Авто новости

За да се оствари зацртаниот план до 2018 година да се продаваат околу 1,5 милиони возила годишно, Skoda мора да го зголеми капацитетот, но истовремено да понуди нови модели на пазарот.

За тоа подолго време се заборува со најава, какви се модели треба или би можеле да се појават во салоните како дел од стратегијата на компанијата да има поголем избор.

Првиот во низата новитети што ќе ја зголеми конкуренцијата, а истовремено збогати понудата беше малиот градски автомобил Citigo кој засега ќе биде само во верзија со три врати, а ќе се понуди подоцна и во верзија со пет врати. Тоа беше промовирано на саемот во Франкфурт. Минатиот месец во индиската фабрика Чакан, официјално почна производството на новиот Rapid, што всушност е VW Polo седан со знакот на Skoda.

skoda-polu-pikap-01.jpg


Како ќе изгледа новиот дизајнерски правец на идните возила на Skoda, го најави студијата Mission L на последниот саем во Франкфурт, а во меѓувреме се појавија и информации за два нови МПВ возила и два СУВ модели.

Засега нема никакви официјални информации, но ако шпекулациите се точни, а најчесто во голема мера таквите инсајдерски податоци се покажуваат како точни, тогаш купувачите наместо сегашниот модел Roomster че може да избираат меѓу дава нови МПВ возила. Првото ќе се појави во 2014 година, и тоа според големина и облик сличен на VW Touran, додека поголемиот МПВ ќе биде сличен на VW Sharan и стигнува во 2016 година.

skoda-polu-pikap-02.jpg


Новиот СУВ (Yetti II) на пазарот се очекува во 2015 година, а поголемиот СУВ со седум седишта една година подоцна.
 
Мене да ви кажам дека и не ми се допаѓаат на изглед. Но дали знаете дека имаат подобра амортизација од Фолксваген?
-На амортизација се доста добри.
 
Kако и скоро секое SUV и секое МPV се грди.Тоа се фамилијарни коли.Но октавиата и супербот се далку од грди.Шкодите и сеатите се Фолксваген по нормална цена.
 
Па не се баш добри али секогаш надокнадувале со ефтина цена така да :)
 
Првото Yeti e далеку погрдо од ова горе,доколку биде Yeti II (а изгледа по маската) А за МВП-то Шаранот ми е погрд од ова новово на Шкода...ипак мислам дека е доста добар квалитет за таа цена што ја нудат ги гледам Октавиите на Наше Такси последната што се возев имаше 250.000 поминато и викаат немале некои проблеми со нив...
Volkswagen-Sharan_2011_800x600_wallpaper_01.jpg
 
Јас мислам дека се подобри од VW, подобра суспензија, поевтини делови, подобар менувач и секако, подобри цени :)
Истиот е.
--- надополнето: Nov 4, 2011 2:20 AM ---
Па не се баш добри али секогаш надокнадувале со ефтина цена така да :)
Првото не е точно, а второто беше точно до скоро... Бааги ги покачија цените во однос на порано. Да видиме како ќе им оди продажбата кога ќе ги притиснат Корејците (новата Хјундаи Елантра vs Октавија).

Бај д веј, Јетито баш има океј изглед; овие новите премногу личат на моделите Киа. Супербот е грд (заради нескладниот заден дел пред се, затоа сега го редизајнираат - колку ќе поправат ќе видиме), а и на Октавијата со редизајнот на предницата и го влошија изгледот, пред то беше добра. Сега е... и така и така.
 
овие новите премногу личат на моделите Киа. Супербот е грд (заради нескладниот заден дел пред се, затоа сега го редизајнираат - колку ќе поправат ќе видиме), а и на Октавијата со редизајнот на предницата и го влошија изгледот, пред то беше добра. Сега е... и така и така.
Се слагам 100%.
Сликата на џипот погоре, ко да ја зел некој Киа Спортејџ и да му турил лого на шкода. Башка глупо изгледа со оркуглите фарови во браникот. То демек нешто ко имиџ е? Сеедно, грдо е... Она шо треба да личи на моноволуменец (копија на Шаран), и не е така лошо. Сигурно ќе добие уште едно “пеглање“ па ќе ја пронајде таргет групата.

Сума сумарум:
1. Невервам дека ќе видиме теренец со таков изглед (како онај на сликата погоре).
2. Се надевам дека Суперб ќе излези со понормален изглед, сличен на Пасат.
3. дури не го видам моноволуменот (ваљда Roomster ознака ќе носи???) не коментирам :)
 
2012-Volkswagen-Golf-7.jpg


Golf-7.jpg


Новиот Голф 7 кој што ќе пристигне наредната година најверојатно ќе изгледа вака.

Најголемите промени ке бидат ова...ц ц ц.... видетот антената е за 2,3мм пониска од претходникот, што донесува една различна позитивна слика на "најновиот" модел на Голф...абе каде.....ќе го претркаат и легендарниот голф конкурентите...Видете што е Астрата, , 308ката, Фокусот...Голф е назад со овие....
 
Најголемите промени ке бидат ова...ц ц ц.... видетот антената е за 2,3мм пониска од претходникот, што донесува една различна позитивна слика на "најновиот" модел на Голф...абе каде.....ќе го претркаат и легендарниот голф конкурентите...Видете што е Астрата, , 308ката, Фокусот...Голф е назад со овие....
Сеј сеа... не знајте вие. Логото напред ќе го зголемат на 6-ката и ќе речат ете ви 7-ка. Дајте по 20.000 евра за тој шо сака да вози гољф.
 
Skoda о Братислава го прослави почетокот на сериското производство на својот нов мал автомобил "Citigo".

Со седмиот модел од гамата, чешкиот производител го проширува своето портфолио во сегментот на мали автомобили. Новиот Citigo ќе биде воведен на чешкиот пазарот кон крајот на оваа година. Во другите европски земји моделот ќе биде претставен на почетокот на летото 2012 година. При лансирање на пазарот, Citigo најнапред ќе биде достапен во извадба со три врати. Верзијата со пет врати ќе биде понудена на почетокот од 2012 година.

skoda-malo-kolice-01.jpg


Клучни целни групи се младите возачи, семејствата со мали деца кои бараат втор или трет автомобил, а исто така за клиенти кои се прилично чувствителни на цена, имаат рационален пристап кон автомобилите од една страна, но и високи барања за квалитет, дизајн и безбедност. Citigo е совршен микс на сите овие својства. Во зависност од барањата на пазарот, ќе бидат достапни три опции на опременост: Active, Ambition и Elegance.

skoda-malo-kolice-02.jpg


Citigo нуди максимална кабина со минимални димензии, седишта за четири патници за удобно да патување. Со должина од 3,56 метри, ширина од 1,65 метри и висина од 1,48 метри, Citigo е компактен автомобили во сегмент A00.

Безбедноста е прашање од големо значење. За прв пат главата и градниот кош се заштитени со воздушни перничиња кај возачот и совозачот. Заедно со другите карактеристики, моделот е пример за пасивна безбедност во оваа класа на возила. Активната безбедност е значително подобрена со системот за асистенција при сопирање "City Safe Drive”.

skoda-malo-kolice-03.jpg



При лансирањето на пазарот, нови три - цилиндрични бензински мотори ќе бидат достапни: и двата мотори имаат зафатнина од 1.0 литри со 44 kW/60 КС односно 55 kW/75 КС.

Најавени цени за Citigo во Чешка
1.0i 12v 60 KS Active 7.203 €
1.0i 12v 60 KS Ambition 7.804 €
1.0i 12v 60 KS Elegance 8.404 €
1.0i 12v 75 KS Active 7.603 €
1.0i 12v 75 KS Ambition 8.204 €
1.0i 12v 75 KS Elegance 8.604 €.

za vo grad taman e :) (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom