Имав сличен проблем...
пред 5-6 години зедов на кредит 24 рати - телевоизор од АМЦ (околу 28.000 денари) преку Стопанска Банка - Скопската. И ми идеше рата за плаќање околу 1400-1500 денари, сосе камата сосе се. Пеки. Еден убав летен ден по исплатени 13-14 рати, ми скурчи секоја сабота да се гужвам во редиците кои знаеа да траат повеќе од 2 часа. И одам лепо фино, да се договорам да го отплатам кредитот пред време. Седнувам таму со некоја службеничка, и викам прај пресметка, ќе платам и камата, и пенали, и секакви ѓаоли врази, само да не чекам редици појќе оти ова не се издржува.
И многу убав одговор добив: дечко неможиш да го затвориш кредитот предвреме така. Кога прашав оти, ми вика тоа е политика на банката. Па да ти ебам и политика и се, спремен сум сите трошоци да ги платам, да платам камата што треба да ја земат, да платам и пенали... и пак неможи.
Гратис совет што го добив беше: најди некој пензионер нека ти го плаќа кредитот кога ти немаш доволно слободно време...
И така јас лепо фино 2 години се мандорев по шалтери и редици, бидејќи убо рекле... кој нема во глата има во нозете.
Од тогаш решив да не се заебавам со банки, ко ќе ми треба нешто или берам кеш и си го купувам, или не го купувам. Крај. Кредит уште еднаш, за толку ситни суми, неиди во предвид. Мада сега имааат воведено електронско банкарство (Тутунска банка, ама треба кредитот да е земен од кај нив, и платата да ти иди на сметка кај нив) па можиш кредитот да си го плаќаш директно од дома преку интернет, немора да дремиш на шалтер. Колку е ова ефикасно, незнам...