Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ок тоа, ама колку што се ажурни во ффм ништо чудно да биде на 3 дена пред полуфиналниот натпревар :icon_lol:
Ако добро ме држи памтењево, секоја година полуфиналната ждребка ја прават во емисиите за време на ЛШ:icon_lol:
Така да за очекување е ждребката да биде некој вторник или среда кога има ЛШ на ТВ :D
 
Платини резервиран за Балканска лига, Вардар без повик!?

Како што дознава ЕКИПА, Европската куќа на фудбалот денеска или најдоцна во понеделник треба да ја извести официјално Бугарската фудбалска федерација односно софискиот прволигаш ЦСКА околу реалната можност за остварување на идејата за формирање на регионално натпреварување кое би стартувало од следната сезона.

Бугарската федерација на барање на ЦСКА, преку својот претседател Борислав Михајлов се јавува како главен носител на овој проект поради што и ги реализира директните контакти со претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Меѓутоа, според најавите сосема е извесно дека одговорот од УЕФА ќе биде негативен, со оглед и на претходните ставови на Платини дека сепак во моментов не се созреани сите услови за балканско фудбалско поврзување, иако ваквата идеја не се отфрла за во иднина.

Претходно, на иницијатива на ЦСКА Софија, Локомотив Пловдив и белградска Црвена Звезда веќе е најавен состанок на балканските клубови за 15 ноември во Софија на кој би се разговарало за формирањето на Балканската лига. Според пишувањата буквално на сите медиуми од регионот во Балканската лига би учествувале клубови од Бугарија, Србија, Турција, Романија и Грција, но не и од Македонија.

Неодамна претседателот на Вардар, Зоран Шишковски информираше дека „црвено-црните“ добиле усна најава и за нивно присуство на состанокот како единствен македонски клуб кој би учествувал во лигата, но сепак досега ФК Вардар нема и официјална писмена покана. А, без официјална покана Вардар секако нема да учествува на состанокот најавен за 15 ноември.

Во секој случај, реален факт е дека организација на Балканска лига во блиска иднина е само тешко остварлива идеја. Без подршка од УЕФА, која најверојатно нема да следи во овој момент, ниту еден од клубовите не сака да се впушти во такво натпреварување. Од друга страна веќе стигнуваат првите откажувања: раководството на белградски Партизан официјално соопшти дека Балканската лига е несериозен проект; турските Галатасарај и Фенербахче информираа дека во овој момент за нив тоа би било преголемо оптоварување кое не може да им донесе некој позитивен ефект; грчкиот Панатинаикос веќе ја информирал ЦСКА Софија дека не доаѓа на состанокот; бугарскиот Левски, пак, не се согласува со најавениот формат барајќи да има 32 екипи учесници кои би се натпреварувале поделени во осум групи по четири екипи како еден вид турнирско натпреварување.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2488

Јас не знам зошто воопшто се трудат да одржат состанок, најубаво е Локо Пловдив и Звезда да одиграат еден пријателски натпревар, и онака само тие се за еден ваков проект.

Се потврди она што го спомнав пред некој ден, најдобрите турски, грчки, руски, па и романски екипи немаат никаков ќар од една ваква лига...
 
не треба да се спрема тој што ке ја отвара новата тема ?? Уште 12 страни останаа
 
не треба да се спрема тој што ке ја отвара новата тема ?? Уште 12 страни останаа
Ако не се лажам има ново правило сега, нема отварање нови теми после 1000 страни туку се продолжува..
 
Се менува зелениот тепих на „Филип Втори"
Вчера почна промената на зелениот тепих и на атлетската патека на арената „Филип Втори“ во Скопје. Поставувањето на новата површина треба да биде завршена до март следната година, а целиот проект ќе чини околу 3,5 милиони евра.
Што значи до крај Март у Ѓорче би се играло, катастрофа ќе не уништи ова!!
 
дај само прославата за титула да не биде таму :D
 
Јас како што гледам нема ниту еден друг фан клуб повеќе страници од нас на форумов?!

Keep it up RBA!
 
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2510
:tapp:
Кои црни стаклени шишиња....
110 столчиња.... :tapp:
Па пола од столчињата од стадионот беа уште од претходно...
Нема пртоблем, нека ги пребројат и оние од останатиот дел од стадионот се ќе платиме:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom