Животно осигурување!

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Ако цел муабет е за да децата да бидат финансиски поткрепени за да ти организираат достоен погреб, можеш на старост да им дадеш некое денарче. Па и нешто повеќе да им дадеш ако имаш, нормално.

Инаку не глеам што е покомплицираното од тоа да идеш на нотар и еден потпис да ставиш. Уствари да, на нотар треба сама да идеш и да ставиш еден потпис. У случај ако се решиш за животно осигурување агентот трча по тебе за потписи и пари.
Знаеш мора, си прибира поени и си зголемува ранкови.
А зошто е подобро да им дадам денарче пред умирање (као божем знам кога ќе умрам, еве предвидувам дека ќе ме стрефи срце за 50 години од сега) од тоа да се осигурам?
Зошто е подобро да одам на нотар - каде што парите кои ги имам ги давам, а ако вложам сега нешто, тие пари се ,,оплодуваат,,. Што не е така, ако ги чувам под перница.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.736

Па чим сакаш да им оставаш пари, можеш тоа и поинаку да го направиш, а не како причина да го наведуваш тоа за да се осигураш.
Можеш далеку попаметно во нешто далеку поисплатливо да ги вложиш тие пари кои ги имаш наместо да ги чуваш под перница или да ги дадеш на некој друг да ти ги чува.
 
Член од
19 октомври 2011
Мислења
296
Поени од реакции
253
Јас само ќе ви кажам држете си се понастрана од осигурителните компании. Тие се толку “добродушни“ што ви мислат само добро, сакаат животот да си го осигурате кај нив и да ви лапнат пари во неколку стотици па некогаш и во илјадници евра. :) Види, све е тоа пресметан ризик кај нив. Они не осигуруваат луѓе болни од некоја неизлечлива болест ниту лица со било какви посериозни здравствени проблеми. Зашто? Затоа што едноставно ќе бидат во загуба. Колку и да звучи несоодветно, фамилиите кои знаат дека имаат член кој веќе е на крајот на животот, ќе го осигураат и по неговата смрт ќе добијат пари од осигурителните компании. Но, и осигурителните компании не пијат нафта и затоа осигуруваат само здрави лица (во моментот на осигурување)!

Знајте дека во профит секогаш се осигурителните компании, бидејќи на пр. ако се осигурале 1000 лица, од таа бројка во рок од 5 години на пр. најмногу 10-20 ќе починат, ќе доживеат некоја несреќа и сл. и они без проблем ќе исплатат на тие што се осигурале. Ама што е со останатите 980-990 што се осигурале, а фала богу се живи и здрави? Парите ќе си бидат во осигурителните друштва и понатаму. :) Нормално, со тек на годините и тие 980 лица ќе починат, ама па на нивна сметка ќе дојдат нови осигуреници и се така. Тоа е пирамида. :) Тоа е... како да ви кажам, паразитска работа и легално перење пари врз грбот на граѓаните. :)

Не бе, нема шанси да работам јас такви работи иако имам понуда. Не можам да одам сега од куќа на куќа, да презентирам програма на осигурителната компанија и да се надевам дека они ќе прифатат, ќе се осигураат и јас ќе добијам % провизија од сето тоа. Знам доста работи, ама сепак ќе си стојам настрана! Што е сигурно - сигурно е. Преферирам фиксна плата отколку колку договори за полиси склучам толку пари. Не, благодарам! Имам избор во животот. :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176

Ќе ти одговорам многу накратко и општо за осигурувањето.
Значи за да може нешто да се осигура, мора да постои ризик, кој мора да е неочекуван и ненадеен. Тоа во случајот со болните луѓе во животното осигурување не е така, затоа и се неосигурливи. Да се осигуруваат само луѓе кај кои е очекувано дека ќе се разболат и умрат, како би било можно на сите да се исплати? Тоа што ти го плаќаш како премија е неспоредливо мало со исплата на сума која се исплаќа ако се оствари некој ризик.

Вториот дел а актуарска политика и пресметки кои мора да постојат за да може да опстои осигурителната компанија како таква. И најмалку е перење пари.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Па чим сакаш да им оставаш пари, можеш тоа и поинаку да го направиш, а не како причина да го наведуваш тоа за да се осигураш.
Можеш далеку попаметно во нешто далеку поисплатливо да ги вложиш тие пари кои ги имаш наместо да ги чуваш под перница или да ги дадеш на некој друг да ти ги чува.
А зошто да не го направам тоа?
Знам јас колку опции постојат.
Но зошто не - животно осигурување?
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.736
А од тестамент имаш?
Тестаментот го спомнав како алтернатива, а за воља на вистината и тој не мора да го направиш. И така твојот имот ќе биде распределен на твоите најблиски со или без него.
И сигурно нема да платиш 400 и кусур евра за тестамент.
 
За животно осигурување не плаќаш 400 и кусур евра, туку тие пари растат постојано, можеш да ги повлечеш ако сакаш, и на крајот, кога ќе умреш, ќе бидат дадени тие пари на твоите најблиски.
Животното осигурување е ОСМИСЛЕНО за таа намена. Ние можеме се и сешто да докажуваме од страна, ама да го избегнуваме она што е создадено со таа намена.
Можеме и вонбрачни деца да третираме како брачни, ама еден тон документи и нотари и сведоци ни требаат.
Е зашто да го правиме тоа, ако можеме да се потпишеме во матично, нели.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ме интересира, дали животното осигурување важи за било каква смрт, или треба смртта да е од посебен вид, на пример, ти паднал клавир на глава додека си бил на врв на Монт Еверест?
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.736
За животно осигурување не плаќаш 400 и кусур евра, туку тие пари растат постојано, можеш да ги повлечеш ако сакаш, и на крајот, кога ќе умреш, ќе бидат дадени тие пари на твоите најблиски.
Си се заинтересирала поактивно за ова или на памет зборуваш? Распрашај се кои се твоите права и обврски и дали можеш и доколку можеш да ги повлечеш средствата дали ќе ти биде целата сума вратена или само еден минорен дел од нив?

Животното осигурување е ОСМИСЛЕНО за таа намена.
Животното осигурување е осмислено со намера за некој на мој, твој, туѓ грб дојде до огромна сума на пари од кои единствено тој ќе има бенефит. Остави ти такви срцепарателни зборови како тие од љубов почнале да се занимаваат со овој сектор.

За другото не чуствувам потреба да реплицирам.
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
Ме интересира, дали животното осигурување важи за било каква смрт, или треба смртта да е од посебен вид, на пример, ти паднал клавир на глава додека си бил на врв на Монт Еверест?
Замисли, НЕ! Доколку настапи некоја од следниве болеста, па клиентот почине, се добива една осигурана сума:
- Исхемична болест на срце
- Срцев удар
- Мозочен удар
- Мултиплекс склероза
- Паркинсонова болест
- Алцхајмеровата болест
- СИДА
- Хронично затајување на функцијата на бубрезите
- Затајување на црн дроб
- Анкилозантен спонделит
- Ревматоиден артритис
- Малигни болести (рак)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Замисли, НЕ! Доколку настапи некоја од следниве болеста, па клиентот почине, се добива една осигурана сума:
- Исхемична болест на срце
- Срцев удар
- Мозочен удар
- Мултиплекс склероза
- Паркинсонова болест
- Алцхајмеровата болест
- СИДА
- Хронично затајување на функцијата на бубрезите
- Затајување на црн дроб
- Анкилозантен спонделит
- Ревматоиден артритис
- Малигни болести (рак)
Уште нешто, дали се прави медицински тест пред да се одобри осигурувањето, или тоа на жими мајка го прават, т.е кога ќе ви дојде некој зависник од Мекдоналд, кај кој пола од овие болести се веќе присутни дали ќе биде осигуран или тој е непожелна инвестиција?
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
Уште нешто, дали се прави медицински тест пред да се одобри осигурувањето, или тоа на жими мајка го прават, т.е кога ќе ви дојде некој зависник од Мекдоналд, кај кој пола од овие болести се веќе присутни дали ќе биде осигуран или тој е непожелна инвестиција?
Во завосност од договорената осигурана сума се прават медицински тестови (пред неколку мои постови имав објаснето што претставува осигурана сума). Инаку, се пополнува прашалник каде што се споменати овие болести, за кои клиентот одговара и се потпишува за точност на податоците. Ако во случај клиентот излаже (на пример боледувал од рак, а тоа не го кажал), и се случи осигуран случај болест-смрт, осигурителната компанија нема да ја исплати настанатата штета на наследниците, туку само ќе им го врати заштедениот капитал! Во секој случај, губи само клиентот кога лажира податоци!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Си се заинтересирала поактивно за ова или на памет зборуваш? Распрашај се кои се твоите права и обврски и дали можеш и доколку можеш да ги повлечеш средствата дали ќе ти биде целата сума вратена или само еден минорен дел од нив?

Животното осигурување е осмислено со намера за некој на мој, твој, туѓ грб дојде до огромна сума на пари од кои единствено тој ќе има бенефит. Остави ти такви срцепарателни зборови како тие од љубов почнале да се занимаваат со овој сектор.

За другото не чуствувам потреба да реплицирам.
А кој работи БИЛО ШТО од љубов?! Нормално дека работат за профит, не се добротворна организација.
Само не гледам ЗОШТО би правела било што друго, за да оставам некому пари (ако тоа ми е намерата).
Инаку, кога излегуваш од земјава, автоматски и животот ти е осигуран... во случај да цркнеш на одмор.
Сеедно, јас мислам дека е паметна работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom