Мислам дека моите може да имаат треба да прашам...
Ќе ти бидам благодарен. Нагласи им дека сакам да купам, не барам за џабе.
Ако ви треба нешто за субституција на нормална микрофлора на црева земете капсули (на пр. линекс). Оваа храна (како и сите тие јогурти со посебни бактерии) нема вакво дејство, бактериите умираат во желудникот, пред да дојдат во цревата, за разлика од капсулите, кои издржуваат до цревата.
Име, во право си дека не треба да се очекува чудо по кратка постапка.
Но не си во право дека нема бенефити од пиењето домашен кефир и јогурт.
(од аспект на обновување на микрофлората збориме)
Не е точно дека сите полезни бактерии ќе изумрат пред да го поминат желудникот. Ова важи особено ако јогуртот/кефирот го пиеш без јадење затоа што оваа храна е лесно сварлива и не се задржува премногу време во желудникот. Се разбира една од причините за ова е фактот што храната е ферментирана односно како таква веќе е делумно дигестирана. Друго овие бактериски култури не се субституција на нашата микрофлора, како што велиш, тие се токму исти такви бактерии какви што веќе имаме во цревата.
Преку неправилна исхрана во модерниот стил на живот, одредени делови на микрофлората имаат проблеми да ја задржат потребната популација што резултира и со одредени проблеми во варењето.
Конзумирање на ваква храна, ферментирана во домашни услови и непастеризирана по ферментацијата, се обновува цревната флора. Освен ферментирани млечни прозиводи, многу полезни се и недестилиран јаболков и вински оцет. Го продава Виталија кај нас, ама и наводно лесно се правело ако веќе правиш вино, така да планирам и ова да пробам да го правам сам.
(инаку јаболковиот недестилиран оцет на Виталија не сум го видел во продавници од прошлата зима)
Како доказ на ова што го зборувам, напиј се чаша јува од зелка или дури и од природно ферментирана зимница. Тврдам дека ќе ти го забрза метаболизмот во краток рок, дури паметно е да планираш да си дома следните неколку часа!

Доказ дека желудечните сокови нема да ги уништат сите бактерии од јувата е забрзаниот метаболизам и... мирисот на... гасовите и изметот, кои ќе подсеќаат на мирисот на самата јува. Звучи како шега, ама одвреме навреме оваа практика е мошне полезна.
Кај јогуртот/кефирот ефектот не е вака нагласен, ама секако се полезни.
Линекс, сам по себе најверојатно е бениген производ но јас сепак онаму каде што можам класичните фармацевтски производи нашироко ги заобиколувам.
Се работи за една нечесна индустрија која не секогаш за главна цел го има здравјето на човештвото. Работите тргнаа напопаку одкако лековите почнаа да се патентираат... ама да не одам офтопик, тоа една сосема различна тема.
П.С. Јас никако не сум стручњак на оваа тема, само ви го пренесувам она што јас го знам. Затоа извинете ме ако погрешив во нешто, и секако поправете ме.