Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ту бе, баталете ме мене, решете ја мистеријата за тоа кој е во право.

Се одјавувам јас :)
Без тебе како ќе ја решиме. Само ти можеш да ни одгонетнеш што си, верник ли си атеист ли си. Вака само те оговараме :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.621
Поени од реакции
59.454
Ту бе, баталете ме мене, решете ја мистеријата за тоа кој е во право.

Се одјавувам јас :)
Сега не знам дали да скандирам Иди Бене кој
продолжи по желба
или да скандирам Бене врати се... Та од кај ќе знаеш кој си што си ако не напуштиш така брзо? Гледаш ние се мачиме да те дефинираме, место фала да ни кажеш...

Незахвалност.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Абе господ гледа се !!! Затоа попот си купи џип со затемнати стакла ...
--- надополнето: Nov 11, 2011 7:50 PM ---

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Се разбира дека сум верник. :)
Само не комплетен.

1. Целта беше да одговорам во една друга тема дека науката сеуште не е до тој степен развиена да не остави простор за верување дека има нешто друго непознато кое е во основата на се што постои. И дека тоа придонесува сеуште некои луѓе да веруваат во религиозните книги.
2. Не можам да ја прифатам науката како противник на религијата. Најмалку затоа што во религиозните книги се содржат покрај "прикаски" и многу вистини - резултат на илјадагодишни искуства на луѓето.
1. Науката остава простор за истражување на се' што може да се објективизира и рационализира. Све што може разумно да се опише. Тоа „нешто друго“ за кое збориш можеби и постои (баш би било добро - Карлин има шега за тоа), но тоа не ја прави ниту една религија вистинита. Религиите го узурпираат тоа „изворно“ чувство кај човекот и врз него плетат приказни со лажни ветувања, а неретко и страшни закани за вечна агонија - посебно за монотеистичкиве 3. Е, тоа е педерски. За институциите, па да не збориме - верувам ќе се сложиш.

2. Сосем се сложувам дека сите свети и полу-свети религиски текстови се филтрати, сублимати и штотинесве на сето знаење, култура, обичаи, морал, а неретко и закон на народот кој ја практикувал таа религија кога оваа била современа. Секако дека од било која света книга можеш да ископаш прекрасни бисери на мудроста, но неретко уште во следните стихови ќе налеташ на некој еднорог, левитација или occasional re-spawn.

Религиите се системи на верување. Кога системот на верување нема да се прилагоди на фактичкото верување на конгрегацијата која верува, тој систем ќе се распадне. Во вакво едно информирано време какво што е денес, науката, ќе морам да не се сложам со тебе, и тоа како е противник на религијата. Не намерен, поради тоа што науката нема (не)пријатели од своја страна, пошто, нели, не постои страна.

Големите интерконтинентални религии се нешто што во антрополошка смисла веќе заминува во историјата со надоаѓачка брзина. Се почесто се регистрираат се повеќе независни религии, мали секти кои ќе си бркаат работа на локално ниво, со свои луѓе кои си фураат иста спиритуална фурка, понивно - ко што им е ќејф, без многу чалам. И тоа ќе биде ОК. Ова со педофиливе и лопати што лицитираат, од порно ентертејмнт што кешираат се срамота.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Мислам дека не си ја разбираш баш својата религија. Според христијанството децата не се невини. Децата се раѓаат грешни.

Господине ДБацк
децата ги носат гревовите од родителите во таа смисла се мисли грешни а тие се толку наивни и невини суштества ,значи ние придонесуваме за нивните гревови..а дете гледано од пихолошки аспект до 5 годишна возраст за што зборувавме предходно тие не разликуваат добро и зло, и затоа викам невини во тој поглед...и ќе ве замолам внимавајте на вашето изразување.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Абе господ гледа се !!! Затоа попот си купи џип со затемнати стакла ...
--- надополнето: Nov 11, 2011 7:50 PM ---
Абе господ гледа се !!! Затоа попот си купи џип со затемнати стакла ...
Што сте запнале за попот ,тој ако е свештеник што треба да не диши...не осудувајте нико му!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
децата ги носат гревовите од родителите во таа смисла се мисли грешни а тие се толку наивни и невини суштества ,значи ние придонесуваме за нивните гревови..а дете гледано од пихолошки аспект до 5 годишна возраст за што зборувавме предходно тие не разликуваат добро и зло, и затоа викам невини во тој поглед...и ќе ве замолам внимавајте на вашето изразување.
Како можам јас да носам туѓ грев? Како можам да сум јас виновен за нешто што го направила прабаба ми? Ова е неразумно, нели?

Јас не придонесувам за гревовите на ќерка ми. Како ти придонесуваш за гревовите на своите деца?!? Се чини дека ти е тоа природно, по изразот, барем.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.621
Поени од реакции
59.454
Што сте запнале за попот ,тој ако е свештеник што треба да не диши...не осудувајте нико му!
До сега ми се чинеше дека имаме интелегентен соговорник и дека ќе излезат добри дискусии. Сега сум во дилема, те молам помогни ми: дали сериозно не гледаш проблем со попот и аудито од 100 000 евра?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
децата ги носат гревовите од родителите во таа смисла се мисли грешни а тие се толку наивни и невини суштества ,значи ние придонесуваме за нивните гревови..а дете гледано од пихолошки аспект до 5 годишна возраст за што зборувавме предходно тие не разликуваат добро и зло, и затоа викам невини во тој поглед...и ќе ве замолам внимавајте на вашето изразување.
Јас не разбирам како детето го носи гревот на својот родител. Тоа е приказна за ИДИОТИ...

АЛО !!!
 
Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
децата ги носат гревовите од родителите во таа смисла се мисли грешни а тие се толку наивни и невини суштества ,значи ние придонесуваме за нивните гревови..а дете гледано од пихолошки аспект до 5 годишна возраст за што зборувавме предходно тие не разликуваат добро и зло, и затоа викам невини во тој поглед...и ќе ве замолам внимавајте на вашето изразување.
dali se misli na karma? mene taka mi lici, samo shto poinaku e prikazano
i da e karma vo prashanje, bog ne upravuva so nea, tuku svesta...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
1. Науката остава простор за истражување на се' што може да се објективизира и рационализира. Све што може разумно да се опише. Тоа „нешто друго“ за кое збориш можеби и постои (баш би било добро - Карлин има шега за тоа), но тоа не ја прави ниту една религија вистинита. Религиите го узурпираат тоа „изворно“ чувство кај човекот и врз него плетат приказни со лажни ветувања, а неретко и страшни закани за вечна агонија - посебно за монотеистичкиве 3. Е, тоа е педерски. За институциите, па да не збориме - верувам ќе се сложиш.

2. Сосем се сложувам дека сите свети и полу-свети религиски текстови се филтрати, сублимати и штотинесве на сето знаење, култура, обичаи, морал, а неретко и закон на народот кој ја практикувал таа религија кога оваа била современа. Секако дека од било која света книга можеш да ископаш прекрасни бисери на мудроста, но неретко уште во следните стихови ќе налеташ на некој еднорог, левитација или occasional re-spawn.

Религиите се системи на верување. Кога системот на верување нема да се прилагоди на фактичкото верување на конгрегацијата која верува, тој систем ќе се распадне. Во вакво едно информирано време какво што е денес, науката, ќе морам да не се сложам со тебе, и тоа како е противник на религијата. Не намерен, поради тоа што науката нема (не)пријатели од своја страна, пошто, нели, не постои страна.

Големите интерконтинентални религии се нешто што во антрополошка смисла веќе заминува во историјата со надоаѓачка брзина. Се почесто се регистрираат се повеќе независни религии, мали секти кои ќе си бркаат работа на локално ниво, со свои луѓе кои си фураат иста спиритуална фурка, понивно - ко што им е ќејф, без многу чалам. И тоа ќе биде ОК. Ова со педофиливе и лопати што лицитираат, од порно ентертејмнт што кешираат се срамота.
Постов не е директно насочен кон тебе -- ти се обраќам тебе бидејќи те преферирам како еден од партнерите за разговор. Прво, се согласувам со голем дел од изложеното. Институционализираните религии имаат огромни проблеми со кредибилитетот поради најразличните злоупотреби. Ова е јасно како ден. Исто така, религијата го има речиси изгубено сиот кредибилитет по однос на објаснувањето и интерпретацијата на она што не опкружува. Науката почива на назависно проверливи вистини а религијата е (најчесто) догматски систем на верување.

Сепак, за информираните теисти религијата денес не е извор на научни информации. Од друга страна, науката не е комплетен супститут на религијата како што тврдат многу атеисти -- науката не ги задоволува спиритуелните потреби на теистите. Спиритуелната, езотеричка пракса е доменот на религијата. Да се негира или исмева нечие право, потреба од ваква пракса или учество во неа, е нефер.

Ти и јас се разидуваме во односот кон религијата и толкувањето на нејзината улога во информираниот современ свет. Во твоите постови (и постовите на најголемиот дел атеисти) изостанува еден битен елемент -- директен опит во религиската пракса. Твојата (и на неколкумина други атеисти) информираност за содржината на Библијата, Кур`анот итн. е секако за почит, но не е доволна. Во секоја религија постојат езотерични искуства кои се стекнуваат со трпеливо практицирање. Верувам дека ќе се сложиш дека е невозможно ваквите искуства да се објаснат или „вкусат“ само со читање и контемплација „однадвор“. Веднаш да разјаснам дека со ова не се ставам себеси или теистите над никого -- едноставно го регистрирам фактот дека една работа е да се теоретизира за некоја пракса однадвор, а друго е да се практицира тоа во една заедница (community of practice).

Оттаму, невалидни се некои симплистички интерпретации на искуства како покајание или молитва. На пример, атеистите го поставуваат изборот меѓу медицинска интервенција и молитва како взаемно исклучив. Ова е погрешно поставен избор -- за теистите медицинските третмани и молитвата се комплементарни. Денес може да се биде циничен кон речиси се` и да се пародира било што. Сепак, тоа не значи дека оној кој ги исмева овие искуства ги познава или ги надминал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom