Авто новости

Мида Гранд Моторс

Форд Доктор
Член од
27 јануари 2011
Мислења
59
Поени од реакции
24
Ford представи нов концепт по кој ќе се води дизајнот на идните (Ford) возила

Поминаа пет години одкако Ford го представи нивниот "Kinetic Design" кој е присутен во моменталната гама на возила. Со новиот Ford Evos концепт се воведува нова насока во дизајнот на Ford со која идеата за глобален производ ќе продолжи да се гради. Овој драматичен “Fastback” концепт сигнализира значајна трансформација на Ford брендот. Додатни информации, слики и прес изјави можете да најдете тука...









 
L

Lu

Гостин




Новиот Голф 7 кој што ќе пристигне наредната година најверојатно ќе изгледа вака.
 
L

Lu

Гостин
Ако стварно Голф 7 изгледа така како на сликите тогаш дефинитивно ќе биде најружниот голф досега направен (мое лично мислење).
Не дека Голфовите досега биле убави, ама ова 7 е уби боже, погрд неможеле да го направат (n)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Ако стварно Голф 7 изгледа така како на сликите тогаш дефинитивно ќе биде најружниот голф досега направен (мое лично мислење).
Не дека Голфовите досега биле убави, ама ова 7 е уби боже, погрд неможеле да го направат (n)
Тоа е знак дека крајно време е да бараат заменик на голфот
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Мислам дека 5ката беше максимумот што извадија од голф. 6ката е како послабиот и помал брат на 5ката, и мислам дека vw треба да вложат повеќе во дизајнот, тие строги класични линии стануваат досадни и да не се фураат многу на стара слава и бренд, пошто имаат многу јака конкуренција која што во иднина ке им одземе многу купувачи на vw. Искрено мене најмногу ми се свиѓаше голф 4 кога излезе, и мислам дека во своето време голфот 4 беше најпродаван од другите негови постари и понови браќа, не сум сигурен треба да проверам.
Исто така и новиот Пасат не ми се свиѓа, купе верзијата има 100 пати подобар изглед.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Новиот Hyundai i30 во вистинско руво

Hyundai ги објави првите официјални фотографии и дополнителни информации за целосно новата генерација на хит моделот i30, кој ќе дебитира на Салонот во Франкфурт.

Новата генерација на првиот модел на Hyundai, од семејството 'i', ќе биде повторно најактуелен дел од тековната гама автомобили и сигурно ќе ги засили уште повеќе позициите на пазарот. Автомобилот доаѓа со дизајн создаден за европските корисници, а од компанијата подвлекуваат дека очекуваат новата генерација на i30 да привлече млади корисници со активен начин на живот, кои бараат автомобил што ветува не само одлично управување, туку и убава визија.

Авто Плус
Одлично изгледа. Уште ако има атрактивна цена (10500-11000 евра), за релативно богато опремена верзија, ќе биде вистински хит.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Астра, Фокус, Меган, С4... сите ми станаа исти... Сега и Хјундаиво.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
2.004
Астра, Фокус, Меган, С4... сите ми станаа исти... Сега и Хјундаиво.
Точно така, и допрва се повеќе и повеќе ќе личат, глобализација...Затоа ги сакам старите автомобили, уште пред 90-тите :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
пошто на форумов има берза за автомобили, зошто да нема и за камиот пошто и самиот сум голем љубител на Камионите често пратам берза па еве некој од нив 9daaef48eeb544ca982e6330c13ea7f7.jpg
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=ogBRwOsrLuk=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/TLwpf4ejxKnFiFcOmiKhQkw0xdsOz3GUaLiRPFOd3H9Mi/ugdrtaWV92XIUDxjVvOYGgVAX3q79IRgLL3gh0ae
па постирајте некои и Вие ?
--- надополнето: Oct 9, 2011 8:12 PM ---
e255b694a2b64cc5854be8b8c1450ce1.jpg
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=JG4QebhXkQo=&type=&new=&file=uxYFy7VMG7ObgS155d6dig==&q=mBoFQF96u/TLwpf4ejxKnFiFcOmiKhQkw0xdsOz3GUaLiRPFOd3H9Mi/ugdrtaWV92XIUDxjVvOYGgVAX3q79IRgLL3gh0ae
 

Kajgana Shop

На врв Bottom