За сите што се прашуваа до каде сум со работата. Луѓе јас сум на седмо небо!!!!
Конечно се чуствувам посакуван, згоден секси како вистински маж. Со жена ми не ги решивме проблемите, -според неа не постои никаков проблем!!! но веќе извесен период сум со мојата сакана пријателка која ме разбира и исполнува потполно. Некогаш мислам дека се разбираме и без зборови. Домот не го занемарив, напротив сега сум уште повеќе грижлив татко и сопруг, но со мислите ,телото и духот сум 25/8 со мојата пријателка. Толку ми е добро со неа, што понекогаш се прашувам дали ова навистина ми се случува или е само моја фантазија.
Таа ми помогна да излезам од кризата и да преживеам. Ако не беше таа не знам како ќе преживеев.
Чувство на кривица? Ни најмалку! Доволно патев за тровче внимание. Сега дури и не сакам, не ни помислувам да имам секс со жена ми и избегнувам да се најдам во некоја интимна ситуација кога жена ми би иницирала секс. Не дека тоа ќе се случи, ама... Тоа сега би ми било хорор ! Толку беше таа работа.
Сексот со жена ми беше како сцена од нем филм, а сексот со пријателката е како рок концерт.
Сега сфаќам колку имам пропуштено во животот. Враќање назад нема, затоа гледам само напред. Сакам разбирање, внимание, фантастичен секс и знам како да го имам и уживам во него.
И ова. Како што гледам многу сте досетливи, па да ви кажам дека картите за рок концертот се распродадени, сите се кај мене и не ги давам на никој друг. Средете си го животот како што ви одговара и не го живејте за други, туку за себе.