Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.183
Поени од реакции
34.752
Впрочем јас и не тврдам дека сум во право за се (што и да подразбираш под тоа). Јас тврдам дека сум во право на оваа тема тука.

Тоа Ванлок vs. Сите, според мене се должи на структурата на учесниците на дискусијава. Мислам дека и самиот увидуваш дека поголемиот број дискутанти се пушачи кои дошле да се жалат на скратувањето на удобноста, додека поголемиот број од непушачите едноставно се задоволни од ситуацијата со законот. Од тие „сите„ што тогаш бевте активни, гледам огромен број веќе си легнавте на брашното.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Тоа Ванлок vs. Сите
Ај ти биди душичка, па сфати една работа. Остај не нас пушачите да се издишиме некаде, еве во право си, ние сите сме будали и скрати се од темата, оти што знаеш немој да те фати некоја клетва само за тоа што им одиш на жегал на сите. Значи ВАНЛОК Е ПРАВ И ОН ЈА ИМА КРАЈНАТА БУКВА ВО ОВАА ДИСКУСИЈА. А сега остај не нас у ова темно ќоше да се жалиме на нашата горка судбина.
 
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
Јас како пушач би кажал дека законот е во ред и би сакал да се почитува насекаде. На почетокот беше малку тешко дур се навикнеш да излегуваш надвор на цигара, но тоа воопшто не ми пречи сега. Дури и мене како пушач ми сметеше целиот тој чад во дискотека или ќебапчилница на пример. Секое задоволство (ако може така да се нарече и цигарата) си има своја цена а порано таа цена ја плаќаа и оние кои воопшто не сакаа да го имаат тоа "задоволство". Непушачите треба да сватат дека секој има право на избор па кога е во прашање и здравјето, а јас би рекол дека не секој непушач е во подобра здравствена состојба од пушачот, тука влијаат и многубројни фактори како исхрана, физичка активност и сл.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.311
Поени од реакции
14.666
Види, еве да Ти кажам едноставно, како на мало дете за дури и Ти да не можеш а да не разбереш.

Оваков закон е непходен токму за луѓе без обзири како што си Ти и на тебе сличните.

Ти си зависник.
Тоа што си зависник по „свој избор„ не го менува фактот дека си зависник. Има други што се свесни дека зависноста не ја оправдува штетата што ја правиш на другите ама Ти не си таков. Тебе ништо не ти значи маката на другите, тебе ти е важно само задоволувањето на зависноста и удобноста.

Нам не ни треба закон што ќе ја глорифицира и разбира зависноста на пушачите. Нам ни треба закон што ќе не заштити од таквите како тебе што во име на некакви права (??!?!!??) без никаква грижа на совеста ќе дозволат да се изложат недолжни луѓе на наштетување на здравјето.

Ова се фактите. Без разлика на твојата неспособност да ги прифатиш. Токму заради овие факти е потребен законот и тоа во ваква форма, без дупките низ кои сакаш да се протнеш.
Крокодилските солзи продолжи да ги лееш ако сакаш, и викај ја законската регулатива како „ниска свест и глупост„... ама во секој случај ќе си ја изнесеш надвор смрдливата ти цигара.

Проблемот е што Ти не можеш да гледаш подалеку од чадот на твојата цигара.

Немам намера повеќе да Ти објаснувам нешто што очигледно си одбрал да не го прифатиш.
Без разлика на твоите бунцања дека нема разлика помеѓу холакаустот и помрднувањето на твојот зачаден задник надвор од кафеаната, писмените луѓе можат да ги прочитаат двете страни и сами да заклучат кој од нас го изгубил контактот со реалноста.

Завршив со тебе, се додека не почнеш да дискутираш без да ги поставуваш твоите лични бунцања како права, закони и неотповикливи догми. Одсега натаму можам само да те поздравувам со пригодни песни и честитки.

Сакав да ти пуштам „Немој плакати на мом прагу, да ми врата не ухвати влагу„ ама немав трпение да ја најдам.

Можеби другпат. До тогаш, пријатно пушење... надвор.
Дискусијата ја завршуваш на единствен можен начин. Не можеш со аргументи, па ти останаа постови преполни со патетика со јасна манипулација и скриена желба за ароганција.

Јас мојата цигара ќе си ја изнесам надвор од кафеаната, таков е законот, ќе ја изнесам надвор и од ова тема, но ти ќе се навраќаш секој ден и ќе препрочитуваш, трпејќи го мојот цигарски дим и смислувајќи аргументи за да одговориш во некоја следна дебата со некои други.

Но, обидот да пронајдеш такви аргументи ќе биде безуспешен, па ќе ти останат само вакви празни муабети преполни со стилски фигури.

Искрено се надавам дека маката и нервозата нема да те натераат да пропушиш. Пријатно, додека не пронајдеш аргументи.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Баш треба да се пуши у кафани кој не пуши тој не ни иде по кафани, домачин чоек пие дома поевтино е башка друштво и музика по свој избор, гледаш задимено е не влегувај, вака сите надвор пушат и коа поминуваш покрај нив ти дуваат у тебе!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.207
Поени од реакции
23.751

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Најприлагоден начин за да можат пушачите да уживаат во искачањето по кафичи е во стилот на "Тренд". Терасата се води како отворено место, а од страните е 80 % заградена со плексиглас, и фучат греалици, скоро исто ко да си внатре.
Сепак, кога не може до крај да се дозволи пушење во цел објект, јас сум да ја вратат поделбата на кафичите, со по неколку места за пушачи и непушачи, затоа што во ситуацијава дискриминирани се пушачите или обратно би биле непушачите.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
829
Поени од реакции
842
WATAFA!!! Во последно време се почесто глеам како не се почитува овој закон.... Али почнува веќе да ги преминува сите граници..

Па пичка му мајчина, зашто овој народ не си ги почитува законите, зошто мора секој да се покаже дека е сељак и да чури во затворен простор, се чусвуствувам дискриминиран зашто ми смета чадот од цигарите, не можам да го поднесувам и се гушам, и денеска за прв пат бев најмногу изреволтиран зашто испијанчена сељачана ми направила дупки по сиво кожно палто кое го платив скапо и ми значеше доста.
од денеска сегде што ќе видам да се пуши се ќе пријавувам... Гајле ми е за газдите, законот е убаво напишан и е на место...
и за сите што сте против овој закон: како ќе ви биде да дојдам и да запалам лук во диско, или да кцкам лук, можда тоа ми се бендисува... ќе засмрдам па да ве видам дали ќе издржете......
Впрочем вие го правите истото, смрдете наоколу со цигари, буквално смрдете и треба да го земете во фактот дека на некого му смрди од Вас!!...
 
P

Princ

Гостин
Ниту еден закон, никаде на земјинава топка, не се почитува доколку мнозинството население не го сака тој закон. Законот не е доволно да се напише само и под автоматизам да очекуваш тој да се почитува. Треба луѓето/населението да го сакаат тој закон, а овој закон, во оваа форма, мнозинството население не го сака. Не дека така велам, туку штом истиот толку многу и често се прекршува... логички...
Примерот со лук не држи вода. Ако во диско од 200 души ти крцкаш лук - ти си друже лудак. Е сега, во истото тоа диско на минимум 100 души (половина) да им се пуши а да не смеат да го направат тоа поради другата половина, нема многу смисла.
Единствен начин законов максимално да се почитува (не велам целосно, секогаш и секаде се кршат закони) е власта
1. или на сопствениците на локалите да остави да одлучат дали во тој конкретен локал се пуши или не
- така ти и јас уште на влез ќе видиме дека локалов е за (не)пушачи, па ќе си влеземе... или нема.
2. или на сопствениците на локали да им наложи да имаат дел за пушачи и дел за непушачи.

Законот далеку од тоа да е убаво напишан и да е на место, и со мене се согласуваат многу луѓе. Затоа и не се почитува нели.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ниту еден закон, никаде на земјинава топка, не се почитува доколку мнозинството население не го сака тој закон. Законот не е доволно да се напише само и под автоматизам да очекуваш тој да се почитува. Треба луѓето/населението да го сакаат тој закон, а овој закон, во оваа форма, мнозинството население не го сака. Не дека така велам, туку штом истиот толку многу и често се прекршува... логички...
Примерот со лук не држи вода. Ако во диско од 200 души ти крцкаш лук - ти си друже лудак. Е сега, во истото тоа диско на минимум 100 души (половина) да им се пуши а да не смеат да го направат тоа поради другата половина, нема многу смисла.
Единствен начин законов максимално да се почитува (не велам целосно, секогаш и секаде се кршат закони) е власта
1. или на сопствениците на локалите да остави да одлучат дали во тој конкретен локал се пуши или не
- така ти и јас уште на влез ќе видиме дека локалов е за (не)пушачи, па ќе си влеземе... или нема.
2. или на сопствениците на локали да им наложи да имаат дел за пушачи и дел за непушачи.

Законот далеку од тоа да е убаво напишан и да е на место, и со мене се согласуваат многу луѓе. Затоа и не се почитува нели.
Не го изразувајте тогаш вие непушачите револтот кон пушачите (со тоа што правите fuck da police и пушите внатре), него направете петиции и што друго може за да се смени.
Ипак, вашиот револт е со власта, не со непушачите.

И да не ме мислиш за лош, пред 5 дена седев на кафе во надворешниот простор на -10, само за другариве пушачи. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom