Ибрахимовиќ ја заработи титулата "Пинокио на месецот" според Гардијан, после изјавата дека
"Гвардиола може да смета на него во важните натпревари".
Англичаните изнесоа добро познат податок. Швеѓанецот има очаен скор во Лигата на Шампионите, 58 натпревари, 16 гола.
Англискиот Гардијан за лага на месецот ја прогласи изјавата на Златан Ибрахимовиќ минатата недела.
"
Гвардиола може да смета на мене во важните натпревари" - рече интернационалецот од Шведска.
Како го заработи карактерот "Пинокио на месецот"?
Одговорот е лесен, познато е дека Швеѓанецот игра слабо на важните натпревари, не само во Европа, туку веќе и во првенството.
Неговиот учинок во Лигата на Шампионите секако не ги охрабрува навивачите на Барселона.
Одигра 58 натпревари и постигна 16 гола. Никогаш, ни со Јувентус, ни со Интер, да не зборуваме за Ајакс, не бил ни блиску до финале во елитното натпреварување.
:back::pos2: