Правам некои споредби помеѓу Интер и Рома ... од 2006 до 2010-та година овиа два тима слободно можеме да кажеме дека го имаа главниот збор во Италија, секако Интер ги освојуваше Скудетата и нормално беше за нијанса подобар тим од Рома(чат пат некој Куп и Суперкуп), но и Рома беше тимот кој си тепаше стандардно и беше единствен конкурент на Интер ... тогаш Рома си имаше играчи кои во тие 5 сезони го водеа тимот кон успеси и сигурни победи, играчи како Хуан,Пизаро,Перота,Тадеи, па и Рисе,Бурдисо,Мансини,Вучиниќ и уште некој ... како Рома така и Интер си имаа свои играчи кои ги одбележаа тие успешни сезони како Камбијасо,Станкович,Занети,Самуел, Лусио, Ето,Снајдер и Ибра некое време итн ... како и да е тие беа на некој начин костурот на оваа екипа и клучот за успесите ... е сега тие играчи кои ги наведов во Рома беа исто така клучни претходната сезона, тие беа костурот на Рома, НО се виде дека тука е крајот со тие играчи, се виде дека веќе неможат да играат на високо ниво, годините почнаа да ги газат и формата константно паѓа, исклучок од нив е Мирко кој можеби има уште неколку сезони на ниво во своите нозе, но Мирко беше посебна прича, која секако се вклопи во сивилото од претходната сезона ... е како што Рома беше претходната сезона, сега се уверив дека и Интер го чека таква сезона, Интер на правија некои промени, но не баш големи, сепак костурот на екипата се истите играчи, како и да ја вртиш Камбијасо,Дејо,Самуел,Лусио и Милито се тука и сеуште се главните играчи ви Интер ... затоа според мене на Интер му се потребни големи промени како што Рома направи ова лето, тие промени неможат да се направат во зимскиот преоден рок, не целосно, но со нив може да се започне и ова зима, сепак главнати промени би се случиле наредното лето, кога најпрвин треба да си најдат тренер, но добар тренер кој ќе претставува долгорочно решение за тимот, а потоа треба да мислат на продавање на некој од главните играчи кои веќе ги наведов и донасање на нови, добри засилувања, прилично млади и пред се кои претходната сезона зад себе ја изиграле одлично, значи играчи кои се во добра форма, кои одлично се прикажале претходната сезона ...
знам повеќето нема да се сложат со овој пост, ќе кажат како овој играч може уште една добра сезона да одигра, ама и да има уште една добра сезона во неговите нозе, сепак подобро е промени да се направат уште сега, го продавате играчот земате барем некоја пара за него, се ослободувате од неговата голема плата, а на сметка на тоа земате играч кој е прилично млад и кој е во форма и кој допрва треба да ги прикажува неговите најдобрите партии ...
ова е мое мислење немора да се сложите и немора да го сватете во стил како: "Пупоне сега со овој пост се фали со промените во неговиот тим или на некој начин си ја брани политиката на Рома"