Животно осигурување!

Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
Сакам да отворам нова тема за отворена дебата за животното осигурување... Ме интересираат Вашите мислења за тоа и колку сте Вие запознати со програмата за животно осигурување! Дали имате полиса за животно осигурување, планирате да правите или пак се двоумите сеуште?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.207
Поени од реакции
34.444
Ќе земам животно осигурување тогаш кога животното осигурување ќе опфаќа враќање во живот во случај на смрт. Се друго ми е некако бесмислено, нели?
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
Ќе земам животно осигурување тогаш кога животното осигурување ќе опфаќа враќање во живот во случај на смрт. Се друго ми е некако бесмислено, нели?
Бесмислено е да се штеди? Семејството да биде финансиски заштитено во случај на смрт? Бесмислено е да сакаме да си обезбедиме подобар живот за нас и нашите најблиски во иднина?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.207
Поени од реакции
34.444
Бесмислено е да се штеди? Семејството да биде финансиски заштитено во случај на смрт? Бесмислено е да сакаме да си обезбедиме подобар живот за нас и нашите најблиски во иднина?
Фала богу дека треба да му обезбедиме пристоен живот на семејството.
Но, ако чекам јас финансиски да го заштитам моето семејство преку мојата смрт (или преку осигурување), тогаш стварно не заслужувам да живеам.
 
Никој не рече дека преку нечија смрт треба да се обезбеди подобра иднина на најблиските! Со самото штедење и на крај очекуваната добивка со која го завршиваме нашиот договор за штедење и со доживување на животното осигурување обезбедуваме подобра иднина! Немора да се случи трагичен случај ;) Но сепак ова е единствена програма во светото која нуди финансиска заштита на најблиските во случај на смрт! Јас лично за мене незнам кога и на кој начин ќе дојде ’’сидниот ден’’ за мене... Ако има некој потпишано договор на нотар за тоа со Господ - ’’скидам капу’’
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.207
Поени од реакции
34.444
Никој не рече дека преку нечија смрт треба да се обезбеди подобра иднина на најблиските!
Да? Јас па мислам дека преку овој дел, јасно потенцираше дека во случај на смрт моето семејство ќе биде финансиски обезбедено:
Бесмислено е да се штеди? Семејството да биде финансиски заштитено во случај на смрт? Бесмислено е да сакаме да си обезбедиме подобар живот за нас и нашите најблиски во иднина?
За останатото, во ред. Претпоставувам дека има луѓе кои би плаќале за финансиски да му помогнат на своето семејство по нивната смрт. Но, ова би го именувал како „посмртна компензација“ или „штеди/умри/па нека земат пари другите“ начин на вртење на парите, а не „животно осигурување“ :)

Би осигурал стан или имот. За животот - не велам дека во иднина нема да се осигурам, но сеуште не ја гледам поентата.
Ако ми е за штедење, банките и тестаментот исто така ќе завршат работа.
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
Би осигурал стан или имот. За животот - не велам дека во иднина нема да се осигурам, но сеуште не ја гледам поентата.
Зарем материјалните работи се поважни од еден живот? Жалосно... Зар не?
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Зарем материјалните работи се поважни од еден живот? Жалосно... Зар не?
Материјалните работи може да се вратат и надоместат, животот не, и како таков не може да се осигура. Ако ти се запали станот и ако ти е осигуран осигурителната компанија ќе ти ја надомести штетата и ќе имаш нов стан. Ако се случи несреќен случај и настапи смрт никој не може животот да го надомести, туку пак се сведува на материјално обештетување.
Животното осигурување е како вид на штедење, меѓутоа доколку вложуваш во незадолжителен пензиски фонд, во банка, во инвестициски фондови пак после определен период може да си располагаш со парите кој зависно од временската рамка пораснале за одреден процент.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Со самото штедење и на крај очекуваната добивка со која го завршиваме нашиот договор за штедење и со доживување на животното осигурување обезбедуваме подобра иднина! Немора да се случи трагичен случај ;) Но сепак ова е единствена програма во светото која нуди финансиска заштита на најблиските во случај на смрт! Јас лично за мене незнам кога и на кој начин ќе дојде ’’сидниот ден’’ за мене... Ако има некој потпишано договор на нотар за тоа со Господ - ’’скидам капу’’
Од големите букви забележав дека си од некоја агенција за осигурување и вршиш некој мониторинг на пазар.
Мислам дека форумот Кајгана треба да ти испрати фактура за ова или администраторите да ти дадат бан, а во најмала рака да ти ја избришат темата.
 
Член од
15 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
2
Познавајќи ги нашите осигурителни компании...`боље рат него пакт!`
Пријателе, ниту една од нашите компании не нуди осигурување на живот... Од проста причина што според законот за осигурување на живот, компанија кој сака да го нуди тој програм МОРА својот капитал и капиталот на своите клиенти да биде во 100% РЕосигуран во соодветна РЕосигурителна компанија!
--- надополнето: Oct 31, 2011 3:16 PM ---
Од големите букви забележав дека си од некоја агенција за осигурување и вршиш некој мониторинг на пазар.
Мислам дека форумот Кајгана треба да ти испрати фактура за ова или администраторите да ти дадат бан, а во најмала рака да ти ја избришат темата.
Другар, јас не кријам дека работа за осигурителна компанија, поточно за WVP која е брокерска осигурителна куќа! Јас не отворив тема за реклама, туку само барам мислење од Вас за тоа колку Вие сте запознати со програмот и што мислете за него! Ако аднимистраторите или модераторите на форумов сметаат дека треба да се превземат мерки (како да ме банираат, затворат темата, или било што друго) слободно... Не сум направил ништо што може да се нарече „рекламирање“ ;)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.207
Поени од реакции
34.444
Воопшто нема причина да се затвори темата, или уште помалку, да се банира авторот.
Не шерифувајте без потреба. Назад на дискусијата :)
 
С

сашенко

Гостин
Зарем материјалните работи се поважни од еден живот? Жалосно... Зар не?
Не се поважни ама само нив можеш да ги осигураш.И само нив би ги осигурал.Како ке ми го осигураш животот? За стан и кола би платил, зошто знам дека ке добијам нешто, затоа и плаќам осигуруввање.А што за животот? Убаво си рече Ацид кога ке ми гарантираш дека ке ме вратиш во живот како што и колата ке ја вратиш во функција ке платам животно осгурување.За колата ке ми помогнеш финансиски, како ке ми помогнеш за животот? Со што е тој осигуран? Едино нешто е финансиски добра за фамилијата после, пошто друго нешто не постои што овие агенции би го дале.Доколку го даваат, се разбира
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
јас ќе ги замолам сите кои немаат појма од животно осигурување и од тоа колку тоа значи за едно семејство да не скокаат безвезе и да кракаат дека животот вредел повеќе од материјалното.
Едноставно е ...како нација сеуште немаме висока развиена свест и култура за правично да ја сфатиме потребата од животно осигурување и неговата суштина.
Зашто покрај тоа што сме осигурани ...ние штедиме...Штедиме за нашето семејство.За да му обезбедиме иднина.Подобро од тоа амин.
--- надополнето: Oct 31, 2011 3:55 PM ---
Не се поважни ама само нив можеш да ги осигураш.И само нив би ги осигурал.Како ке ми го осигураш животот? За стан и кола би платил, зошто знам дека ке добијам нешто, затоа и плаќам осигуруввање.А што за животот? Убаво си рече Ацид кога ке ми гарантираш дека ке ме вратиш во живот како што и колата ке ја вратиш во функција ке платам животно осгурување.За колата ке ми помогнеш финансиски, како ке ми помогнеш за животот? Со што е тој осигуран? Едино нешто е финансиски добра за фамилијата после, пошто друго нешто не постои што овие агенции би го дале.Доколку го даваат, се разбира
Животното осигурување не служи за тебе агентот да те врати во живот.Туку во случај на твоја смрт...финансиски им помага на членовите на твоето семејство.Односно им исплаќа одредена сумаи на тој начин ти ги обезбедуваш нив,финансиски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom