Проштевањето - патот до небото?

Член од
1 ноември 2011
Мислења
13
Поени од реакции
2
Evangelieto se bozji zborovi i ne e izmeneto voopsto bidejki toa se nadovrzuva kontinuirano 4000god i nema disharmonija toa se bozji zborovi preneseni preku bozji angel na mojsej a potoa na prorocite,a noviot zavet e pisuvan po smrta na Isus od luka,matej,jovani marko so mnogu mali razliki
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ако сме реални и објективни ќе признаеме дека МПЦ е толку застранета од Христос и Неговото учење, што тоа воопшто и не се препознава во оваа организација. Спротивното може да го тврди само човек што или никогаш не посетил православен храм или пак никогаш не отворил Библија.
Срам да ми е, мене нереалниот, необјективниот, кој никогаш нити влегол во Православен Храм, нити пак прочитал Библија. Ете одам сега палам колата и идам накај Скопје во Радосна Вест да ми ги отворите очите.

И која иронија, токму оваа религиозна организација се лупа во гради дека е Христовата Црква, лично и персонално.
Е не твојата ќе да е формирана пред стотина години.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Прашањето што логички се наметнува.
Ако не мораше да се простува за да се оди во рајот
дали ќе го правеа(простувањето) истите што сакаат да отидат таму.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
„...1. Штом е библиски, тогаш треба да е поткрепено од Библијата зарем не?
Повели цитирај ни од Библијата каде тоа е поставен тој начин за оформување нова црква?...„

А ја велам, како одговор, цитирам:

„...Дела Апостолски, глава 19, стихови 1 до 6.
Разбира се, не ми е тешко да претпоставам што ќе коментираш...:rolleyes:..„
Е ајде де, зошто се срамиш да го цитираш текстот? Дали можеби затоа што и самиот знаеш дека воопшто нема допирни точки со прашањето па си велиш „подобро ќе дадам само референца, затоа што и онака никој нема да провери во Библијата и да ме фати во лага“? :)
Таму воопшто не е поставен начинот за оформување нова црква. Таму апостолите само им објаснуваат на новите верници за и околу Светиот Дух, ги крштеваат во Светиот Дух и ги положуваат рацете за да го примат Духот затоа што со полагање на рацете на апостолите луѓето го примале Светиот Дух.
Но, во Библијата има и примери каде што луѓето го примиле Светиот Дух и БЕЗ ракополагање на апостолите. Еве ти еден пример:

„Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото; и се зачудија обрезаните верници, кои дојдоа со Петра, дека и на народите се излеа дарот на Светиот Дух; зашто ги чуја како зборуваат јазици и Го величаат Бога. Тогаш Петар рече: ”Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние?”“ (Дела 10:44-47, Библијата)

Гледаш како јас не се срамам да го цитирам текстот? :)

Патем, во Библијата никаде не се вели дека и учениците (наследниците) на апостолите имале моќ со полагање на рацете да го предаваат Светиот Дух на нивните ученици, па тие на следните итн. Тоа е католичка измислица, која подоцна си ја наследија и православните (со нивното појавување и отцепување од католичката црква)

Слободно чуди се и понатаму, тоа е личен избор, а на форумов има членови кои ги читаат моите постови и не се смеат на истите, оти не сите членови стојат зад псевдонимот и ликот „Чорбаџија„.
Зарем ти навистина мислиш дека зад сите што се исмеваат со твоите глупости стојам јас? Администраторите можат многу лесно да проверат и докажат доколку сум користел други кориснички имиња (клонови). Прашај ги. Не биди во заблуда. Отрезни се од православните заблуди. Читја ја Библијата и верувај во Христос, зашто пред Него ќе се појавиш на Судниот Ден, а не пред Палама или Григориј Ниски. Тој ќе те праша зошто не ме слушаше мене, а не зошто не го слушаше Палама.
--- надополнето: Nov 4, 2011 10:43 AM ---
Е не твојата ќе да е формирана пред стотина години.
Е не твојата пред оскудни 52 години.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Лошо, лошо, многу лошо... Кога гледам вака како се препираат „праведни“ верници. Мики1 и Чорбаџија кога се расправаат, најозбилно како да гледам „мои родители“ како се расправаат. Затоа ај простете си ... :)
Ама и да не си простите Бог ве сака и понатаму, не му е нему до Библија, Цркви, цитати, Исус, ангели, Свет дух... Нему му е гајле за нас...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Прашањето што логички се наметнува.
Ако не мораше да се простува за да се оди во рајот
дали ќе го правеа(простувањето) истите што сакаат да отидат таму.
Ako не тогаш дали станува збор за глумење лудило?
Ако е така тогаш :
Мора дел од свесниот ум да го направат(потиснат) и да
стане несвесен.
Не можеш да бираш дали ќе простуваш.
Или си таков или не си, не глумете лудило со сила.
Бог кога би бил семоќен би проценил, така да
обидите да се прошверцува некој до царството
божје ќе бидат неуспешни. :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Гледаш како јас не се срамам да го цитирам текстот? :)
Алал да Ти е! :icon_lol:
Продолжи да си ласкаш.
--- надополнето: Nov 4, 2011 10:57 AM ---
Зарем ти навистина мислиш дека зад сите што се исмеваат со твоите глупости стојам јас? .
Не ми ги извртуј зборовите: немарата ми беше да кажам дека малкумина се исмејуваат на моите постови, исто како што малкумина размислуваат како Тебе.

Патем кажано, и јас не ги сметам Твоите постови за нешто друго, освен за глупост.
--- надополнето: Nov 4, 2011 10:58 AM ---
Тој ќе те праша зошто не ме слушаше мене, а не зошто не го слушаше Палама.
Ајде де...:icon_lol:.
Пак си ласкаш...
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:01 AM ---
Е не твојата пред оскудни 52 години.
52 г. во ликот од МПЦ-ОА и уште едно 1100 г. претходно. Убеден сум дека цифрата од 1100 г. е претерана за Твојата/Вашата дебар-маалска заедница, која упорно и од петни жили се обидуваш медиумски да ја афирмираш, иако нејзе (на зедницата) не би и‘ требало афирмирање, доколку таа (заедницата) би имала зад себе подолго колективно сеќавање, отколу што е нејзиното битисување во Дебар Маало и воопшто, во Македонија.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
MIKI1, кога реков мене, мислев на Исус, а не на Чорбаџија.

Исус: "Зошто не ме слушаше Мене (Исус)?"

Патем што стана со твојот „библиски“ начин за формирање нова црква? Се уште чекаме да го подржиш со цитат од Библијата, за да биде библиски нели :) Или најдобро кажи дека тоа е католички & православен начин и тогаш ќе бидеме на чисто.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MIKI1, кога реков мене, мислев на Исус, а не на Чорбаџија.

Исус: "Зошто не ме слушаше Мене (Исус)?"
Во ред, ќе речам дека е тоа моја грешка и дека погрешно сум Те разбрал, иако постот беше поинаку напишан, цитирам:

„...Тој ќе те праша зошто не ме слушаше мене, а не зошто не го слушаше Палама....„.

Од постов не е јасно „кој е кој„, но еве, се извинувам.

--- надополнето: Nov 4, 2011 11:07 AM ---
Патем што стана со твојот „библиски“ начин за формирање нова црква? Се уште чекаме да го подржиш со цитат од Библијата, за да биде библиски нели :) Или најдобро кажи дека тоа е католички & православен начин и тогаш ќе бидеме на чисто.
Во Црквата, кога на едно прашање ќе Ти се даде одговор, не барај втор одговор-прво дадениот одговор е точен, а второ дадениот одговор на истото прашање, може да биде извртување на вистината од прво дадениот одговор.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
52 г. во ликот од МПЦ-ОА и уште едно 1100 г. претходно.
Можете само да сонувате дека вие сте обновената ОА. Колку што ти и Genesis и сите правослаци имате право да го тврдите тоа, толку можат и DBACK, Ateist, Ipsissimus :)
Вас никој од ОА не ве ракоположил. Вас ве ракоположија свештениците од СПЦ, од кои своеглаво и противканонски се одвоивте и иститите тие кои подоцна и ве анатемисаа.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Или најдобро кажи дека тоа е католички & православен начин и тогаш ќе бидеме на чисто.
Да, е католички (соборно), е православен, е библиски, но не е дебар-маалски, не е еретички и не е волонтаристички.
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:21 AM ---
Можете само да сонувате дека вие сте обновената ОА. .
Ние не сонуваме: ние знаеме кој и кога ја основа охридската Архиепископија и кој и од кога денес ја наследува. Можете Вие, од самоименуваниот центар во Дебар Маало, да сонувате, и онака опрелестени, да верувате дека токму Вие сте востановени на Педесетница.
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:23 AM ---
Колку што ти и Genesis и сите правослаци имате право да го тврдите тоа, толку можат и DBACK, Ateist, Ipsissimus :)
Наведените лица од форумов,, (освен Genesis), ги запознав лично пред некој ден и убеден сум дека не би го прифатиле Твојов став...:). Едноставно, ниту еден од нив не се исповеда за верник, камо ли за православен верник.
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:24 AM ---
М
Вас никој од ОА не ве ракоположил. .
Велиш, „никој од ОА не ве ракоположил„...Па ја никад и не напишав дека некој од ОА не‘ ракоположил.
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:27 AM ---
Вас ве ракоположија свештениците од СПЦ, од кои своеглаво и противканонски се одвоивте и иститите тие кои подоцна и ве анатемисаа.
Тоа што од СПЦ сме примиле благослов, тоа е точно, а тоа што од истата Црква сме примиле анатема, не гледам никаква штета-Светите Тајни и молитвите и понатаму се валидни во МПЦ-ОА, а проблемот е чисто политички, но не и црковно-канонски.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
И што викате за проштевањето...

Значи ајде вака. Ве молам да ги оставите МПЦ, СПЦ, ОА и така натаму... Македонија не е центар на светот, има верници и на други места и низ други Цркви.
Дали ако проштеваш а не се водиш по Библијата, ќе одиш на Небото (нормално ако веруваш дека после смрт се оди на небото)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Велиме дека проштевањето е јако битно, но не и пресудно. Што се однесува до самото проштевање, искуствено можам да кажам дека е многу пожелно истото да се стори, т.е. да го сторам додека проблемот е свеж, оти колку повеќе се одолговлекува проштевањето помеѓу оние кои си згрешиле еден на друг (а преку Адама, сите згрешивме и сите сме грешни..), дотолку е потешко да си простат еден на друг, оти не навременото и брзо проштевање, со тек од време, со леснотија станува злопаметење.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
57
Поени од реакции
35
Велиме дека проштевањето е јако битно, но не и пресудно. Што се однесува до самото проштевање, искуствено можам да кажам дека е многу пожелно истото да се стори, т.е. да го сторам додека проблемот е свеж, оти колку повеќе се одолговлекува проштевањето помеѓу оние кои си згрешиле еден на друг (а преку Адама, сите згрешивме и сите сме грешни..), дотолку е потешко да си простат еден на друг, оти не навременото и брзо проштевање, со тек од време, со леснотија станува злопаметење.
Dali znaes kako zgresile adam i eva i koja e nivnata greska? koja e sustinata na nivnata greska i posledicite sto do den denesen narodot gi trpi?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Dali znaes kako zgresile adam i eva i koja e nivnata greska?
Нивната грешка, која сеуште ја повторуваме на буквално ист начин, се состои во непослушноста кон она кое Бог им го заповеда: да не јадат од забранетото овошје, оти за прекршувањето на таа заповед, ќе добијат казна-смрт. Имено, казна за гревот е смртта.
--- надополнето: Nov 4, 2011 11:55 AM ---
koja e sustinata na nivnata greska i posledicite sto do den denesen narodot gi trpi?
Суштината се состои во тоа што, нашите пра-родител, наместо да Го послушаат својот Творец, тие ја слушнаа сугестијата од лукавиот, и водејќи се по својот ум (по својата слободна волја), своето внимание го насочија кон творенијата и со тоа ја прекинаа својата духовна врска со Творецот.

Денес, сите оние поединци, кои се‘уште не поверувале во Бога, своето внимание не можат да го одвојат од овосветовните нешта-не без Божја помош. Таквите поединци, немаат желба за Богословење и Богомудрување, туку можат бесконечно да дискутираат за нештата од овој отпаднат Свет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom