Идеата е добра, во други држави тоа е веке дел од самата култура и начин на живеење.
Што се однесува до мене, сега засега, имајки искуство од дел од нашите осигурителни компании, не би пристапила кон животно осигурување. Да зборуваме реално, нашите осигурителни компании не работат професионално, сум била во можност тоа на лице место да го увидам, гледаат прво на секој можен начин да најдат дупка или нешто слично само за да не ја исплатат сумата на пари која му следува на лицето. Нив не им верувам за едно каско или патничко осигурување, а не па за животно осигурување.