Јас само ќе ви кажам држете си се понастрана од осигурителните компании. Тие се толку “добродушни“ што ви мислат само добро, сакаат животот да си го осигурате кај нив и да ви лапнат пари во неколку стотици па некогаш и во илјадници евра.
Види, све е тоа пресметан ризик кај нив. Они не осигуруваат луѓе болни од некоја неизлечлива болест ниту лица со било какви посериозни здравствени проблеми. Зашто? Затоа што едноставно ќе бидат во загуба. Колку и да звучи несоодветно, фамилиите кои знаат дека имаат член кој веќе е на крајот на животот, ќе го осигураат и по неговата смрт ќе добијат пари од осигурителните компании. Но, и осигурителните компании не пијат нафта и затоа осигуруваат само здрави лица (во моментот на осигурување)!
Знајте дека во профит секогаш се осигурителните компании, бидејќи на пр. ако се осигурале 1000 лица, од таа бројка во рок од 5 години на пр. најмногу 10-20 ќе починат, ќе доживеат некоја несреќа и сл. и они без проблем ќе исплатат на тие што се осигурале. Ама што е со останатите 980-990 што се осигурале, а фала богу се живи и здрави? Парите ќе си бидат во осигурителните друштва и понатаму.
Нормално, со тек на годините и тие 980 лица ќе починат, ама па на нивна сметка ќе дојдат нови осигуреници и се така. Тоа е пирамида.
Тоа е... како да ви кажам, паразитска работа и легално перење пари врз грбот на граѓаните.
Не бе, нема шанси да работам јас такви работи иако имам понуда. Не можам да одам сега од куќа на куќа, да презентирам програма на осигурителната компанија и да се надевам дека они ќе прифатат, ќе се осигураат и јас ќе добијам % провизија од сето тоа. Знам доста работи, ама сепак ќе си стојам настрана! Што е сигурно - сигурно е. Преферирам фиксна плата отколку колку договори за полиси склучам толку пари. Не, благодарам! Имам избор во животот.