„Тивкиот убиец“ на Велес може да работи – судот ја отфрли тужбата на екологистите

Член од
24 април 2008
Мислења
11.075
Поени од реакции
12.627
Во принцип поддржувам многу поскапа опција од рушењето-релокација на капацитетот ама за жал нема активисти за релокација туку за неаработење и рушење на капацитететот кој е пврзан и со ХИВ и низа други економски субјекти.
Е па, под релокација, односно преместување на топилницата се подразбира истото што се подразбира и под рушење.

Ни јас, а верувам ни велешани, не сакаат уништување на сета таа опрема за производство на метали, слободно нека ја размонтираат таа опрема и нека ја преместат на ненаселено место и пред да ја ремонтираат нека ја модернизираат со најнови филтри и се останато за да не го загадува местото, бидејќи и ненаселеното место заслужува да биде чисто и здраво, односно да не биде масовно загадувано и труено.

А што се однесува до недвижниот имот во склоп на топилницата, секако дека истиот ќе треба да се сруши, бидејќи е недвижен, не може да се премести.

Како и да е, на топилницата МХК Злетово не и е местото ни во Велес ни во било кое друго населено место.

Тоа не е предмет на дебата, туку потреба која колку порано стане реалност, толку подобро ќе биде и за велешани и за сите останати.

Бура од бизнис умови.
Баш би сакала да знам како им изгледа идејата да живеат во град каде пиле не прелетува и е ризик да отвориш прозор да проветрееш.
Велешани се терсене народ. Ама за доброто на сите верувам дека ќе се едногласни.
Од твоја уста во Божји уши !!!
 
B

Black Guard

Гостин
Е па, под релокација, односно преместување на топилницата се подразбира истото што се подразбира и под рушење.
Малку оние молотови и собири замаглија слика а??

Релокацијата е навистина Скапа но ако некој ја тужи државата тогаш нека ја тужи барајќи релоцирање на капацитетот верувајте оставање на топилницата на времето се покажа многу опасно потсетете се...

ОД ТОПИЛНИЦАТА ВО ВЕЛЕС

Ќе се дислоцира сулфурната киселина

Над 200 тони сулфурната киселина, која се закануваше да се излее од Топилницата во Вардар, и да предизвика катастрофални последици како на флората и фауната, така и на животната средина на Велес, во наредниве десет дена, ќе биде дислоцирана. Со цел да не дојде до катастрофа, како врз здравјето на жителите од Велес така и на реката Вардар, Владата го понуди ова решение и да обезбеди пари. Ова, меѓу другото, при вчерашната посета на велешката Топилница, го рече министерот за животна средина и просторно планирање Џелил Бајрами.
Во врска со реагирањето на грчката јавност за опасноста од излевањето на киселината во Вардар и нејзино загадување министерот Џелил Бајрами рече: "Владата на Република Македонија презеде сериозно решение и нема да дозволи киселината да се излие и да ги загади водите на нашата најголема река.
По одржаната средба со стечајниот управник, државниот инспектор за животна средина и дел од ангажираните работници, министерот Бајрами го посети погонот Киселина, каде што се сместени количествата на сулфурна киселина.
(С.А.)
Линк

П.С Грците реагираа и за ОХИс и алкалоид како продавале полуфабрикати за производство на хемиско оружје низ третиот свет....грци:tapp:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.310
Поени од реакции
34.899
...нека работат но согласно законот посебно законот за заштита на животната околина.
Токму ова е она што е потребно. Проблемот е што едноставно топилница за олово не може безбедно да работи во еден град. Дури и со најсовремени филтри и опрема за намалување на исфрлањето на штетните материи. (кои се сомневам дека ќе употреби некој што прави ваква инвестиција во Македонија во моментов)
 
M

Moon Child

Гостин

Авторот на сликата вели:
"Заробено детство 1992 год ја направив оваа фотографија која беше објавена на насловна страница во Македонско сонце, но и во едно списание во Англија. Колку деца од Велес не излегоа од овој кафез?!"

...
 
intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
па и поглупо нешто не сте можеле да смислите транспарентов е врв :(
од велес сум и сум 50 -50 за топилницаа
пееска за да се отвори сосема регулиран погон кој ќе биде со сите заштити кон околината
а пееска сум да не се отвори поради знаењето дека веќе еднаш направи ОГРОМЕН хаос врз населението
- колку што знам велес е еден од најпогодните градови во државава за индрустијата поради трите главни фактори : Река , Автопат, Пруга и поради ова ја избрале оваа локација за топилницата :place:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.169
Поени од реакции
46.330
па и поглупо нешто не сте можеле да смислите транспарентов е врв :(
Ја нит сум од Велес, нит мојот задник е ондека, сликава ја најдов на фејсбук односно велешаниве што ми се пријатели ја имаа закачено а беше превземена oд некоја група или фан пејџ за Велес, поим немам.

Така да таму пренеси им го твојот став дека глупо резонирале со она од погоре, шо да ти кажам друго, ја ставив сликава зашто ова е невообичен начин за изразување на незадоволство кога е во прашање нашава земја.

А од мене имаат ( виртуелен ) палец нагоре за нивните барања со оглед на тоа колку штета виделе од таа топилница и редно е нештата да си ги земат во свои раце и да не дозволат повторно истиот хорор да им се повтори.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
еден од овие тука на сликава ми е професор,сумљам на тој скроз од десно..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Дали е невозможно да се вградат соодветни филтри кои ќе го намалат загадувањето?
Јас живеам многу блиску до Макстил, но сеуште не се евидентирани некакви последици од неговото работење, а очигледно без филтри работи.
Но конкретно во Велес - дали таа опција е разгледана, возможна или....?

Ако продолжи да функционира како порано... бунете се.
Бунете се многу. Бојкотирајте се.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.381
Поени од реакции
1.973
Решиле Жанко Чадо и компанија да направат некое париче..Малку им беа душата да им ја ебам.Ако дозволиме да се рестартира чудовиштево не сме народ,ма каков народ,не сме луѓе ако тоа го дозволиме.

Тоа шо јадат гомна дека ќе вложеле стотици милиони,дека ќе ставеле филтри,дека незнам каква технологија ќе применеле за да не загадува се прикаски за мали деца.Ако они стварно го мислат тоа,тогаш повеќе им се исплаќа да изградат нова,пошто старата не се исплаќа да се реновира.Ако случајно и покрај се,после толку години ја рестартираат, ќе биде 100 пати полошо одколку што беше...Не филтри,не технологии,НАСА да ја донесат џабе е,НЕМА шанси да не загадува..

А ако е за пари,за вработувања-поарно нека ги пуштат франкфурт мафија шо ги уапсија,ем повеќе луѓе запослуваа,ем 10 пати повеќе ги плаќаа,ем не загадуваа тука,туку по Германија,Австрија и чат-пат Швицарска
 
М

Мартин`

Гостин
Велешани ќе креваат еколошко востание

Симболично, на 9-ти ноември - на Денот на ослободувањето на градот, велешани ќе го ослободуваат од топилницата за олово и цинк.

Ова е одлука на „Одборот за спас на Велес“ кој денес одржа вонредна седница, по последните случувања поврзани околу најавите за евентуален рестарт на капацитетот но и по пресудата на Основниот суд во Велес со која се одби тужбата на „Зелената коалиција“.
Истовремено ќе започне акција на собирање на десет илјади потписи кои ќе бидат доставени до сопственикот „Метрудхем“ Владата и Министерството за животна средина.
- Се решивме овие две акции, кои ќе се случуваат во наредниот период, со цел граѓаните непосредно, јасно и гласно да си го кажат нивниот став за топилницата. Преку ова „народно еколошко востание“ ќе го искажеме револтот од најавите дека некој, без наша согласност, сака да ја рестартира топилницата. Очекуваме силна поддршка од граѓаните, заедно да се избориме и да покажеме дека здравјето ни е пред се, а потоа профитот и парите. Не постојат ниту едни пари кои можат да го вратат нарушеното здравје на луѓето – рече Иванка Андова претседател на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение.
На одборот се слушнаа и ставовите на стручните лица кои изразија загриженост дека постојната опреме не може да работи а без таа да загадува.
- Топилницата е со застарена технологија и во неа е потребно големо вложување, но и повторно ќе се случува истото, загадување. Затоа треба да бидеме децидни дека местото на топилницата не и е тука, во градот и таа треба да се исели. Не е потребно да се пазари за нејзиното работење, туку јасно да кажеме дека таа не ни треба тука, туку на друга локација, каде сите параметри ќе бидат задоволни. Во спротивно последиците од работата со децении следните генерации ќе ги плаќаат, да не ја повториме грешката од 70-тите години – изјави Пандора Манева дипломиран технолог, член на Одборот за спас на Велес.
Со сличен став и поранешниот инжињер во овој комбинат, сега еколошки експерт.
- Велешката топилница во ваква состојба како што е не можно да се рестартира. Многу време е минато откако таа е затворена а со секој ден минат, состојбата на опремата се влошува. Еден автомобил да не се користи една година, да не се запали, не може да се вози а не ваков гигант. Зелена економија со ваква тешка црна металургија не е можно, бидејќи таа е во градот, и има силно влијание врз здравјето на луѓето – рече Петар Стојанов дипломиран металуршки инжинер Градоначалникот на Велес застана цврсто зад желбата на велешани овој некогашен индустриски гигант, сега куп зажрѓано железо да не проработи тука.
- Нема да дозволиме рестарт на топилницата и ќе преземеме секакви активности кои се потребни за да се реализира оваа наша цел. Исклучително сме против било какво размислување и постапка за повторна работа на капацитетот. Се што работиме е во интерес на здравјето и животот на велешани, тоа е највредно нешто. Секаква помисла за рестарт е со помисла на реална можна еколошка катастрофа – изјави Горан Петров градоначалник на Велес и претседател на одборот за спас на градот.
Еколошки протест против топилницата се организираше пред три години на 12 јуни 2008-та кога пет илјади велешани рекоа „не“ за повторната работа на загадувачот. Делегација од Велес утре - недела, ќе имаат средба со Министерот за животна средина, во која ќе има повеќе претставници на локалната власт и на граѓанскиот сектор, од каде чекаат одговор што досега презел инвеститорот ,,Метрудхем,, за почеток на работењето на топилницата.
 
Присуствувам. Ќе се ослободам од работа ако треба за ова!!!
 
М

Мартин`

Гостин
Присуствувам. Ќе се ослободам од работа ако треба за ова!!!
http://www.facebook.com/event.php?eid=170718489686669

Еве и настан на фејсбук незнам дали е формирана од лице кое е член на некоја организација што го организира протестот сепак мислам ќе дадат повеќе информации следниве денови, подобро да се тргне од центар па се до топилница а не директно кај топилница да биде протестот.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Велешани мора да најдат динамит и да ја разнесат топилницата еднаш, засекогаш! Ќе лежат кратко време во затвор, ама барем ќе ја обезбедат иднината на своите деца, доста е труење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom