Човек-пример за нас младите?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Пријатели, можеби има слична на оваа тема. Но, овде целта ми е да продискутираме:

кој е човекот од Македонија што треба да ни биде пример на наш младите?
кој е човекот што треба да биде наш репер?

знам дека прашањето е тешко и дека изборот е мал, но можеме ли да избереме еден таков.

До скоро, тоа можеби беше Тоше Проески, човек кој беше хуман, живееше чист и искрен живот без пороци, но сега Тоше го нема.

Има ли некој што може да го замени?
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Значи, не дискутираме за личен репер. Таткото и мајката ни се репер скоро на сите од нас. Има и исклучоци, но сигурен сум дека тоа е со причина.

Зборувам за групер репер, на целата младина.

И ве молам, пишете збор-два аргумент зошто баш сте ја избрале таа личност.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
правилно (y)
што има Симон, Милчо или ојле да бидат нечиј репер ?
Па има брат,од 0 почнале стидирале по странство ја остаиле цела младост така, за да бидат сега некој и нешто ..
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
правилно (y)
што има Симон, Милчо или ојле да бидат нечиј репер ?
Па така е. :) Освен ако немаш дисфункционално семејство т.е. родителите ти се наркомани, пијаници, насилници и друг вид на пропалици не гледам причина зошто некој друг освен тие кои те создале и те чуваат да ти бидат репер.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Па има брат,од 0 почнале стидирале по странство ја остаиле цела младост така, за да бидат сега некој и нешто ..
тоа што направиле - и заминале во странство- е нив личен успех и достигнување-
сега ја имаат славата, платени се за тоа и они може да им бидат пример само на нивните деца- мене ни најмалку.
јас исто она што сум го постигнал и ќе го постигнувам и понатаму во животот е мое залагање, мој труд, мој успех- и на него освен мене горди се моите најблиски - репер може да бидам само на моите деца
 
A

Auditore

Гостин
Па едно време беше Тоше како што и самиот си пишал, со неговата смрт и се сомневам дека има достоен барем да влезе во споредба со него.
Интересно е прашањето кој би требало да биде репер за младината, но прашањево опфаќа голема област на однесување и други работи кои што ретко кој човек ги исполнува, некои дури ни делумно.
Но конкретно според мене, репер за секој млад човек треба да бидат неговите родители, какви се такви и да се искористат нивните лоши и добри особини, и да се искористат нивните грешки се со цел да станат подобри и поуспешни личности од нив.
Барем јас така гледам на ова прашање.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
тоа што направиле - и заминале во странство- е нив личен успех и достигнување-
сега ја имаат славата, платени се за тоа и они може да им бидат пример само на нивните деца- мене ни најмалку.
јас исто она што сум го постигнал и ќе го постигнувам и понатаму во животот е мое залагање, мој труд, мој успех- и на него освен мене горди се моите најблиски - репер може да бидам само на моите деца
Не е баш така али твое мислење е не ти се мешам..поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom