Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Сега тренеров од Охрид ќе го казнат уште 2 од клупа ,сигурно на нервозата после утакмица почнал со корнење столчиња од трибина :pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Охрид - Ренова извештај.Какви смешни 2 и 3 гол :eek: А тренерот на Охрид видете кај е застанат (1:16 , забрането му е на клупа) !:pos:
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Охрид - Ренова извештај.Какви смешни 2 и 3 гол :eek: А тренерот на Охрид видете кај е застанат (1:16 , забрането му е на клупа) !:pos:
И Изјавата на тренеров на крај е закон: Овај судија треба одмах да се ухапси!!!
Добро е бре Антиќ, па барем ти не кажуј гачки... Не доаѓаш од Шведска, од иста усер-фудбал земја доаѓаш :)
 
П

Паспарту

Гостин
Соопштение од ФК Љуботен: „Хорор фудбал со Прпарими во Речане“

Во нашата редакција пристигна соопштение од УО на ФК Љуботен, член на Третата лига Запад, во врска со настаните на мечот против Прпарими во Речане. Претставниците на Љуботен се жалат дека во Речане не се играло фудбал, туку многу повеќе натпреварот наликувал на кикбокс меч. Напаѓани биле и гостинските фудбалери и судиите, а на крајот мечот завршил 2-2. Во продолжение, во целост го објавуваме соопштението на УО на ФК Љуботен, кое тие замолија да излезе во јавноста.

Денеска фудбалерите на Љуботен заминаа да играат натпревар во рамки на 11. коло од Третата МФЛ во Речане, Гостиварско. И што се случи...Само што пристигнавме во Речане, започна хоророт за 22-члената експедиција на Љуботен. Се уште невлезени во соблекувалните, 5-6 речански "пајташи" почнаа со закани дека Љуботен мора да загуби, а зошто само тие самите си знаеја и споменуваа некакви долгови од пред 15-тина години...

Но, како и да е ХРАБРИТЕ играчи на Љуботен го издржаа почетниот притисок, па натпреварот започна. Се до полувремето и за време на самиот одмор, кога резултатот гласеше 0-0, беше релативно мирно. Но, во вториот дел околу 55. минута Љуботен по фантастичен контранапад од левата страна поведе со 0-1. Е, тогаш настанаа проблемите на теренот, па на немилост се најдоа и судиите кои добиваа и смртни закани дека живи нема да излезат ако Прпарими не изедначи. На еден од помошниците му беше забрането да се движи и наредено да стои на центарот и за секоја акција на Љуботен да крева офсајд, па така и се случи. Но, и покрај таквата ситоација „љуботенци“ цврсто се држеа некаде до 70. минута кога играчите на домаќинот почнаа да маваат и без топка. Во 75 минута домакинот бараше пенал без никаков контакт, на што главниот судија само одмавна...

Е, тогаш по теренот се случи бркотница, нападнати беа судиите, неколкумина селски пајташи влегоа на теренот, па се нафрлија и на играчите на Љуботен и на членовите на стручниот штаб, но за среќа полицијата малку ја смири ситуацијата. Поради смртни закани, судиската тројка која требаше да го прекине натпреварот мораше да продолжи, па јасно беше дека Љуботен ќе биде спречен да победи. Се чекаше моментот кога Прпарими ќе изедначи. После една длабока офсајд ситација, Прпарими изедначи на 1-1, а судијата не смееше да дигне офсајд бидејќи до него стоеја три корпулентни момчиња кои му се закануаваа. Подоцна, се чекаше во секој момент Прпарими да поведе со 2-1, но овојпат судијата што стоеше на центарот, и на кого не му беше дозволено да се движи, не можеше да крене офсајд бидејќи играчот на Љуботен сам од центар ги претрча домашните играчи. Ова се случуваше во 90. минута. Но, и покрај водството од 1-2 за Љуботен беше јасно дека додека не падне гол за домашните, натпреварот ќе се игра, а дел од домашните играчи се закануваа кон судиите со зборовите дека „ако треба и до 7 часот наутро ќе се игра ама Прпарими мора да постигне погодок“.

Маките на експедицијата на Љуботен и на судиската тројка ги спаси главниот судија кој во 96. минута без никаков контакт досуди пенал за Прпарими, по што отиде до нашиот голман и го замоли да не го брани пеналот, за да може да го заврши натпреварот. Така, овој хорор фудбалски (иако повеќе личеше на кикбокс меч) натпревар заврши со резултат 2-2.

После се што издржаа ХЕРОИТЕ на Љуботен на овој натпревар, овој бод е голем како планина. Само се прашуваме до кога вакви екипи ќе постојат?! По завршувањето на натпреварот, како ништо и да не се случило, претставникот на домашните наместо да се засрами од ваквиот чин ги покани играчите на Љуботен на чај, што секако беше категорично одбиено.

Во целата оваа приказна се појави и еден вистински спортист од Речане, а тоа е играчот кој на овој натпревар настапуваше со број „11“, Денис Исмаили, кој единствено застана во одбрана на играчите на Љуботен и на неколкупати влезе во конфликт со своите играчи и стручен штаб, барајќи од нив да не го прават тоа и да се однесуваат спортски, но се беше залудно...Како и да е, Љуботен извлече жива глава и еден огромен бод кој ХЕРОЈСКИ го заработија играчите на Љуботен.


За тие што не знаат, клубот Прпарими од Речане го раководи г-нот Зејди Салиу, инаку претседател на Дисциплинската Комисија на ФФМ и секретар на Третата МФЛ - Запад. Тој присуствуваше на натпреварот и не реагираше на навредите, заканите, шлаканиците, клоците ... на неговите пајташи, Едноставно задоволен од освоениот бод на неговата екипа против големиот Љуботен, си замина од натпреварот. Е вака г-нот Зејди Салиу ќе прави фудбал во Македонија.


У.О. на ФК Љуботен
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2096
 

bootboy

Skopje Bootboys!!!
Член од
29 декември 2008
Мислења
624
Поени од реакции
346
Дискриминација кон ПРПАрими, ништо друго, ова е чиста провокација од страна на Љуботен кон клубот и населението во селото.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.046
Ништо ново кога е трета лига во прашање, не само на Шпонските терени иако таму е поизразито, често вакви случаеви има и по селските терени и кај некои Македонски екипи. Али бар тие имаат колку толку памет во глава, овие ти одат директно на нога, да ти ја искршат на терен...
 
П

Паспарту

Гостин
Дискриминација кон ПРПАрими, ништо друго, ова е чиста провокација од страна на Љуботен кон клубот и населението во селото.
Те молам не шири верска нетрпеливост, ова сигурно некои платеници го направиле, најверојатно со адреса на живеење некаде во Свети Николе...
--- надополнето: Oct 30, 2011 12:45 AM ---
Ништо ново кога е трета лига во прашање, не само на Шпонските терени иако таму е поизразито, често вакви случаеви има и по селските терени и кај некои Македонски екипи. Али бар тие имаат колку толку памет во глава, овие ти одат директно на нога, да ти ја искршат на терен...
--- надополнето: Oct 30, 2011 12:54 AM ---
ПМФЛ: Вардар продолжува со победничкиот од

Вардар ја продолжува победничката серија во македонското првенство денеска очекувано славејќи и на натпреварот против 11 Октомври со 2-0.

„Вардарци“ ја зачуваа предноста од пет бода во однос на Металург откако на дуелот на стадионот во Ѓорче Петров триумфот го најавија уште во 16 минута со голот на Филип Петров. Во второто полувреме со голот на Раденко Бојовиќ во 60 минута само дополнително се осигура победата која во ниту еден момент не беше загрозена од страна на гостите.

Работнички на колена и во Штип

„Романтичарите“ продолжуваат со катастрофалната резултатска серија. Денеска Работнички загуби и од Брегалница во Штип во натпревар со демонстриран одличен фудбал во второто полувреме.

Иако тимот од Скопје во периодот од 50 до 56 минута се стекна со предност од 0-2, сепак домашните фудбалери со одлична игра стигнаа до триумфот од 3-2. Победата дојде во 85 минута со голот од пенал на капитенот Здравков кој претходно беше соборен во казнетиот простор од Панче Ќумбев.

Металург го освои Тетово

Ѓорѓи Христов на третиот свој натпревар на клупата на Металург стигна до деби победата. Тетекс на свој терен денеска потклекна пред „металурзите“ кои до победата стигнаа со головите на Миле Крстев во првото и Баже Илијоски во второто полувреме.

Охрид испушти предност од два гола

Екипата на Охрид 2004 ја продолжи серијата без пораз во Првата лига, меѓутоа денеска пред своите навивачи испушти победа на натпреварот против Ренова.

Нешто слично како и на натпреварот со Напредок охриѓани стигнаа до убедлива предност од 2-0 по само 15 минути игра. Но, повторно сериозен пад во играта на домашните во второто полувреме. Па гостите со автоголот на Лескароски во 68, и со погодокот на Марјан Андонов потоа во 78 минута стигнаа до еден бод.

На Силекс нема кој да му земе бод

И трет едноподруго натпревар кратовски Силекс освојува три бода. Овој пат по налетот на кратовци падна и Напредок кој беше совладан со 2-1.

Составот на Ане Андовски, по претходната победа над Работнички, со уште едно квалитетно издание сега лесно стигна до убава предност против кичевци кои по головите на Насевски и Темелков, единствено што можеа е преку голот на Ристе Маркоски во 57 минута да го ублажат поразот.

ПМФЛ – 12. Коло
Вардар – 11 Октомври 2-0
(Петров 16, Бојовиќ 60)
Охрид 2004 – Ренова 2-2
(Пројков 12, Димоски 15 – Клечкароски 68(аг), Андонов 78)
Брегалница – Работнички 3-2
(Мандак 68, Исени 71, Здравков 85(п) – Велкоски 50, Деспотовски 56)
Тетекс – Металург 0-2
(Крстев 40, Илијоски 62)
Силекс – Напредок 2-1
(Насевски 21, Темелков 49 – Маркоски 57)

ТАБЕЛА: Вардар 30 бода, Металург 25, Шкендија 21 (-1), Силекс 19, Напредок 16, Охрид 16, Работнички 15, Ренова 15, Тетекс 14, Брегалница 12, Хоризонт Т 9 (-1), 11 Октомври 4 бода.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2073
 

B92

Член од
14 октомври 2011
Мислења
331
Поени од реакции
129
Ништо ново кога е трета лига во прашање, не само на Шпонските терени иако таму е поизразито, често вакви случаеви има и по селските терени и кај некои Македонски екипи. Али бар тие имаат колку толку памет во глава, овие ти одат директно на нога, да ти ја искршат на терен...
За болдот , многу мангуп во последно време си станал!

ЈАС ЛИЧНО СУМ ИГРАЛ МНОГУ НАТПРЕВАРИ ВО 3 ЛИГА , И ТОА ВО ЧЕГРАНЕ , ФОРИНО , ЧАЈЛЕ , и знам се како е да се игра таму ...

Кај другите терени , не е така , али има провоцирања , пцуење , и се друго !!!

Али таму кај Чегране , Форино , Чајле , тие се ненорламни , јас во напад играм , а тој одбранбениот играч на Арсими мислам , ми викаа ЕЕЈ НЕ ТРЧАЈ МНОГУ ТИ , ЈАС НЕ можам ВЕЌЕ , ПРОВОЦИРАЊА до коска!!!

тоа е...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Селските лиги се секаде хаос.Кај албанските села е нешто пожустро,но ни по нашиве села не се многу поарни.Знам кај дедо ми во село ги имаат каменувано гостите,во едно друго имам слушнато го бркале попот да го тепаат бидејќи ја благословил екипата,а изгубиле.За тепачки и притисоци врз судии нема потреба да се збори.Имав еден другар судеше по понискиве лиги,ми кажуваше какви се циркузи има по тие селски лиги..... секоја утакмица ко последна да му била.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Шкендија - Хоризонт Турново 2:0

Рутинска победа на Шкендија,одиграа толку колку што им требаше за 3-те бода.Стрелци беа Емини и Куртиши.Вреди да се спомне дека Изаир Емини постигна евро гол.
Солидна посета денеска на Градскиот Стадион во Тетово.Некаде околу 5000-6000 луѓе имаше.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.256
Поени од реакции
2.592
Ајде да видиме извештај од Балисти за изданието денес, потоа фотографии и видео.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Селските лиги се секаде хаос.Кај албанските села е нешто пожустро,но ни по нашиве села не се многу поарни.Знам кај дедо ми во село ги имаат каменувано гостите,во едно друго имам слушнато го бркале попот да го тепаат бидејќи ја благословил екипата,а изгубиле.За тепачки и притисоци врз судии нема потреба да се збори.Имав еден другар судеше по понискиве лиги,ми кажуваше какви се циркузи има по тие селски лиги..... секоја утакмица ко последна да му била.
:pos:
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ајде да видиме извештај од Балисти за изданието денес, потоа фотографии и видео.
Овде нема да има извештај за Балистите! Темата за Шкендија е затворена.

Ако мислиш дека не сме навивале пошто на видеото од спортефе не си не видел позади голот тогаш грешиш.Навивавме од главната трибина и без транспаренти пошто сме казнети во следните 4 натпревари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom