Џулија, тенденциите на психолозите не се - а ниту на било кој доктор на светов - да се запре, односно спречи мастурбацијата. Одамна е тоа јасно, но само и само религиите (кои не трпат такви промени, односно не се надградуваат) го негираат истото.
Според Христијанството, уште самиот зигот е плод кој добил ,,душа,, односно Светиот Дух ја завршил својата работа. Детето додека е бебе се крстува во црква (најчесто).
Дали не си помислила (заборави на религија во ова прашање) дека децата едноставно се имуни на религии? Пијаже беше, мислам, тој што кажа дека децата се сосема ,,аморални,, до 5 година од нивниот живот, најмногу зошто не ги интересира ,зошто е тоа погрешно, и ги интересира само наградата или казната. Како може креација, во која посредува Светиот Дух, толку невина и наивна, да потклекнува во овие случаеви?
Дали твојот Бог ги искушува и малите деца, а не само возрасните? Малите деца, со многу дејствија до 5 година заработуваат карти за во Адот!
Е сега околу бракот. Не зборувам за насилство, зборувам за монотонија, непоправлива. Значи постои крајно здодевен и дисфункционален (љубовен, сексуален) брак. Што правиме ние ако ја убедиме дека е тоа света заедница? Значи сме се обиделе со сите средства ( не само ние, брачни советници, на пример) и работата едноставно не оди повеќе. Луѓето не се среќни.
Дали да останат во брак кој ги унесреќува и посакуваат некој друг (во христијанството и самата помисла е еднаква на гревот), или пак секој да продолжи по својот пат и да најдат среќа?