Тргување со валути-FOREX

fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51
Дали некој има искуство со ова HYIP страниве за заработка со инвестирање во нив.
Baner PS 468x60.gif
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
Знае ли некој, дали и на кој начин можат да се изврши трансфер на средства- девизи во стрaнска FOREX брокерска фирма преку BANK WIRE (тоа е банкарска трансакција што не е исто што и трансфер преку кредитна картичка)? Кои документи се потребни да се приложат на Банката? Дали им е дозволено на физички лица да вршат трансфери по овој основ? Истите прашања би ги поставил и по основ на остварена добивка од FOREX?
 
На еторо може слободно да се внесуваат пари преку банк ваер. Само незнам дали може тоа да го прават физички лица или само фирми, затоа јас го користам поедноставниот и побрзиот метод , а тоа е преку дебитна, ВИСА интернет на СТБ- Ск. И при тоа не ми се потребни никакви документи.
 
Знам дека може преку кредитни картички, меѓутоа прашањето е дали може преку обична банкарска трансакција - BANK WIRE? Досега се распрашував во две банки, бидејќи за да испратиш пари на правно лице во странство треба да кажеш по кој основ и да приложиш соодветен документ - фактура, договор итн.. Меѓутоа во банките појма немаат што е тоа FOREX, па незнаат по кој основ треба да се пратат парите. Во некои Банки ми рекоа дека не може бидејќи со закон е забрането да се тргува со валути од Македонија. Им објаснував дека јас лично не правам никаква трговија со валути туку тоа го прави FOREX фирмата каде јас сум клиент и дека сметката што ја отварам во таа фирма не е класична сметка во странска банка (бидејќи и тоа е забрането кај нас, сем ако не приложиш документи дека си печалбар) туку е сметка кај фирмата, но попусто.
Сосема друго е прашањето за подигање на остварената добивка преку нашите банки, бидејќи и за тоа ќе треба да приложиш документи, како и прашањето за даноците по основ на остварена добивка од FOREX.
Молам тие што немаат непосредно искуство со гореспоменатите прашања, односно што досега не се занимавале со гореспоменатата проблематика да не коментираат.
 
fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185

јас сум се занимавал со оваа проблематика али не кокретно со форекс него со онлине страни за обложување... у принцип ако ти ставаш пари преку картичка нема никакви фрки никој не те замара... али кога ќе почнеш да вадиш пари...сите идиотчиња ги интересира од кај ти стигаат...

е сеа на неколку места се обратив никој неможе да ми каже точно дали обложувањето во странство е дозволено или не... и друго дали треба да се плаќа данок на тие пари што ги влечеш назад...

мојот проблем го решив со moneybookers.com што е на еден начин интернет новчаник... така да пракав пари на него... и од него си пракаш каде сакаш... и обратно...ги враќаш на него и после назад... на извешај од картичката ти стои moneybookers.com ако те прашаат нешто ќе си кажеш си купувам од таму на интерент како посигурен начин него од картичка... и коа ќе влечеш ќе кажеш роднини ти пракаат пари преку тоа и готово...

иначе исто така знам дека можеш да идеш у косово и да си отвориш сметка у банка и од таму можеш да праиш што душа ти сака...ни закон ни ништо... али лично неам искуство со тоа...
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Ме интересира кое е буквално минумум потребното време од купување валути преку форекс до вадење на парите од шалтер, без да се пресметува чекање пред шалтер или одење до банка =) ? Озбилно прашувам ако знае некој нека пише билo вака или по ПП
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Прекус СВИФТ треба 2-3 дена за праќање на парите и 2-3 дена за подигање. Преку кредитна картичка би требало да е побрзо ама незнам точно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
Ме интересира кое е буквално минумум потребното време од купување валути преку форекс до вадење на парите од шалтер, без да се пресметува чекање пред шалтер или одење до банка =) ? Озбилно прашувам ако знае некој нека пише билo вака или по ПП
Не можиш да купуваш валути преку ФОРЕХ. Преку ФОРЕХ можеш само да тргуваш со валути пруку одредена програма - платформа, која ти ја нуди ФОРЕХ фирмата. Меѓутоа самото тргување го прави ФОРЕХ фирмата, а ти преку платформата само даваш инструкции. Така на пример не можеш да уплатиш 10000 денари и да купиш евра за тие пари, или да уплатиш 500 евра и да купиш ам. долари за тие пари. Наместо тоа ти всушност ја кредитираш својата сметка со одреден депозит во една валута на пример евра и понатака купуваш и продаваш валути преку платформата што ти ја нуди фирмата и ако си успешен го зголемуваш својот капитал но само во евра. Е сега, при подигање на капиталот одредени фирми дозволуваат да го подигнеш во друга валута од онаа што си уплатил, ама ќе ти наплатат соодветна провизија за тоа (која нема да биде ниска - исто како во банките и менувачниците), и плус ќе ги имаш трошоците за трансфер, плус изгубени неколку дена за самиот трансфер. (Мораш да претпоставиш дека исто така можеш и да го изгубиш и вложениот капитал, ако немаш искуство со ФОРЕХ). Со други зборови бесмислено е да користиш ФОРЕХ фирма за размена на девизи бидејќи тоа и не е сврхата на овие фирми. Постојат во странство други фирми за таа намена, меѓутоа овдешниве закони и банки не го дозволуваат тоа (за да можат тие да профитираат бидејќи банките воедно работат и како менувачници).
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Добро а кој е најбрзиот начин да се пратат пари од и во Македонија и колку е тоа брзо?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
Добро а кој е најбрзиот начин да се пратат пари од и во Македонија и колку е тоа брзо?
Постави го попрецизно барањето: да пратиш кому и од кого: од правно или физичко лице; на правно или физичко лице; колкава сума отприлика; каде во странство?
Сето тоа има значење.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Дали некој има искуство со ова HYIP страниве за заработка со инвестирање во нив.
Не оди на овие страници. Сигурно знаеш дека работат на принцип на Понциева шема, или кај нас е позната како пирамидално штедење какво што имавме порано.
Јас имам некое искуство од овие страници, некој ми препорача една таква страница и навистина извадив пари од таа страница, потоа повторно вложив и така три пати, имав среќа на време да ја напуштам пред да престане да исплаќа. Потоа пробав со неколку други, инаку свесен бев како работат овие страници и мислев дека почетниот успех се должеше на тоа што предходно собирам податоци за тоа за кави страни се работи и дали исплаќаат што нема врска. Се работи за чиста среќа. Потоа две страници не ми исплатија, а кога некој не исплаќа ти пропаѓа и влогот и каматата, така да може 5 да ти исплатат, една да не исплати и пак да си во минус.
После ова не вложував накое време но ете нешто ме излажа пак да вложам во некоја страна за која бев сигурен дека е добра, но само што вложив страната пропадна, така на крај билансот со HYIP е нула, или нешто малку над нула, сега ги избегнувам, немам намера да се коцкам.
Не можеш да знаеш, може да е нова и да не исплаќа, или да е веќе етаблирана и баш кога ќе вложиш да пропадне.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Постави го попрецизно барањето: да пратиш кому и од кого: од правно или физичко лице; на правно или физичко лице; колкава сума отприлика; каде во странство?
Сето тоа има значење.
Се едно за мене еве ако знаеш пиши и за физичко и за правно, ме интересира брзината и процентот на провизија
 
fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51
Не оди на овие страници. Сигурно знаеш дека работат на принцип на Понциева шема, или кај нас е позната како пирамидално штедење какво што имавме порано.
Јас имам некое искуство од овие страници, некој ми препорача една таква страница и навистина извадив пари од таа страница, потоа повторно вложив и така три пати, имав среќа на време да ја напуштам пред да престане да исплаќа. Потоа пробав со неколку други, инаку свесен бев како работат овие страници и мислев дека почетниот успех се должеше на тоа што предходно собирам податоци за тоа за кави страни се работи и дали исплаќаат што нема врска. Се работи за чиста среќа. Потоа две страници не ми исплатија, а кога некој не исплаќа ти пропаѓа и влогот и каматата, така да може 5 да ти исплатат, една да не исплати и пак да си во минус.
После ова не вложував накое време но ете нешто ме излажа пак да вложам во некоја страна за која бев сигурен дека е добра, но само што вложив страната пропадна, така на крај билансот со HYIP е нула, или нешто малку над нула, сега ги избегнувам, немам намера да се коцкам.
Не можеш да знаеш, може да е нова и да не исплаќа, или да е веќе етаблирана и баш кога ќе вложиш да пропадне.
Дефинитивен ЗАКЛУЧОК:
НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ВЛОЖУВА ВО ВАКВИ СРАЊА!
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Му е*баа матер гејциве на еврово, вчера 1,4123 во однос со долар, денеска 1,3701 и сеуште паѓа. Паѓа и цената на нафтата.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Му е*баа матер гејциве на еврово, вчера 1,4123 во однос со долар, денеска 1,3701 и сеуште паѓа. Паѓа и цената на нафтата.
Паѓа се само доларот расте. Берзите се луди идат горе доле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom