Предвремена отплата на кредит

  • Креатор на темата Креатор на темата sweetzzinna
  • Време на започнување Време на започнување
Предвремена отплата на кредит​

Со надеж дека ја отворив темата на соодветно место би сакала да ве прашам, која е причината поради која банката наплатува провизии или пенали за оние клиенти кои предвреме ќе си го отплатат кредитот? Која е целта на овие надоместоци која што таа ги наплтува, односно што губи таа (банката ) од предвреме отплатениот кредит?

Се надевам дека бев јасна во тоа тоа што ме интересира. Очекувам некој одговор од поупатените :).
Однапред благодарам.
За другите видови кредити (освен од октомври за потрошувачките) се плаќа заради тоа што го спомнаа погоре (банката живее од провизии и кредити) плус се прават планови и за месечниот прилив...во крајна линија за ликвидност.
Во договорот мора да пишува дека се обврзувате да плаќате казни и провизии кон банката за предвремена отплата, но тргнувајќи од себеси, обично од разни причини не обрнуваме многу внимание на прописите и законите според кои потпишуваме.

За потрошувачките кредити има измени од октомври 2011. Измените се во Сл. Весник или на сајтот на Мин за Финансии
http://www.finance.gov.mk/node/1918
http://www.finance.gov.mk/files/u11/zastita_potrosuvaci_krediti_0.pdf
Мислам дека во член 16 за потрошувачки кредити (кого го интересира) може да види дека се плаќа максимум до 1%
 
Банката со ддоговорот за кредит утрвдува дека ти ке им плаќаш нив секој месец одредена рата. И уствари ако си исплати кредитот предвремен се прекршува договорот. (со договорите банките се заштитени) И што е најлошо банките на почетокот од исплатата, ратата има повеќе камата отколку главнина. Банката ја собира каматата во почетокот. И кога го исплаќаш однапред пеналите ти се екстра, два пати плаќаш. Затоа треба да се внимава кога се подига кредит. Треба да побарате од банката да ви даде амортизационен план. Тука се представени одплатите за секој месец, колкав дел е главнина и камата.
 
Абе се читаш шо напиша? Ај прочитај уште еднаш...

Шозбораш бе... банката одлучила да ИНВЕСТИРА во МЕНЕ кога ми доделила кредит. Да, ја губат можноста да инвестирање на тие пари дури не ги вратам, мада тоа е нивна одлука. И ако јас ги вратам порано парите, баш поради таа можност за ново инвестирање на трето место треба да сакаат да ги примат. Ем ги враќам сосе интерес (камата, заработка како сакаш наречи го) ем ги нејќат, ме тераат да се тегнам 1 година по шалтери.

Па ти да не мислиш за лепи очи ти дале кредит?
Нормално дека тие пари они ти ги даваат за да заработат. дали ќе ги вложат во акции, оврзници или во кредити, битно име е од вложените пари колку ќе заработат. сеа терминологијата не ни одговара нас, демек банката вложува во нас, ама тоа е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom