крив за се. Крив е што игра во погрешно време кога се погодија све преценети играчи да играт кој зимаат по 200 000 фунти неделно и глумат ѕвезди, а останатите млади кој сакаат да се докажат и играат ќе седат на клупа.
 
Велбек сезонава има 10 гола за Манчестер а само 3 месеца се поминати. Лани го растури Челзи на Стемфорд Бриџ со Сандерленд. Мек Ехран 17 години има, не знам како ги класираше како вечити таленти. Вечити талент е Шон Рајт Филипс, поисфорсиран играч од него нема. Јагиелка е многу добар дефанзивец и многу клубови беа заинтересирани за него летово но остана верен на Евертон ради благодарност на Мојс.

За Бери и Милнер се согласувам, ни јас не гледам нешто во нив, поготово во вториов.
 
Има 5 гола само. Тоа против екипи како Базел, Норвич,ВБА и ќе се најде еднаш во 10 утакмици да даде на некој од големите екипи гол. Тоа ќе биде од него.
За МекЕхран го мислев дек има 21-22 -.- . Сега видов има 18 :D
Јагиелка многу добар ? ЉоЉ.
Овие играчи да ги споредиш со играчите на нивна возраст што играат за сениорскиот тим на Германија, па и Шпанија која има млади таленти кој неможат да се изборат за место поради јаката конкуренција.
МекЕхран има 18, Готце 18.
Велбек 21, Крос 21 / Алкантра.
Разликата огромна.
И ќе остане така, зашто овие играчи нема никогаш да станат првотимци.
Младите во Англија ретко добиваат шанса. Освен Ферги кога на 5-6 години знае да избави 4-5 млади играчи и да игра. Другите тимови Арсенал / Челзи / Ливерпут/ Сити
доколку не си Меси не очекувај шанса на млади години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom