Јане enough is enough. Време е да почнеме да даваме малку ДОКАЗИ за нашите аргументи. Прво јас..На финки имаш на 50-60 страни цел водич, подетално од тоа здравје. Во две реченици не се објаснува, ниту па со водич од 60 страни. Едноставно треба да го пројдеш до некаде факултетот за да добиеш осет. Вака џабе. Сите сме прашувале како тебе дур сме биле средношколци, али сега кога си ги гледаме истите прашања од други, смешни ни делуваат, едноставно немаат одговор прашањата.
И не се оптеретувај со тоа што ќе работиш. Во мнооогу од случаите нема да го работиш тоа што си го учел или ај еве вака, нема да го работиш за тоа што си се специјализирал... Никогаш не знаеш што ќе работиш, па дури и свој бизнис да отвориш, ќе мораш да се прилагодуваш према побарувачката.
Факултетот гледај го како некој водич, сепак тоа што ќе го работиш или сам ќе го учиш или некој што ќе биде над тебе на работа ќе те доучува. Факултетот ќе те научи како да учиш и како да размислуваш како инеженер, ќе те научи на повеќето концепти... Гледаш дека нови работи постојано излегуваат, тие практично сам ќе си ги учиш во животот. Со добра основа од факултет се ќе ти биде лесно, штом сфатиш како функционираат нештата, лесно ќе ти биде после да доучуваш.
Да не го тупам уште, што и да одбереш, прва година мислам дека пак е иста за сите смерови, ќе видиш тогаш самиот, многу ќе научиш во таа година за факултетот па ќе можеш и да се префрлиш на друга програма во иднина. Вака џабе ќе ти збориме понатака...
http://www.youtube.com/watch?v=VpZtX32sKVE
Многу добар документарец со кој се опишува целиот scam наречен факултет во Америка. Исто е и тука.
Во Америка најголемиот аргумент што го користат е дека тие што завршуваат факултет во просек заработуваат 1 милион долари повеќе од тие што не завршиле. Меѓутоа кога ќе прорачунаш работи како (се ова го има во документарецот) цена на студирање, што си можел да правиш тие 4 години, тогаш испаѓа дека цифрата е околу 400.000 што е незначителна земајќи го фактот дека на факултет одат поамбициозни луѓе (кои биле излажани од скоро цело општество дека со факултетот ќе добијат нешто корисно) кои би заработувале повеќе и без факс..всушност околу 60%+ од луѓето кои завршиле факс и работеле некоја океј работа рекле дека факсот не им помогнал во 1% во тоа што го работат и дека ако би се вратило времето не би се запишале и наместо тоа би оделе и би стекнале работно искуство.
Со оглед на тоа дека се работи за Америка кајшто врските не се до толку застапени како кај нас, ако се направи слична студија верувам дека ќе испадне дека ќе има многу многу мала разлика во плата меѓу тие што завршиле факс и тие со средно. А и јас и ти знаеме дека најдобри пари се заработуваат со тој бизнис а таму е потребно вистинско знаење за да успееш...што ме води до следната поента.
---------------------------------
Знаење. СТекнување основи. Премногу лесно да се научи (во програмирање) за 2-3 месеци (види ја книгата Head First Java) vs. слушање досадни професори 4 години. Основите имаш мн мн мн поголеми шанси да ги стекнеш на интернет бидејќи таму имаш повеќе ресурси, книги, и ти се зголемуваат драстично шансите да најдеш некоја што ти одговара тебе пошто знаеме дека има различни начини на учење што на различни луѓе им одговараат. Со доволно самоиницијатива секој може да научи и да стане експерт за скоро која било тема од учење материјали на интернет (парафразирам што кажува Бил Гејтс во врска со образованието на многу конференции).
--------------------------
Земи програмирање и помножи го ова со 3 бидејќи ова е професија во која ако имаш доволно вештини можеш да отидеш на фриленсинг сајт и да правиш растур (повеќето се индијци и филипинци и мн луѓе се очајни за добар програмер). Ако знаеш и ги имаш вештините никој нема да те прашува за никаков факултет, а и да те праша, се се одвива преку интернет, и можеш да му кажеш што било, меѓутоа тоа ќе нема никаква релевантност со тоа што ти го работиш за него, општо никој нема да се интересира како го имаш стекнато знаењето се додека го ИМАШ.)
А нашиве програмерски фирми како што гледам повеќето прават аутсорсинг за странски фирми, нешто што како што спомнав погоре можеш да го правиш без проблем без нив.
--------------------------------
Не постои никаков доказ whatsoever за тоа горе болдираното твое. Факултетот од сит енешта најмалце ќе ти биде водич и ќе те воведе во основите. Сега може некој да ми контрира ама нема на нет да научиш за блах блах, ако тоа се случи нека се запраша тој...ДАЛИ ТОА СЕ НАВИСТИНА ОСНОВИТЕ?
-------------------------------
Уште еден доказ дека факултетите к** ги боли за тоа да ги научат нешто студентите е дека во огласите за работа спомнато е ретко да асситентот/професорот знае како да работи со студенти...без тоа да го дефинираат. Не постојат никакви тестови за да проценат дали некој асистент или професор ЗНАЕ КАКО ДА ГИ НАУЧИ СТУДЕНТИТЕ. Постои цела наука за тоа како луѓето учат, како сваќаат работи (на тоа се базираат сите Head First книги од oReally btw) меѓутоа долгогодишна претпоставка на сите факултети било дека КОЛКУ ПОВЕЌЕ ЗНАЕШ ЗА НЕШТО ТОЛКУ ПОДОБРО МОЖЕШ ДРУГИТЕ ДА ГИ НАУЧИШ ЗА ТОА НЕШТО.
КОГА ВО ПРАКСА СПРОТИВНОТО Е ТОЧНО И ИМА НАУЧНИ ДОКАЗИ ЗА ТОА (види 'curse of knowledge' na Google). Сите факултети кај нас вклучувајќи го и овој секој ден не учат најкомплексни начини да се докаже нешто и да се побијат претпоставки а во пракса тие несакаат да се запрашаат дали оваа претпоставка што ја имаат е точна и да бараат докази за тоа. ЗОШТО? Ако вистинската цел е да не НАУЧАТ ОСНОВИ И ДА НЕ НАУЧАТ НЕШТО тогаш ЗОШТО ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ НЕ СЕ ПРАВИ НИШТО ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОВА ПОЛЕ? Зошто се оди по претпоставки стари 10ци години дека ако некој знае повеќе за нешто, тогаш е подобро тој да ги учи другите и дека учењето е само давање на апстрактен материјал на хартија? Ако сакам да направам повеќе квалитетни коли тогаш влегувам и го испитувам целиот процес на правење коли а не упорно правам повеќе коли со процесот што веќе постои. Во образованието, зборуваат за поквалитетно образование а прават повеќе од тоа што го правеле порано...што ме прави да се запрашам дали го разликуваат зборот квалитет од квантитет.