Какво повторно рестартирање на топилницата бе нема шанси да се случи такво нешто, прво народот нема шанси да дозволи добро се сеќавам на последниот протест како беше.. верувајте да има многу невработени ама по цена на здравјето никој нема да ги сака таквите гнасни пари.
Ќе пукне тиквата ако се отвори топилницава, осеќам дека ќе биде нешто големо во Велес.. ќе биде срамнета со земја топилницата ..
Нема друго чаре освен народот со свои раце да ја срамни со земја, друго решение нема и нема да има. Секогаш стрвниците за пари ќе се обидат да праат пари и ги заболе за мене, тебе, вас и нас најбитен е профитот за нив и тоа е тоа. Ако народот стварно сака да никогаш не се рестартира таа топилница која донела неброени штети на тој народ мора да ја срамни со земја.
Од ваши усти во Божји уши !!!
Рушење на МХК Злетово, тоа е единственото решение на овој биохемиски Холокауст кој му се случува на Велес и покрај тоа што топилницата речиси 10 години не работи.
Точно! Луѓето што живееја во непосредна близина на чудово неможеа прозор да си отворат, наутро не се дишеше, сеуште се сеќавам кога бев дете и наутро кога одев на училиште, како ме гушеше воздухот, наставничките ни препорачуваа кога идеме да си ставаме крпче на устата и носот за да не вдишуваме директно.
Целиот град беше во микс од чад и магла, а тоа посебно се гледаше ако се искачиш на некој рид во градот, ништо одозгора не се гледаше...
Има многу луѓе од таму кои останаа без работа тоа да, но повеќето се снајдоа, работат друго, некои земаа пензии...
Еее, јас живеам во Автокоманда, Скопје, и секојдневно уживам во миризбите кои доаѓаат од Железара и Алкалоид, но се разбира, тоа е ништо во споредба со труењето со тешки метали што ви го прават на вас во Велес.
Редовно се шетам на Водно и баш летово, чисто небо без ама баш ниту еден облак среде јулски и августовски горештини, но од кај Милениумскиот Крст се гледа облак како се издигнува од кај Железара, каде што топат и обработуваат железо.
Ехехех, па дури и ракета лансираа пред некоја година, од време на поранешен СССР, наутро слушам летало, си велам "Што ќе беше ова, почна војна ?", а работава, во Железара топеле се и сешто, па се погодило на ракетата и дошол ред за топење, па поради топлината се лансирала, фала му на Бога не се случи ништо смртоносно, никој не беше повреден, единствено луѓето останаа вознемирени поради неочекуваниот лет на тоа непознато беспилотно и неконтролирано летало.
За Охис велат дека дури и да се сруши, сепак таму ништо не смее ни да се гради ни да се сади, бидејќи почвата е ептен, ама премногу загадена.
Но дефинитивно, ништо од тоа што ни се случува на нас не може да се споредува со биохемискиот Холокауст кој се случува во Велес.