Made in Macedonia - колку е важно за Македонската економија ?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Колку е важно да се купуваат домашни производи,каков импулс има тоа врз домашната економија, важно ли е за проширување на домашните фабрики и капацитети и вработување на нови лица ? Колку често купувате домашни производи,им давате ли предност пред странските или ви е сеедно . ?!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Прво наброј ми домашен производ без набавени полупроизводи па да дискутираме.
Бонум шампињони..

Мислев на крајниот производ, т.е. на МК производ а не од каде набавиле суровина некоја
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
мене многу ми е гајле дали е домашен производ или странски, ако ми се сфиѓа или ми треба , си го купувам
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Покрај милка и нестле да купувам европа чоколади? Ни на сон!
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Покрај милка и нестле да купувам европа чоколади? Ни на сон!
Европа во последно време се подобрија како што знам, и ако им влезеш во продавница види дали имаат тазе банџи или касато. Особено касатото е подобро и од милка чоколадите.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Прво наброј ми домашен производ без набавени полупроизводи па да дискутираме.
И во многу поразвиени економии работат така, па немале проблеми со домашните производи.Баш напротив, секогаш имале предност.Можда поголем проблем е странската сопственост на голем број наши фирми (ИМБ, Агроплод, МКП и други), па голем дел од крајните добивки нема да завршат овде.
--- надополнето: Nov 1, 2011 11:38 AM ---
Покрај милка и нестле да купувам европа чоколади? Ни на сон!
Нестле мејд ин Булгарија ? :P
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Бонум шампињони..

Мислев на крајниот производ, т.е. на МК производ а не од каде набавиле суровина некоја
Бонум набавува од Србија и Полска.
Друг?

Значи македонското стопанство е така конструирано што ние воглавном немаме домашен производ. Е сега ако збориме за „домашен“ производ, тогаш да, освен што ја подигаме домашната компанија, отвараме работни места и имаме изливи на девизни резерви од земјава.
--- надополнето: Nov 1, 2011 11:50 AM ---
И во многу поразвиени економии работат така, па немале проблеми со домашните производи.Баш напротив, секогаш имале предност.Можда поголем проблем е странската сопственост на голем број наши фирми (ИМБ, Агроплод, МКП и други), па голем дел од крајните добивки нема да завршат овде.
--- надополнето: Nov 1, 2011 11:38 AM ---
Галеб не дека е проблем, туку ние немаме ланец на производство за да го извршиме целиот процес во било кој сектор. Значи ние немаме ни еден сектор за готов производ, затоа и преживуваме овие години.
Цитро праша за домашен производ, па треба да знае дека такво нешто не постои, освен рачна изработка на накит ( и тоа се прашувам од кај го носат).
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Покрај милка и нестле да купувам европа чоколади? Ни на сон!
Леле јас па обожавам од Европа, посебно чоколадните бомбони :) Јадам и милка, ама тие од Европа ми се некако поубави. Влези во Европа, избери си така од сите што се изложени по едно, пробај ги, па ќе видиш за што зборувам ;)

Инаку јас мислам дека имаме квалитетни македонски производи, и дека ако обрнеме повеќе внимание на тоа би имале подобрување во економијата. Вината што ги произведуваме на пример. Да бевме малку со поголема свест немаше толку лозја залудно да пропаѓаат туку ќе се сконцентриравме повеке на тоа производство, ќе се занимававме малку повеќе со амбалажата негова, извозот негов...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Бонум набавува од Србија и Полска.
Друг?

Значи македонското стопанство е така конструирано што ние воглавном немаме домашен производ. Е сега ако збориме за „домашен“ производ, тогаш да, освен што ја подигаме домашната компанија, отвараме работни места и имаме изливи на девизни резерви од земјава.
Што набавува од Србија и Полска ? Знам дека имаат откупни центри од печурки до ајварка се кај нас се откупува.. теглите се прават во наша фабрика,со наша вода..едино сол и конзерванс ако се увезува
 
I

Iblis

Гостин
Прво наброј ми домашен производ без набавени полупроизводи па да дискутираме.
АјвЕр/пинџур од Пајдаков, исто така и другите преработки од зеленчук.
Знам дека не е чоколада, ама е производ според горе наведените карактеристики. :coffee:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Битолско млеко не купувам веќе две години поради увозот на српско млеко во мк амбалажа. Секогаш во маркет внимавам да ги одберам македонските производи.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што набавува од Србија и Полска ? Знам дека имаат откупни центри од печурки до ајварка се кај нас се откупува.. теглите се прават во наша фабрика,со наша вода..едино сол и конзерванс ако се увезува
Увезуваат и тегли, увезуваат и концентрат за печурки и плус се најголеми неплаќачи редовни се во македонските судови.

Туку муабетот ми е дека имаат се во Македонија, но поради неплаќање, високи цени, завист и слични карактеристки не откупуваат од Македонија и да создадеме домашен производ туку дел набавуваат и затоа Македонија има вечен трговски дефицит (одлив на девизи).
Ако сите соработуваат Македонија ќе процвета, али не е така. Така да јас силно ја подржувам кампањата да се купуваат Македонски производи зошто тоа нас ни оди во прилог.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Покрај милка и нестле да купувам европа чоколади? Ни на сон!
Европа чоколадите се топ, само жалосно е шо Европа не замараат со реклами по ТВ, затоа сите по дифолт се фаќаат за добро изрекламиран бренд.
Имаме ние и те какви квалитетни производи, само не се изрекламирани. Нашите црепови штедат на најважното - реклама и амбалажа.
Не може Европа 100 години да опстојува на пазарот со една иста амбалажа на производи. Стварно желе бонбоните им се врв, ама ко ќе ја видам амбалажата ми се плаче. Чоколадните бонбони се 100 пати боље од на Краш, ама не можеш на гости да ги однесеш од причина шо амбалажата им е крш.
Еве имале и веб страна, па чисто да видите дали ова личи на амбалажа за бонбоњера


или чоколадиве




Се додека во фирмите се вработуваат ќерки, синови, внучиња, братучетки за да не седат дома, туку да клатат врата и да зимаат плата, сеа не е важно шо не ги бива за функцијата на кои се поставени (битно фирмата е у раце на фамилијата) ќе си купуваме странски производи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom