ДБацк, навистина разочаруваш. Кон светото се однесуваш потполно неазумно. Тоа што го напиша ќе го сметам како лапсус, а не како твој став, што е тоа љубов. Ако тоа што го напиша, е љубовта за тебе, тогаш си за жалење.
Велиш, љубовта не се мери со ништо, па едноставно ќе те прашам директно, како ќе ја докажеш својата љубов? Како ќе докажеш дека имаш љубов кон своите родители, кон својата сопруга, ако си во брак, кон своите деца, ако ги имаш? Или не треба да ја докажуваш? Ако не ја докажуваш, ако не ја живееш, ако не ја исповедуваш постојано, дали таа, љубовта, постои?
Или за тебе сето ова е глупост и може да се игра мајтап, бидејќи ти си атеист, кој ги надминал оние кои се „заблудени“ во верата и веруваат во „некаков“ Бог Господ Исус Христос, и сега си „слободен“. Слободен од што?
Од љубовта?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:00 AM ---
Што е подобро, да се добива или да се дава?
Зарем љубовта не е ограничена? Како атеистие ќе одговорат со љубов на некој кој им штети? Ќе има љубов према него?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:06 AM ---
Најголемата глупост од некој кој вели дека е атеист. Ако не веруваш во Бог Јахеве, како тој може да биде убиец, кога не постои, кога е приказна?
Тоа ти е како да кажеш дека дедо Мраз е најголемиот доброчинител и сите добри работи што ги имаш дома дедо Мраз ти ги дал, а не се од твојот труд и пари.
Ако веруваш дека се ти е од дедо Мраз, тогаш можеш да тврдиш дека Бог Јахве е убиец.
Веруваш дека постои дедо Мраз?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:15 AM ---
Бидејки така убаво ти легна сабајлечки, еве уште еднаш сабајлечки. Дали постојат повеке видови љубов? Ти наведуваш дека љубовта е ПОЈАВА на меѓусебен однос помеѓу муѓето, маж и жена, итн. да не повторувам.
Како појава, таа и не мора да се појави, така?
Тогаш што е тоа што го чуствуваш, тоа што ти е на совест во однос на своите родители? Дали тоа е љубов или појава или нешто недефинирано? Спрема своите деца? Спрема пријателите? Дали тоа е иста „појава“ или различна? (Иста љубов, или има повеќе видови љубов?).
Сексот не е љубов, но е дел од љубовта кон својата сопруга.