Знаеше уше од почеток дека е женет?? .... ако си знаела.. тогаш стварно не ми е јасно шо имаш у тоа црпката горе..
нели помислуваш некогаш како и е на таа жена дома шо го чека?? како ли се осеќа она... и како би се осеќала ти да си на нејзино место..
си помислила ли дека он е со тебе само ради твоите години.. ништо повеќе ??
замисли тебе да ти се деси истото после 10 години.. стави се во ситуација, да бидеш со човек кој го сакаш и со кој си планирала цел живот да го поминеш.. а тој да те изневерува.
а и ако има деца.. размисли за тоа како уништуваш нечие гнездо..
кога ќе размислиш драга моја за сето воа.. тогаш ќе сватиш дали треба да продолжиш со него или не..
Мислам дека од погрешен аспект гледаш. Ако не е таа, ќе биде некоја друга.
Ако сум изневерена, нема да ја барам вината во љубовницата, туку во мене и партнерот.
Сосема е ирелевантно која е третата личност, освен ако не е некоја моја роднина или пријателка.
Јас би и рекла да размисли за неговото мислење. Дали е и тој вљубен во неа или му е само авантура?
Драга Нимфадора, ако типот нема повеќе чувства кон сопругата, сеедно е дали ќе се прекине оваа тајна врска. Ништо на арно нема да се смени. Трагично е ако овие двајца се сакаат, ама живеат несреќно зошто тој бил женет. Нормално дека требало да мислат на време и воопшто да не се впуштаат во вакви авантури, но тоа што го мислиме денес ништо не може да ни потврди дека ќе го мислиме и за 20 години. На крајот, како така лесно ја сожалуваш госпоѓата од другата страна, можеби станува збор за не толку добра личност, можеби и не е толку голема жртва?!
--- надополнето: Nov 9, 2011 1:43 AM ---
секој со својот памет... зависи кој како е воспитан од дома..
тој шо има мозок и шо не мисли само на својот гз и своите потреби нема никогаш да направи таква глупост..
ја си се водам по она.. "не го прави она шо не сакаш да ти го прават"... а сите знаеме дека кога тогаш се враќаат некои работи..
Да, и јас се водам по истото, но никогаш не вели никогаш
Животот не носи на чудни патишта, никогаш не знаеш што е следно
--- надополнето: Nov 9, 2011 1:44 AM ---
Здраво
Веке еднаш пишував овдека за мојата врска, сега кога работите се поправија ми се појави друг проблем, многу често мислам на девојки, се почесто ме привлекуваат женски тела, опседната сум.
Веке врската со дечко ми не ме задоволува ниту емотивно.
Дали сум лезбејка или е само период?
Никогаш порано не сум размислувала на таа тема, досега имам бакнато две девојки, ама онака, без емоции, а и одамна беше.
Незнам што да правам, дали е само период или ншто повеке навистина се случува со мене?
Да се трудам да го потиснам тој нагон или да...?
Да посетиш психолог. Со него најотворено ќе зборуваш за се. И ќе дознаеш што е најправилно за во иднина.