„Тивкиот убиец“ на Велес може да работи – судот ја отфрли тужбата на екологистите

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
[quote="Vanlok, post: 4517708"]Сакаш да кажеш дека е можно постојано да додаваш нови количества олово и кадмиум ама концентрацијата на истите нема да се зголеми?

Не,туку дека веќе работата е посрана и имаш две зла,помало и поголемо каде мораш да одбереш фактот што топилница не работи не негира дека велешани се фул со тешки метали и ниту селен ниту силимарин или пак неработење на капацитетот нема да решат нечии здравствени проблеми.[/quote]
Сакаш да кажеш дека кога веќе сме фул со олово да продолжат да не полнат со истото?:eek:
 
1.250 000 евра е за Метрутхем,иначе фирма со крајно сомнително потекло.. ја гледав КОД на Лупевска и во емисијата се искажаа многу сомневања околу таа фирма ..зашто идеш против цел Велес Лет , не си ми јасен
Зш мислиш дека одам против велес, ако е здравјето и животот бесценет, не можеа ли Велешани да му понудат на владата цена, тие да си ја откупат????
 
Зш мислиш дека одам против велес, ако е здравјето и животот бесценет, не можеа ли Велешани да му понудат на владата цена, тие да си ја откупат????

Добро зошто тупиш толку ?

Не сме должни ние да даваме пари за нешто штетно да не отвореле, тоа е реќет/изнуда ако мене ме прашуваш. Едноставно државата е должна да не заштити од такво нешто а и ние самите нема да дозволиме да се отвори топилницата ? ете моќ на народот ако реши нешто и решено е.
 
Сакаш да кажеш дека е можно постојано да додаваш нови количества олово и кадмиум ама концентрацијата на истите нема да се зголеми?[/B]

Не,туку дека веќе работата е посрана и имаш две зла,помало и поголемо каде мораш да одбереш фактот што топилница не работи не негира дека велешани се фул со тешки метали и ниту селен ниту силимарин или пак неработење на капацитетот нема да решат нечии здравствени проблеми.

Значи сепак си на страната на профитот, кога веќе велиш дека неработењето на велешката топилница нема да реши ничии здравствени проблеми.

Да не очекуваш последиците од 30 години труење да ги снема преку ноќ само со згаснување на загадувачот ?

Па тоа не се случило ни во Хирошима ни во Нагасаки, ни во Чернобил, па ни во Фукушима.

Ај објасни зошто ја исклучија нуклеарната електроцентрала во Чернобил кога и онака Чернобил и Припијат се мртви градови ?

Зошто не ја оставеа да работи ?

На крајот на краиштата, има профит во производството на електрична енергија од нуклеарно гориво, зошто да се откажат од таков профит ?

Е па, доколку не си знаел, нуклеарната електроцентрала во Чернобил ја исклучија бидејќи човечкиот живот им е поважен од профитот од производството на електрична енергија од нуклеарно гориво.

До 2015 треба да биде изграден новиот саркофаг врз нуклеарниот реактор бр. 4 во Чернобил, по што треба да започне процесот на уништување на нуклеарниот отпад во реакторот, а потоа и уривање на нуклеарната електроцентрала во Чернобил, сето тоа со надеж дека еден ден животот ќе се врати во Чернобил и Припијат.

За среќа на велешани, во Велес не се има случено нуклеарна хаварија, која би била тешка за контролирање, туку се случува биохемиски геноцид кој може многу лесно да се реши со дислокација на топилницата и прочистување на почвата, а што се однесува до здравјето на велешани, дефинитивно нема да оздрават преку ноќ само затоа што топилницата не работи, но ако повторно проработи, нивната здравствена состојба ќе се влоши уште повеќе, рестартирање на топилницата не доаѓа во предвид.

Рушење на топилницата и прочистување на почвата е единственото решение за ставање крај на биохемискиот Холокауст што се случува во Велес.

Зш мислиш дека одам против велес, ако е здравјето и животот бесценет, не можеа ли Велешани да му понудат на владата цена, тие да си ја откупат????

Доколку не си знаел, вредноста на велешката топилница МХК Злетово не е фиксна, може да изнесува 1.25 милиони евра, може да изнесува повеќе, може да изнесува и помалку.

Дури и ако велешани обезбеделе финансиски средства и доставеле понуда за купување на топилницата, сепак тоа не е никаква гаранција дека нивната понуда ќе била највисока.

А и да била највисока, на крајот доверителите, во случајот со велешката топилница тоа беа приватни фирми, а не државата, можеле да одберат и пониска понуда, доколку понудата се состоела од рестартирање на топилницата, наспроти понудата на велешани која можеби би била и највисока, но би се состоела од рушење на топилницата.

Нема никаква гаранција дека дури и ако обезбеделе велешани пари, топилницата ќе завршела во нивни раце.
 
Значи сепак си на страната на профитот, кога веќе велиш дека неработењето на велешката топилница нема да реши ничии здравствени проблеми.

Грешиш.

Ај објасни зошто ја исклучија нуклеарната електроцентрала во Чернобил кога и онака Чернобил и Припијат се мртви градови ?

Зошто не ја оставеа да работи ?

Што да објаснам-споредба на топилница со нуклеарна ХАВАРИЈА од СВЕТСКИ размери??

Не се нафаќам.
--- надополнето: Oct 28, 2011 6:38 PM ---
Сакаш да кажеш дека кога веќе сме фул со олово да продолжат да не полнат со истото?:eek:

Не да не полнат туку нека работат но согласно законот посебно законот за заштита на животната околина.
 
Грешиш.

Што да објаснам-споредба на топилница со нуклеарна ХАВАРИЈА од СВЕТСКИ размери??

Не се нафаќам.
--- надополнето: Oct 28, 2011 6:38 PM ---

Не да не полнат туку нека работат но согласно законот посебно законот за заштита на животната околина.
Чекај, сериозно мислиш дека кај нас може нешто да функционира согласно сите закони, правила и прописи? :eek:
Побогу...
 
Чекај, сериозно мислиш дека кај нас може нешто да функционира согласно сите закони, правила и прописи? :eek:.

Може ако се потрудиме зошто да не.

Еве како прво на менаџерите на топилница да им се покаже ова


па да знаат во случај да утнат,било преку даноци загадување и.т.н
 
Може ако се потрудиме зошто да не.

Еве како прво на менаџерите на топилница да им се покаже ова


па да знаат во случај да утнат,било преку даноци загадување и.т.н
Сигурно не живееш во Македонија.
 
Што да објаснам-споредба на топилница со нуклеарна ХАВАРИЈА од СВЕТСКИ размери??

Не се нафаќам.

Не да не полнат туку нека работат но согласно законот посебно законот за заштита на животната околина.

Воопшто не мораш да се нафаќаш, бидејќи очигледно за тебе рушење на велешката топилница би било прифатливо решение единствено ако загадува во регионални или во глобални размери, а вака кога топилницата загадува на локално ниво, на ниво на Велес и околината, тоа очигледно не те загрижува доволно за да поддржиш рушење на топилницата.

Е па извини, ама за разлика од тебе, јас не планирам да чекам хаварија од светски размери, сакам на овој биохемиски Холокауст да му ставиме крај сега и тука, за да идните генерации живеат здрав живот во чиста и здрава околина.

А што се однесува до работењето согласно со законите, во целост се согласувам со тебе, слободно нека работат согласно со законите, но нека работат пред се

СОГЛАСНО СО ЗАКОНИТЕ,
НАДВОР ОД ВЕЛЕС
И
НАДВОР ОД БИЛО КОЕ НАСЕЛЕНО МЕСТО !!!
 
Воопшто не мораш да се нафаќаш, бидејќи очигледно за тебе рушење на велешката топилница би било прифатливо решение единствено ако загадува во регионални или во глобални размери, а вака кога топилницата загадува на локално ниво, на ниво на Велес и околината, тоа очигледно не те загрижува доволно за да поддржиш рушење на топилницата.

Во принцип поддржувам многу поскапа опција од рушењето-релокација на капацитетот ама за жал нема активисти за релокација туку за неаработење и рушење на капацитететот кој е пврзан и со ХИВ и низа други економски субјекти.
 
Зш мислиш дека одам против велес, ако е здравјето и животот бесценет, не можеа ли Велешани да му понудат на владата цена, тие да си ја откупат????

Ти си правиш бајрам на умот.. цел град ќе соберел 1.250 000 евра.. у едно маало неможеш да собереш пари за вода или ѓубре да ги натераш сите да платат, а камо ли цел град..
 
Со што заслужиле граѓаните да Велес да го дишат тој воздух? Што се разликуваат Велешани со граѓаните на Струга на пример ? (како релативно почист град од Велес)
 
Бура од бизнис умови.
Баш би сакала да знам како им изгледа идејата да живеат во град каде пиле не прелетува и е ризик да отвориш прозор да проветрееш.
Велешани се терсене народ. Ама за доброто на сите верувам дека ќе се едногласни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom