Хахаха, џимеј е луд. Како раскажуваш приказни (факина).
Ајде и јас својата приказна, само малку пократко. Ова ме потсеќа на оние собиранките на alcoholics anonymous каде секој кажува како станал алкохоличар...
Инаку, јас ја симнав серијава летоска лани откако прочитав коментар на јутуб на клип од Сопранови која до тогаш беше мојата омилена серија, се сеќавам дека некој имаше напишано коментар од типот единствена серија за која би рекол е подобра од оваа е Брејкинг Бед. Wtf is Breaking Bad, што збори овој? Башка неколку лајка на коментарот, значи се согласуваат некои со него и тоа на Sopranos видео? Отворив имдб, видов оценка и прочитав кратка содржина, ги симнав сите три сезони зошто ми беше досадно и ми пропаднаа плановите за одмор, и така, ја пуштив... скептичен...
Пилотот интересен, втората епизода уште поинтересна, третата, четвртата, петтата... Wtf happened ги изгледав сите три сезони за четири-пет дена?! Се сеќавам чекав да дојде 12 ипол - 1 по полноќ, да легнат сите да спијат и да ми ослободат и телевизор и се. Се буди татко ми за на работа во седум и пол сабајле, ме гледа мене во дневна, сум се окезил и зјапам во телевизорот... Потоа ќе леггнев ко вол и ќе спиев до 6-7 попладне, ќе се разбудед, телевизорот зафатен, ќе изгледав една-две епизоди на компјутер, па и тој ќе ми го зафатеа. Тепав време надвор низ маало до па враќање дома and here we go again. И така едно пет дена по ред.
Четвртата сезона ја симнував епизода по епизода од пајретбеј зошто замунда доцнат неколку саати, а тоа е премногу кога се работи за ББ!
Читав дека на некои форумџии овде им биле досадни некои епизоди, многу споро се развивала приказната итн. Мене не, јас толку се зацепав по серијава што ниедна ама ниедна епизода не ми беше досадна ниту глупава. Критичко размислување, аут. "На оваа епизода и давам осмица, на оваа деветка" бла бла јас на сите десетки им давам. Тоа ти е ко она, на пример кога на некого идоли му се Роберт Дениро и Ал Пачино и вика "да снимат филм како читаат именик на глас не би ми било досадно да ги гледам". Исто и јас со серијава и актерите.
И за крај:
*Reads this*
џимеј: Како што SFU промени многу нешта во мене
...
