Второ поглавје

Не толку познати пушки кои се користеле во овој период.
Пушка која прилично често се сретнува а ретко кој ја знае-Гевер(герм. оружје)1888
Оваа пушка е по потекло од германија,се користела и како службена пушка некое време во германската армија и по некои чудни патишта стигнала и кај нас во одредена количина.
Оваа пушка може да ја видите во Прилепскиот музеј(участок)
Турски Маузер 98
Оваа пушка била стандардна во Турската армија,се сретнувала и кај комитите главно како воен плен но по ретко.Изработувана е под концесија во турција иако моделот е германски.Во народното творештво ќе ја сретнете како Мамѕер или мамѕерка.
--- надополнето: Nov 18, 2011 6:35 PM ---
Шефе,нема српски копии на маузер м98,то ест има наречени се м48 бидеќи почнале да се произведуваат во 1948 а тогаш комитите веќе биле партизани

Мосин-нагант е пушка,претпоставувам дека мислиш на револверот Нагант М1895 но тој не бил црногорска копија туку оригинал руски и само како таков се сретнува.Црногорските револвери се Гасерите,всушност тие се Австриски но власта на Црна Гора во 1880ти те години набавила повеќе од 20.000 вакви револвери од Австрија.А никој не бил толку среќен да поседува колт,најблиску до каубојско оружје што успеале да набават комитите биле револверите Смит и Вессон Но.3 (познат под прекарот Руски)