Животно осигурување!

Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
:tapp: :tapp: :tapp: :tapp:
Грешка си што повеќе профит, тоа повеќе станови, нови коли, убави одела, на одмори во ХХХ држави итн за менаџерите, т.е врвот на раководството.
По тоа што го кажуваш ти повеќе делува како осигурителната компанија да е социјалното, а не некоја која сака да прави профит.
Дали си запознат со програмата за животно осигурување? И ако си запознат, дали знаеш како им следува очекувана добивка на клиентите?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
:tapp: :tapp: :tapp: :tapp:
Грешка си што повеќе профит, тоа повеќе станови, нови коли, убави одела, на одмори во ХХХ држави итн за менаџерите, т.е врвот на раководството.
По тоа што го кажуваш ти повеќе делува како осигурителната компанија да е социјалното, а не некоја која сака да прави профит.
Баш така, која е нивната добивка ако во случај на смрт при несреќа исплаќаат фиктивни пари кои осигураникот не стигнал да ги исплатил ни до половина туку само потпишал договор.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176

Девојко, колку што се разбирам јас од животно осигурување, не ти ги исплаќаат парите кои што ги уплаќаш, туку си постојат ризици кои доколку настанат тебе ти е одредена сума загарантирана да ти се исплати. Ако осигурителната компанија во меѓувреме не успеала да ги намножи парите кои ти си ги уплатил, тоа не е твој проблем. Парите со некоја камата ти ги исплаќаат доколку настане доживување, или доколку после неколку години сфатиш дека веќе не си во можност да уплаќаш, па го откупиш осигурувањето. Ако грешам нека ме поправи TomeMKD.
 
Нема што да поправам... Одговорот си е на место! Само да додадам: Добивката која ја добиваат клиентите претставува како еден вид дивиденда, целокупната добивка на осигурителната компанија се дели на клиентите (за што не станува збор за камата)! Во зависност од добивката на компанијата, расте добивката на клиентите, но со оглед на тоа што овие компании постојат повеќе од еден век (некои скоро и два века), самото тоа покажува и докажува дека станува збор за сериозни компании и дека добивката е загарантирана!
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Идеата е добра, во други држави тоа е веке дел од самата култура и начин на живеење.
Што се однесува до мене, сега засега, имајки искуство од дел од нашите осигурителни компании, не би пристапила кон животно осигурување. Да зборуваме реално, нашите осигурителни компании не работат професионално, сум била во можност тоа на лице место да го увидам, гледаат прво на секој можен начин да најдат дупка или нешто слично само за да не ја исплатат сумата на пари која му следува на лицето. Нив не им верувам за едно каско или патничко осигурување, а не па за животно осигурување.
 
Те молам сподели го твоето искуство кога веќе го имаш, од вака општи информации не може никој поука да извлече :)
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Те молам сподели го твоето искуство кога веќе го имаш, од вака општи информации не може никој поука да извлече :)
Ќе останам само на моите општи информации, сепак само споделував мое мислење без намера некој да извлече поука или не. Не би сакала да правам антиреклама, а тоа би го направила доколку го кажам моето искуство
 
M

mordekaj

Гостин
I jas bev zagrean za zivotno osiguruvanje.i go napraviv toa vo GRAWE.uplativ za 3 godini nesto nad 1000 e i poradi nekoi moi pricini resiv da go raskinam dogovorot.i so raskinuvanjeto mene mi vratia samo 300e.:tapp:mene jasno mi bese deka nemoze da mi ja vratat celata suma ali da mi vrata samo tolku???a sto e najloso od se koga te ubeduvaat da zemes polisa toa nikoj ne go spomnuva!!Taka da zivotno veke vo ovaa drzava NE!!
p.s. izvinuvanje zaradi latinicata!!!
 
M

macgowan

Peaches, парафразирај малку и слободно антирекламирај! Ич да не ти пука! После тебе и јас! ``...а после мене, потоп !``(цитат од ремек-делото на еден од доајените на македонското осигурување С.К.)
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
I jas bev zagrean za zivotno osiguruvanje.i go napraviv toa vo GRAWE.uplativ za 3 godini nesto nad 1000 e i poradi nekoi moi pricini resiv da go raskinam dogovorot.i so raskinuvanjeto mene mi vratia samo 300e.:tapp:mene jasno mi bese deka nemoze da mi ja vratat celata suma ali da mi vrata samo tolku???a sto e najloso od se koga te ubeduvaat da zemes polisa toa nikoj ne go spomnuva!!Taka da zivotno veke vo ovaa drzava NE!!
p.s. izvinuvanje zaradi latinicata!!!
Се извинувам поради закаснетиот одговор. Со раскинувањето на договорот (или Откуп - од осигурителниот речник) имаш одредено колку средства ти следуваат при самото раскинување и точно определено колку средства имаш за земање! На самата полиса што ја имаш добиено од ГРАВЕ, дали провери колку ти изнесува откупната вредност на осигураната сума?

За тоа дека постојат застапници за осигурување кои слабо ја познаваат програмата за животно осигурување е факт! Тие и самите незнаат што односно програмата претставува и целосно опфаќа, а го нудат тоа... Жалосно, но вистинито! Сепак оваа работа е сериозна, се работи за осигурување на животот и треба најозбилно и најсериозно да се сфати! Јас како професионалец во осигурителниот бизнис за животно осигурување Ви стојам на располагање за се што имате нејасно и за се што Ве интересира околу тоа!
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.425
Поени од реакции
16.727
Човече, колку само слаткоречиви се овие агенти за осигурување. Милион пати ќе ги извртат истите зборови за само некако да успеат да те "врбуваат".

А и сумите кои ги кажуваат, се толку високи па кога ќе ти кажат колку луѓе имаат потпишано полиси за животно осигурување, се отвара прашањето дали се тоа реални бројки или се манипулира со нив или народов навистина има пари па кој стигне си го осигурува животот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: CIL

Извини... Ако животот не треба да го осигура, ондак што треба? Автомобилот многу повеќе вреди за да се осигура, одколку животот, нели?

И тие суми што се кажуваат се реални, одат по шифрарник! ;)
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.425
Поени од реакции
16.727
Извини... Ако животот не треба да го осигура, ондак што треба? Автомобилот многу повеќе вреди за да се осигура, одколку животот, нели?

И тие суми што се кажуваат се реални, одат по шифрарник! ;)
Кај замина тоа дека животот е бесценет, дека тој не може да се мери материјално? Или дојде време и од тоа некој да профитира па на туѓ грб да се прибираат огромни суми на финасиски средства?

Те молам, да не се лажеме. Немој со вакви срцепарателни реченици да пробуваш да го оправдаш ова па мислејќи дека така си прибираш потенцијални клиенти.
Доволно сум запознат како функционирате, дури имав прилика да разговарам со еден од координаторите на ваквите агенти на еден семинар во Охрид.

Патем, автоосигурувањето ама воопшто нема никаква допирна точка и е неспоредливо со животното осигурување.

И да, си доби саатче и кожна чанта со логото на фирмата ? :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.847
Мене ми се допаѓа таа идеа.
Во најмала рака, моите деца ќе имаат финансии за мојот погреб и сета процедура (посмртница итн). Ако остане за повеќе, зошто па да не.
Поедноставно е така, него да се ашкам по нотари и тестаменти да пишувам, башка како што знам, вложените пари нараснуваат...
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.425
Поени од реакции
16.727
Мене ми се допаѓа таа идеа.
Во најмала рака, моите деца ќе имаат финансии за мојот погреб и сета процедура (посмртница итн). Ако остане за повеќе, зошто па да не.
Поедноставно е така, него да се ашкам по нотари и тестаменти да пишувам, башка како што знам, вложените пари нараснуваат...
Ако цел муабет е за да децата да бидат финансиски поткрепени за да ти организираат достоен погреб, можеш на старост да им дадеш некое денарче. Па и нешто повеќе да им дадеш ако имаш, нормално.

Инаку не глеам што е покомплицираното од тоа да идеш на нотар и еден потпис да ставиш. Уствари да, на нотар треба сама да идеш и да ставиш еден потпис. У случај ако се решиш за животно осигурување агентот трча по тебе за потписи и пари.
Знаеш мора, си прибира поени и си зголемува ранкови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom