Пејсажи (исклучиво ваши дела)

  • Креатор на темата Креатор на темата Mockingjay
  • Време на започнување Време на започнување
Па ако ги разгледаш сликите наназад, ќе видиш дека има мноогу слики кои се за во темата флора и фауна.
 
Ако ги разгледам страните наназад ќе треба да префрлам еден куп мислења, а гарант ќе треба и нешто да бришам.
 
Trees4.jpgTrees5.jpgTrees3.jpgTrees6.jpgTrees2.jpg Знам дека Тончи ќе ми замери дека се повторно офтопик, ама во флора и фауна имам последна постирано и не сакам таму.... :unsure:
 
1. Многу небо, искривена камбанарија. Кога фотографираш широки кадри, пази на вертикалните линиии бидејќи објективите ги искривуваат објектите колку се поделаку од центарот.
2. Убав мотив, фина композиција, само малку накривена. Внимавај битните објекти да ти бидат во хоризонтала, вертикала или дијагонала.
3, 4, 5. флора и фауна, од кои само 5 ми се допаѓа бидејќи има убав контраст меѓу жолто и зелено, уште да зафателе лисјава малку повеќе простор ќе било фино.

Не замерувам за флора и фауна, само вежбај си :)

Има едно правило во сликарството а подоцна и во фотографијата дека не се сече коренот или стеблото на дрвото туку крошната. Е сеа кога има само крошна, се бара причина зошто е само крошната вклучена. На 5тата фотографија има убав контраст на жолто и зелено и е оправдано. На 4тата фотографија има еден куп гранки и лисја, но... толку, нема некоја птица да ја разбие таа монотонија, ниту пак некој залутан балон или... што и да е а не е дрво. 3тата фотографија претпоставувам дека во живо било многу убава глетка, ама понекогаш природата не испаѓа убаво на фотографија, дури и со скапа опрема. Кога небото би било малку кропнато до облачето, барем би се запазиле третините.
 
Водно

6203899724_2e0435ce0d_b.jpg


6203901488_184d168d34_b.jpg


6203905670_f00087dcc4_b.jpg


6203392609_d79c686779_b.jpg


6203393619_b36e7af1fe_b.jpg

--- надополнето: Nov 4, 2011 7:42 PM ---
Кањон Матка

6103462312_f11d38cbaa_b.jpg


6102913925_7ecf9ee4bf_b.jpg
 
Не сум никаков фотограф, летоска кадаров ми се виде убав, сликано е од обичен сони апарат :)

Ваше мислење затоа што воопшто не се разбирам ?

Црна Гора, Херцег Нови

dsc01080c.jpg
 
circle_of_life_by_donjas-d4f6fbd.jpg


Панорама од 10тина фотки, бои, левелс ништо немам пипнато, се е ко шо искочи од апарат. Само малку ја зачистив водата имаше ѓубренца и тргнав едно суво дрво од кадар.
 
circle_of_life_by_donjas-d4f6fbd.jpg


Панорама од 10тина фотки, бои, левелс ништо немам пипнато, се е ко шо искочи од апарат. Само малку ја зачистив водата имаше ѓубренца и тргнав едно суво дрво од кадар.
супер само не ли е малку светло некако како да нема небо позади скоро бело е?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom