Славој Жижек: enfant terrible на пост-модерната философија

А

Антоние

Гостин
Ајде сега лека полека. Зошто викам дека е бледа верзија на Ајн Ренд?

Иако на википедија пишува дека е марксист, на последното видео кога попува на wallstreet , ако обрнете малу повеќе пажња ќе приметите дека како решение на демонстрантите им предлага либертаријанистичка алтернатива (минимална влада која ги контролира монополите и се грижи за максималната слобода на поединецот и неговата сопственост итн), и покрај тоа што целото видео е како времеплов низ вообичаената марксистичка реторика.

За неупатените, либертаријанизмот е политичкото/апликативно решение на објективизмот кој што пак во ретроспектива е "измислен" од Ајн Ренд.

Друг битен момент:
На првото видео тој го критикува милосрдието како "економска перверзија". Ајн Ренд уште во првата половина на 20тиот век почна да грака дека алтруизмот е големо морално зло.

Потоа, на истово видео тој ги окарактеризира социјализмот и комунизмот како "катастрофални" дешавки. Што значи не е ни марксист per se туку е повеќе нешто како утопист.

А од ваквите нема фајде.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не знам кој од вас имал прилика да чита нешто од Жижек, како и да е, знам дека кај нас нема шанси да се најде нешто од него, но затоа е тука Амазон...
Ја нарачав книгава од него и при крај сум..

А ја нарачав и оваа, таа е следна на ред за читање....

Oваа вторава, мислам дека може да се најде кај нас во English Center, само е малку соленка..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Таа втората, најискрено ти советувам да не ја читаш, инаку ќе го редефинираш поимот изгубено време...
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Таа втората, најискрено ти советувам да не ја читаш, инаку ќе го редефинираш поимот изгубено време...
Си ја читал изгледа.. Зошто? Оти читав на нет има одлични критики...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Си ја читал изгледа.. Зошто? Оти читав на нет има одлични критики...
Ја имам дома, и сум ја читал. Јас имам голема одбивност кон пост Хајдегеријанската континентална филозофија и психологија. Ги сметам за ШАРЛАТАНИ ликовите како Дерида, Лакан, Делез, Гатари и сличните, кои се занимаваат со продавање ветар на магла, и со чиста мистификација. Еден Хегел е класичен аматер спореден со овие типови. Претурање од шупливо во празно, гломазна термонилогија, интелектуален снобизам, демек критика на културата и општеството, и тоа замисли, од луѓе удобно седнати во професорски катедри...

Имаше времиња кога филозофијата нешто значеше...

Тие позитивните критики на нет, воглавно се пишувани од ликови кои страдаат од истиот синдром на интелектуален снобизам...
 
Аха.. а што препорчуваш контра тој интелектуален снобизам.. ?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Аха.. а што препорчуваш контра тој интелектуален снобизам.. ?
Вистинската филозофија по мене е преселена од другата страна на Океанот. Аналитичката филозофија, Филозофијата на јазикот, Филозофијата на Умот која во 20 век се наметна како philosophia prima.

Мене исто ми се интересни филозофите кои се обидуваат да најдат некој среден пат помеѓу аналитичката и континенталната филозофија, како Рорти на пример..
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Вистинската филозофија по мене е преселена од другата страна на Океанот. Аналитичката филозофија, Филозофијата на јазикот, Филозофијата на Умот која во 20 век се наметна како philosophia prima.

Мене исто ми се интересни филозофите кои се обидуваат да најдат некој среден пат помеѓу аналитичката и континенталната филозофија, како Рорти на пример..
Рорти.. не го знам.. ај некој наслов ако не те мрзи.. не од него.. него воопшто од некој од другата страна на Океанот..

Иако мора да признаам дека не си прв што го спомнал ова... не ме сфаќај погрешно но Жижек малку ги плеска сите тие Делез, Лакан и слични. а и сегашниве европски филозофи, заради нивниот инфериорен став кон филозофијата од другата страна на Океанот...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Рорти.. не го знам.. ај некој наслов ако не те мрзи.. не од него.. него воопшто од некој од другата страна на Океанот..

Иако мора да признаам дека не си прв што го спомнал ова... не ме сфаќај погрешно но Жижек малку ги плеска сите тие Делез, Лакан и слични. а и сегашниве европски филозофи, заради нивниот инфериорен став кон филозофијата од другата страна на Океанот...
Ова ти е Ричард Рорти.
http://en.wikipedia.org/wiki/Rorty

Најпозната книга му е Филозофијата и огледалото на природата.

За филозофија на јазикот Витгенштајн е сосем доволен за почеток, па и за крај. :)

http://en.wikipedia.org/wiki/Ludwig_Wittgenstein

Ова ти се неколку филозофи значајни во областа на Филозофијата на Умот...

http://en.wikipedia.org/wiki/David_Chalmers

http://en.wikipedia.org/wiki/John_Searle

http://en.wikipedia.org/wiki/Thomas_Nagel

http://en.wikipedia.org/wiki/Daniel_Dennett
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Данке друже... за Даниел Денет и Витенгштај имам слушнато.. но искрено не сум се сетил малку подробно да им навлезам.. сега ми запали чивија.. ;-)

Ќе заборавев прееска.. Во контекст на муабетот.. погледни ги овие видеа...

В

Вештерот

Гостин
Жижек е интересен затоа што понекогаш знае да отвори некое прашање или да испровоцира, а понекогаш па знае да направи монументална утка и да се чудиш како е можно да напише или направи нешто такво .
Интересен е фактот што Жижек на времето кога ја почнувал својата кариера бил антикомунист и имал проблеми со комунистите за во последниве години да се декларира како марксист (се вели дека во својата соба наводно имал портрет од Сталин).
На јутјуб најдов едно интервју во кое Асанж ги интервјуира Жижек и Хоровиц. Двајцата во текот на својот живот ги промениле своите ставови за 180 степени. Интервјуто е корисно затоа што може да се види дуел на 2 спротивставени идеологии. Сепак на крај двајцата не доаѓаат до никаков заклучок освен што се препукуваат како политичари и секој си го тера својот филм.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom