Повеќе причини да бидеш атеист

Во што верувате?

  • Во Бог

    Гласови: 522 50,0%
  • Во Науката

    Гласови: 523 50,0%

  • Вкупно гласачи
    1.045
Член од
25 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
9
ДБацк, навистина разочаруваш. Кон светото се однесуваш потполно неазумно. Тоа што го напиша ќе го сметам како лапсус, а не како твој став, што е тоа љубов. Ако тоа што го напиша, е љубовта за тебе, тогаш си за жалење.
Велиш, љубовта не се мери со ништо, па едноставно ќе те прашам директно, како ќе ја докажеш својата љубов? Како ќе докажеш дека имаш љубов кон своите родители, кон својата сопруга, ако си во брак, кон своите деца, ако ги имаш? Или не треба да ја докажуваш? Ако не ја докажуваш, ако не ја живееш, ако не ја исповедуваш постојано, дали таа, љубовта, постои?
Или за тебе сето ова е глупост и може да се игра мајтап, бидејќи ти си атеист, кој ги надминал оние кои се „заблудени“ во верата и веруваат во „некаков“ Бог Господ Исус Христос, и сега си „слободен“. Слободен од што?
Од љубовта?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:00 AM ---

Што е подобро, да се добива или да се дава?
Зарем љубовта не е ограничена? Како атеистие ќе одговорат со љубов на некој кој им штети? Ќе има љубов према него?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:06 AM ---

Најголемата глупост од некој кој вели дека е атеист. Ако не веруваш во Бог Јахеве, како тој може да биде убиец, кога не постои, кога е приказна?
Тоа ти е како да кажеш дека дедо Мраз е најголемиот доброчинител и сите добри работи што ги имаш дома дедо Мраз ти ги дал, а не се од твојот труд и пари.
Ако веруваш дека се ти е од дедо Мраз, тогаш можеш да тврдиш дека Бог Јахве е убиец.
Веруваш дека постои дедо Мраз?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:15 AM ---

Бидејки така убаво ти легна сабајлечки, еве уште еднаш сабајлечки. Дали постојат повеке видови љубов? Ти наведуваш дека љубовта е ПОЈАВА на меѓусебен однос помеѓу муѓето, маж и жена, итн. да не повторувам.
Како појава, таа и не мора да се појави, така?
Тогаш што е тоа што го чуствуваш, тоа што ти е на совест во однос на своите родители? Дали тоа е љубов или појава или нешто недефинирано? Спрема своите деца? Спрема пријателите? Дали тоа е иста „појава“ или различна? (Иста љубов, или има повеќе видови љубов?).
Сексот не е љубов, но е дел од љубовта кон својата сопруга.
definirani se tri vida na lubov vo nasiot jazik nema dovolno zborovi vo latinskiot najdobro se opisani ..EROS FILIO I AGAPE...eros megupolova....filio bratska....i agape Bozja ljubov
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бре стручњаци за љубов овде, сите сте за кај Опра во емисија.

Божја љубов. Што е тоа, љубовта на Бог кон нас, милион пати демонстрирана низ историјата?

Содома и Гомора, потопот, Аушвиц... Се смета дека околу 200 милијарди луѓе досега умреле во историјата, една четвртина од нив со насилна смрт. Толку многу љубов...

Или е пак љубовта на поедницни кон замисленото другарче наречено Бог. Поединци кои воглавно не успеале да остварат квалитетен однос со друго човечко битие, па ја трансферирале својата наклоност кон измислени ентитети?

Ах, љубов...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Најголемата глупост од некој кој вели дека е атеист. Ако не веруваш во Бог Јахеве, како тој може да биде убиец, кога не постои, кога е приказна?
Тоа ти е како да кажеш дека дедо Мраз е најголемиот доброчинител и сите добри работи што ги имаш дома дедо Мраз ти ги дал, а не се од твојот труд и пари.
Ако веруваш дека се ти е од дедо Мраз, тогаш можеш да тврдиш дека Бог Јахве е убиец.
Веруваш дека постои дедо Мраз?
Бога да чува....
Моите ставови ти се кристално јасно. Најголемата глупост е што ти веруваш во таквиот измислен бог кој што (според еврејските народни прикаски) е најголемиот убиец.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Бога да чува....
Моите ставови ти се кристално јасно. Најголемата глупост е што ти веруваш во таквиот измислен бог кој што (според еврејските народни прикаски) е најголемиот убиец.
Тоа што јас верувам е моја работа. И ако јас верувам, тогаш јас можам да кажам или да не кажам. Но како ти кој што со животот тврдиш дека нема Бог, велиш дека Бог е убиец? Ако тврдиш дека тоа се еврејски народни приказни, па што тебе те боли оти тие си измислиле некој си Бог и тој Бог бил страшен, моќен итн. Нивни приказни. И ние си имаме приказни заИтар Пејо, нели? И сега некој авганистанец, да ни соли памет. Нема врска. Затоа, како што велиш дека не веруваш, зошто даваш такви изјави. Тоа е глупо. Велиш дека не постои дедо Мраз, а истовремено тврдиш дека дедо Мраз е најдобриот човек на светот? Има ли смилса.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тоа што јас верувам е моја работа. И ако јас верувам, тогаш јас можам да кажам или да не кажам. Но како ти кој што со животот тврдиш дека нема Бог, велиш дека Бог е убиец? Ако тврдиш дека тоа се еврејски народни приказни, па што тебе те боли оти тие си измислиле некој си Бог и тој Бог бил страшен, моќен итн. Нивни приказни. И ние си имаме приказни заИтар Пејо, нели? И сега некој авганистанец, да ни соли памет. Нема врска. Затоа, како што велиш дека не веруваш, зошто даваш такви изјави. Тоа е глупо. Велиш дека не постои дедо Мраз, а истовремено тврдиш дека дедо Мраз е најдобриот човек на светот? Има ли смилса.
Моето неверување нема врска фактот дека во народните еврејски прикаски во кои ти веруваш е прикажан како убиец. Ти се допаѓало тоа или не.
 
D

dystopian

Гостин
Тоа што јас верувам е моја работа. И ако јас верувам, тогаш јас можам да кажам или да не кажам. Но како ти кој што со животот тврдиш дека нема Бог, велиш дека Бог е убиец? Ако тврдиш дека тоа се еврејски народни приказни, па што тебе те боли оти тие си измислиле некој си Бог и тој Бог бил страшен, моќен итн. Нивни приказни. И ние си имаме приказни заИтар Пејо, нели? И сега некој авганистанец, да ни соли памет. Нема врска. Затоа, како што велиш дека не веруваш, зошто даваш такви изјави. Тоа е глупо. Велиш дека не постои дедо Мраз, а истовремено тврдиш дека дедо Мраз е најдобриот човек на светот? Има ли смилса.
Па да де, тоа ти е исто како да читаш некоја басна од Лафонтен па сам со своја глава критички да утврдиш кој од ликовите е лош или добар, така му доаѓа.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Велиш, љубовта не се мери со ништо, па едноставно ќе те прашам директно, како ќе ја докажеш својата љубов? Како ќе докажеш дека имаш љубов кон своите родители, кон својата сопруга, ако си во брак, кон своите деца, ако ги имаш? Или не треба да ја докажуваш? Ако не ја докажуваш, ако не ја живееш, ако не ја исповедуваш постојано, дали таа, љубовта, постои?
Или за тебе сето ова е глупост и може да се игра мајтап, бидејќи ти си атеист, кој ги надминал оние кои се „заблудени“ во верата и веруваат во „некаков“ Бог Господ Исус Христос, и сега си „слободен“. Слободен од што?
Од љубовта?
Љубовта се докажува со делата.
Кога јас сакам, не сум истиот што сум бил предходно.....среќата на личноста што ја сакам, ми е поважна од мојата.
Но тука се поставува прашањето дали вие верниците знаете да сакате? Затоа што вашата вера многу јасно и недвосмислено ви кажува дека вие НЕСМЕЕТЕ да сакате никого повеќе од вашиот бог! Што е апсурд и глупост.
Во библијата Исус вели: "Оној што сака мајка или татко, син или ќерка повеќе од мене, не е достоен за мене". Е сега кажи ми ти мене, како успеваш на својата љубов да и ставиш мерач и да ја ограничиш, да ја измериш и да не ја пречекориш, со цел твоите сакани и блиски да не бидат "повеќе сакани" од твојот Исус?
Дали ти ќе бидеш спокоен во рајот ако твоите деца, твојата сакана или твоите родители горат во пеколот, затоа што не го сакале доволно Исус?
 
T

Tetro

Гостин
Бидејки така убаво ти легна сабајлечки, еве уште еднаш сабајлечки. Дали постојат повеке видови љубов? Ти наведуваш дека љубовта е ПОЈАВА на меѓусебен однос помеѓу муѓето, маж и жена, итн. да не повторувам.
Како појава, таа и не мора да се појави, така?
Тогаш што е тоа што го чуствуваш, тоа што ти е на совест во однос на своите родители? Дали тоа е љубов или појава или нешто недефинирано? Спрема своите деца? Спрема пријателите? Дали тоа е иста „појава“ или различна? (Иста љубов, или има повеќе видови љубов?).
Сексот не е љубов, но е дел од љубовта кон својата сопруга.
Нормално дека постојат повеќе видови. Има љубов кон народот, кон татковината, кон мајката, кон телевизорот, кон музичкиот апарат, кон чашката, кон сонцето, кон... кон се она кое го имаме, кое го гледаме,... а кај вас и тоа што не го гледате, и не сте ни малку сигурни дека постои, но сепак, го сакате. Респект
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Тоа што јас верувам е моја работа. И ако јас верувам, тогаш јас можам да кажам или да не кажам. Но како ти кој што со животот тврдиш дека нема Бог, велиш дека Бог е убиец? Ако тврдиш дека тоа се еврејски народни приказни, па што тебе те боли оти тие си измислиле некој си Бог и тој Бог бил страшен, моќен итн. Нивни приказни. И ние си имаме приказни заИтар Пејо, нели? И сега некој авганистанец, да ни соли памет. Нема врска. Затоа, како што велиш дека не веруваш, зошто даваш такви изјави. Тоа е глупо. Велиш дека не постои дедо Мраз, а истовремено тврдиш дека дедо Мраз е најдобриот човек на светот? Има ли смилса.
Апсолутно точно. Верувај и понатака со целото твое тело и дух брате Јоан.

ТИ си целосен Христијанин, за разлика од мене на пример кој е 7/8 (седум осмини) Христијанин односно од вратот до петите. Јеби га таа 1/8 (една осмина) што отпаѓа на главата и се што има у неа подлежи на други дефиниции, за жал:(
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
ДБацк, навистина разочаруваш. Кон светото се однесуваш потполно неазумно.
Не одговараш, а, Јоане? Тешко ли ти е?

Како е неразумно да се согласиш со твојата жена дека таа треба да живее, наместо да умре?

Дали ти би се сложил, женати да абортира плод за да остане жива?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Тоа е точно, ама технички, Во пракса децата немаат сеќавања од првите години, а во првите сеќавања што ќе им останат ќе им се сите адети/учења/икони а прекрстувањето за среќа ќе им биде рефлекс. Јас сеуште ги памтам сите икони по дома и секоја можам да ја наредам на своето место по сеќавање. Ако си се родил во религиозна фамилија, со здравје да си го носиш чипот.
Грешка - луѓето никогаш ништо не забораваат, само повеќето сеќавања се натрупуваат и задскриваат, и се заменуваат со нови и посвежи - човекот никогаш не заборава вистински ништо.
Имаме учено мн за тоа - а сигурно си слушнал - за ИБС (искуства блиски до смртта) кога човекот се сеќава на настани од своето најрано детство итн (при клиничка смрт на пример) или пак под хипноза.
Пред некој ден на психопатологија професорката зборуваше за едно детенце со кое работи (психијатар е професорката) кога се родило, одбивало секаков контакт со таткото - буквално плачело и се тресело при слушањето на неговиот глас - но било мирно доколку таткото молчел и го земел во раце. По долги разговори со психолози, таткото признал дека за време на бременоста често се карале со мајката и тој многу го повишувал гласот - мајката била уплашена, со тоа и самиот плод - но останало во сеќавањето на детето дека ,тој глас, значи - опасност, стрес.
Мислам имаше скоро слична ваква статија некаде, не сум сигурна.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Во библијата Исус вели: "Оној што сака мајка или татко, син или ќерка повеќе од мене, не е достоен за мене"

Не разбираш што сакал да каже за жал...како и обично.
Рационализацијата не те води нигде.
Воден си од гнев, тоа па бетер е препрека.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не разбираш што сакал да каже за жал...како и обично.
Рационализацијата не те води нигде.
Воден си од гнев, тоа па бетер е препрека.
Епа не сме сите совршени како тебе Игорче.....то ти је, судбина.:)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Епа не сме сите совршени како тебе Игорче.....то ти је, судбина.:)
Фала богу да сите не можат да бидат исти.
Ама тоа важи за точно определен момент во времето.
Кога би се земало во целина тогаш на крај сите би биле исти.
Кој порано кој подоцна сите имаат иста судбина.

Јас не го бранам христијанството, нити го напаѓам сатанизмот во овој случај.
Ај погледни се ти што правиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom