Фан клуб - РК Вардар

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Лазаров 6 гола сега претходната 7..... Ја гледал некој утакмицата да каже као играл ?
Ова излеа ја коа не го глеам добро игра :D
Добар беше,6 гола и три асистенции,две кон Столе и една кон Николиќ. Но сеуште ги има оние моменти карактеристични за него кога шутира од неизградени позиции и губи самодоверба. Тука мислам дека Вујо прави една добра работа со него сезонава,го форсира дури и кога не му оди,и му дава слобода во нападот. Тие двата паса кон Столе беа стварно добри.

инаку за играта,ВАРДАР играше топ 40тина минути и бевме во контрола на резултатот.и како по обичај мора да падне играта на крајот. Ојлески зверот шибна гол од негова позиција иако беше тешко и после Борко го фати пеналот. Не бранеше цела утакмица при крај влезе.

Реално имаме шанси за фајнлфор. Тимот изгледа подобро од почетокот иако уште неможам да го поднесам Петриќ старото магаре. Нападот за разлика од почетокот тече помазно и се гледа дека нешто креираат. Голема надеж полагам во Ојлески. Одбраната пушташе некои глупи голови при крајот.

Најмногу ме радува што македонските играчи се покажуваат во добро светло и против екипи како Загреб и Нексе

медоЛино и Наум беа на трибини
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.755
Сега има пауза до 12 ноември во СЕХА лигата.
Следен меч е гостувањето кај Извиѓач во Љубушки, местото во кое испаднавме од Европските натпреварувања.
Време е за одмазда. Ех што сакам да им вратиме со победа на нивни терен!
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Сега има пауза до 12 ноември во СЕХА лигата.
Следен меч е гостувањето кај Извиѓач во Љубушки, местото во кое испаднавме од Европските натпреварувања.
Време е за одмазда. Ех што сакам да им вратиме со победа на нивни терен!
Победа со 1 гол разлика (28:27) против Извиѓач. Се ми се чини дека намерно испаднавме од нив во ЕХФ Купот.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ И јас мислам дека така е, и мислам дека добро направија, немаше шанси со овој тим пак да повторат она од лани, само нека продолжат во Сеха вака, ќе биде фантастично да имаме 2 екипи во фајнл форот.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Победа со 1 гол разлика (28:27) против Извиѓач. Се ми се чини дека намерно испаднавме од нив во ЕХФ Купот.
Зошто намерно? Да не има шанси Вардар да ја освои Сеха лигата?
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Зошто намерно? Да не има шанси Вардар да ја освои Сеха лигата?
Добро де бато,спортски е да се надеваме,не мора со вакви саркастични коментари,свесни сме за квалитетот на годинашниот тим
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.755
Зошто намерно? Да не има шанси Вардар да ја освои Сеха лигата?
Па да не ќе го освои купот на ЕХФ???
Подобро што отпаднаа. Извиѓач го доби Магдевург за противник. Кои ни се шансите на нас со Магдебург. Вака бар се концентрираа на СЕХА лигата и атакување на првите 4 позиции. Фајнл-форот е метата на Вардар сезонава!
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Зошто намерно? Да не има шанси Вардар да ја освои Сеха лигата?
Што да не им е забрането можда да имаат такви планови!? Ако не да ти пратат едно соопштение со извинување што уопште се дрзнале да помислат дека имаат шанси! Бог да чува!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.755
Ljubuški, 12.11.2011. godine.
Gradska športska dvorana Gledatelja 800.
Suci: Miloš Ražnjatović i Ivan Pavičević (Crna Gora).
Nadzornik: Zahid Crnkić (Zenica).

HRK Izviđač Mi Grupa: Burić (6 obrana, 3 sedmerca), Tolić (8 obrana), Miličević, Milas, Malinović 7, Zeljić 3, Grbavac, S. Burić 5, Matić 6, Kordić, Boras 1, Vegar, Ilić 4, Džeba 1, Pavlak, Tomić.
Trener: Zdenko Grbavac.

RK Vardar: Abadžić (5 obrana), Ristovski (8 obrana, 2 sedmerca), Stoilov 1, Ojlevski 9, Markoski, Nikolić 2, Simović 4, Doder 3, Kukoski 1, Sobol, Petrić 1, Jovčevski 2, Lazarov 5, Angjelovski.
Trener: Veselin Vujović.

Sedmerci: Izviđač 3/1, Vardar 6/3.
Isključenja: Izviđač 8, Vardar 2 minuta.
http://www.izvidjac.com/2010_2011/20111112.htm

Ојлески 9 гола. Нека не го зимаат пак за репрезентација!
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Ојлески 9 гола. Нека не го зимаат пак за репрезентација!
Бато и да знаеш дека и да го земат нема да има позначајни минути на ЕП. Дај боже да има момакот шанса,но нема звучно презиме,така да очекувам Манасков да им биде во преден план,само затоа што дал 3-4 ефективни гола за селолург против Ш противници.

Само нека гази дечкото,ќе дојде и неговото време!
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Браво паметњаковиќ...со самото пишување селолург се гледа кој е сељак.Дал 3,4 гола против Ш противници.:tapp: Ш противници во ЛШ а? или овој Љубушки е Ш тимот против кој се распалил еднаш.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.755
^ Браво паметњаковиќ...со самото пишување селолург се гледа кој е сељак.Дал 3,4 гола против Ш противници.:tapp: Ш противници во ЛШ а? или овој Љубушки е Ш тимот против кој се распалил еднаш.
Ојески веќе неколку кола по ред е најдобар играч во Вардар ПРО.
И самиот сум свесен дека Ојлески нема никогаш да добие место пред Манасков, но Манасков може да биде земен во тимот како ЛЕВ БЕК (што и беше неговата почетна позиција), по што би се отворило место за Ојлески како лево крило. Манасков може да си ротира како лево крило.
Видовме дека Алушевски слабо игра во последно време, но сепак неговото искуство и пожртвуваност знаат да бидат од пресудно значење.
Овој шампионат треба да му биде последен, после тоа на Ојлески ќе му биде отворено местото во националниот состав заедно со малиот Манасков.
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
^ Браво паметњаковиќ...со самото пишување селолург се гледа кој е сељак.Дал 3,4 гола против Ш противници.:tapp: Ш противници во ЛШ а? или овој Љубушки е Ш тимот против кој се распалил еднаш.
Пријателе,фан клуб на Вардар е ова. Како сакам можам да ги наречам ривалите на мојот клуб. Не ме гледаш да одам во фан клубот на ривалот и таму да тролам. Инаку благодарам на класификацијата сељак,иако не ме познаваш лично.

Ојлески игра добро и против солидни противници.А за такви јас ги сметам Нексе и Борац. Те молам извини ако и овие не се солидни по твои стандарди. Мене муабетот ми беше за непотизмот и врските во репрезентацијата.

И стојам зад тоа дека Манасков мали даде неколку гола во веќе решени натпревари и за репрезентација и за металург. И стојам зад тоа дека Ојлески е подобро крило од него.Исто како што Георгиевски е подобар од Козла а сепак не е викнат во репрезентација. Ако сакаш да водиш дискусија,аргументирај.

А за закачката за ЛШ,сети се кој е првиот македонски клуб што играл во ЛШ. Вардар ги имал своите двобои кој вашиот клуб тек сега ги доживува, Реми со Загреб во Загреб,домашна победа над Магдебург,реми со Адемар Леон. Последното учество на Вардар во ЛШ беше во ектремно тешка група заедно со Кил,Барселона,Колдинг. и не беше возможно да се помине.Сега металург има шанса и тоа е добро за мак ракометот.

Јас сум доволно маж да признаам дека металург моментално има подобар тим. Ми пречи начинот на кој идеа последниве сезони директно ослабувајќи го ВАРДАР. не ми е муабетот за Наум,туку сезоната потоа,земањето на Диви (кој сега е втор голман),Велко,Стефче.

Јасно ми е дека парите го вртат светот и се главен двигател во овие превирања. Тоа е кристално јасно. Па Наум со Вардар имаше загарантирана ЛШ наредната година,но за поголема плата се реши за Металург. Иако,колку за информација ова е прва му е прва сезона во ЛШ. на 30 години. Но тоа е се во ред,како сакаат луѓето нека си ги водат кариерите,јас имам право како навивач на ВАРДАР да не ми биде сеедно ако си одат играчите.

Поздрав
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
  • 10. kolo (19. i 20. novembar)
  • Vardar - Tatran
  • 11. kolo (26. i 27. novembar)
  • Metalurg - Vardar

последните две кола од сеха лига
 

Kajgana Shop

На врв Bottom