Виља: Само Барселона ме интересира
Доколку воопшто и го напушти Местаља ова лето, за Давид Виља како опција постои само една дестинација, а тоа е - Барселона!
И покрај бројните понуди кои пристигнуваат од Манчестер, Челзи и Реал, 27-годишниот Виља на претседателот на Валенсија Мануел Љоренте го извести за своите желби.
Иако со задоволство би останал во Валенсија, свесен за тешката финансиска положба на клубот, тој е подготвен Местаља единствено да го замени со Камп Ноу. Но, во врска со тоа нема никакви официјални известувања - ниту од клубот, ниту од менаџерот, пред се поради почитта кон другите заинтересирани страни.
Оваа недела Виља бил забележан во еден ресторан во Барселона како руча со спортскиот директор на тимот Чики Бегиристаин кој во таа прилика му појаснил што може да очекува доколку дојде на Камп Ноу и кои се плановите на „Каталонците“ за идната сезона.
Што значи, доколку добро се следат изјавите на претставниците од двата тима - Барселона и Валенсија, доаѓаме до заклучокот дека трансферот на Виља е само прашање на време, но дали ќе се случи ќе дознаеме во наредните неколку дена.
Ајде ајде, Виља мислам дека е завршена работа. Ручекот со Чики кажува доволно.
Иначе
еве уште една интересна вест.