Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
1. Нити ми сметаа нити ми пречеа сендвичарите, немам јадено таму можеби 7-8 години ама како мал јадев нон-стоп и види мајката ниту еднаш не добив тровање.
2. Се сложувам дека условите во кои се работеше тоа не беа најдобри и не ми се свиѓаа трафиките/времените објекти ама можеше да се среди тоа наместо да се руши/дислоцира комплет. Можеа само да се модернизираат.
3. Aleksr - ти си друже исфрустриран провинцијалец кој хејта скопјани. Ништо друго. Скопје врие од провинцијалци (без навреда ако ги кажам провинцијалци). Што значи дека целото тоа ѓубре и све тоа што не ти се свиѓа, дел од тоа го прават и провинцијалците. Чим не ти се свиѓа Скопје GTFO.
4. Триумфалната порта е најгрдото нешто што можеше да им текне, некои споменици се ок ама некои се тотално грди и безпотребни како што се случајот на триумфалната порта.
5. Партиски војничиња топ сте кисче
6. PurplePuma ти си ми идол, читајќи те тебе човек може да заклучи дека си прошла низ све во животот, све знаеш, сегде си била и си живеела едно добри 1000 години.
7. И едно прашање до сите, гледам мешате Европски градови бла бла бла, демек со дислоцирање на сендвичарите ние сме поблиску до Европа?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Убаво решение за просторот позади ЕВН, ем уредно ем урбано.



зарем има потреба од дислоцирање доколку некој има малку акал.
Има потреба, му сметаат некому. Ова изгледа одлично, мислам дека сите сме согласни дека времениве објекти изгледаат лошо, па со мала помош од градот би можело да изгледаат современо и да се зачува нешто битно за граѓаните, а не да се избрише без трошка размислување и само поради мислење на една личност.

Промените се добри, но да се направат како што треба. Нино сендвичарата изгледа одлично, но еве, би можеле сите 4-5 колку се да ги унифицираат и да изгледаат на нешто, потоа пред нив да се удри нов бетон или некои плочки зашто хаос е колку што се сеќавам, па да се постават корпи и да се направи фонтаната. Да си има често полиција и да ги брка циганчињата и да пишува казни за фрлање отпад.

Таа зградата на Најк не знам зашто постои, али ете, на некој му сметал Чичко Стоилко и не дава друго решение освен рушење и најголем аргумент му беше „лоши сендвичи“, а ние кутрите за лош сендвич плаќаме и по 130 денари од фамозната седмица и сличните на нејзе. Што мајка бараше најк да се префрла од ГТЦ(патем, ако не грешам претходната локација се уште стои празна!!!) на плоштадот? Има некое оправдување? 100 метри се во прашање, или поголем профит и богатење на капиталистот е она што го оправдувате за сметка на убавината на целиот тој простор наречен плоштад.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Еве јас ќе кажам за Европските градови. Не опишувам некоја метропола но едно гратче полно со култура - Маинц. Кој не знае, ќе му појаснам дека господинот Гутенберг е роден таму. ПАтем има и музеј (со големина нешто како нашиот скопски). Него шо ми беше идејата... ааа да. Плоштадот на градот во одредени денови постанува пазар со тезги. Значи идеш во самиот центар на градот и оп гледаш тезги тезги тезги едно чудо, игла да не можеш да провреш.
Да не завборавам имаше посебно малку од страна штандови слични на Столко што продаваа переци, братвурстови.

За Русија (Москва и Петербург) да не почнам.... таму имам цел матерјал за вадење. Од продавање на вотка на јавно место, до лепчиња со икра на 40 степени што ги лази мува.

Има решение. Но нема концепт. Уствари има. Силење на историјата и миење мозоци. За провинцијалци не коментирам оти не` има секакви по белиот свет.
Мала додавка: ако изговорите ви се грдо било, нечисто било, незнам што обѕирнете се малку на самиот плоштад. Некој дури и профитира од фрлените евриќи во фонтаната. Башка да не зборам за оној мал дел пред турската чаршија. Или не, чекај... хаосот што го прават таксистите кај Р.У. Кочо Рацин. Ем е направен паркинг ем повторно се прави гужва. И грдо е пак.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
За Русија (Москва и Петербург) да не почнам.... таму имам цел матерјал за вадење. Од продавање на вотка на јавно место, до лепчиња со икра на 40 степени што ги лази мува.
Највероватно мислиш на -40 степени ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.956
Поени од реакции
73.830
Го уништија духот на Скопје во кое израснав, го уништија кејот баш во годините во кои највеќе требаше да го користам. Младоста ми поминува, а неможам да си удрам едно убаво крукче по кејот, а да не поминувам низ некои железа и арматури цело време...
Незнам со кое право зборат тие што не се од Скопје за оваа одлука...
Малите нешта се оние кои ги сплотуваат еден народ, и те тераат да се птосетиш на некои убави времиња - младоста, детството...:)
Стоилко не беше само објект, туку си има посебно значење за нас. Па цел живот сме се чекале кај Стоилко, а сега таму ни изникна една огромна ругоиба наречена триумфална капија, на сметка на местото кое сигурен сум дека буди многу спомени кај Скопјани.
Дека беше опаднат квалитетот во Стоилко низ годиниве, вистина е, ама сепак за цената солидно јадење. И тостот беше солиден и други работи...
Незнам само што ќе прават луѓето кои работеа таму, а сега мора да чекаат некое време за да се дислоцира објекот (ако воопшто се случи тоа)...
Мајката на една моја другарка работи таму, а станува збор за семејство со можеби и под просечни приходи (во една потпросечна економски ситуирана држава...).
Си ја имав придобивката, секогаш да добивам екстра компири одс таму, па сега уште повеќе ми е жал што го затвораат...
Што е следно? Зуко можеби?
Ајде и тоа нека го срушат, па да нема од каде кикирики да јадеме :D
Убаво кажа над мене beneamata што мајка бараа да го префрлаат тоа огромното срање со најк и глупости сред плоштад?
Го зафаќа цел простор, а многу повеќе го уништува просторот од неколку сендвичари.
Плус нема секој пари да јаде хамбургер од мекдоналдс, хамбургер од седмица или од Вили, гиро или некој друг екстра скап производ од Гирадико...
Е сега се бунат луѓево од другиве градови :tapp:
Што значење има за вас Стоилко?
Грдо ви било да го гледате....
Е тоа е разликата, вие доаѓате тука да учите (наводно за тоа) и градбите можете да ги гледате само како фигури, но нивниот дух никогаш нема да го познаете ако не сте од овде.
Пример одам јас во рандом град, и гледам рандом грда градба, и викам е не е убава, сакам тука споменик со кој сите ќе се сликаме за да се фалиме дека сме биле во овој рандом град.
Е неможе така, јас во тој град поминувам само ради потреба, не живеам тука, неможам да му речам на некој од таму, се ти смета, а притоа да не го знам значењето на објектот за граѓаните од тој град!
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Е цитро , цитро, сопартиецу до толку ли ти е исперен мозокот. Грујо да стави џиновски споменик на ташаци у сред Куманово тебе ќе ти изгледа убаво и ќе го подржуваш и ќе се сликаш до ни.
Ако толку не сакате да се руши излезете, зберете се, направете нешто. Секако дека сум против ако не сум од Скопје, причината е тоа што триумфалната капија е за никаде. Или сега ќе ме нападнете дека триумфалната капија е супер и дека јас од провинција врска неам ?


Иначе за ваша информација Стоилко не е скопјанец.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Мислев дека луѓето ќе се радуваат коа ќе се случи ова, не знаев дека е толку ценето место, ваљда зашо ја никогаш не сум ги поднесувал тие сендвичари. Мене повеќе ми е жал што делчето пред фреш го скратија, ептен ми беше добро.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
:eek:
12 страници за стоилко ... бреееј ... кој к.. е стоилко, бутка, барака каде се продаваат смрдливи сендвичи ...
сум видел помалку страници напишани за теми на кои стварно вреди да се дискутира ...

кај стоилко било евтино ...
вкусно ...
бил обележје на скопје .... :confused:
работел по хасап ...
немало салмонела ...
немало џукели во близина ...
немало цигани ...
немало смет ...
штета било ако се дислоцира ...
5 семејства ќе останале гладни ...

имате уште некој "генијален" аргумент ...
а може е време да се легнете ... ;)

нај на крај ... за рушење на сите времени објекти се збори одамна, барем 5-6 години ...

п.с. Треба и ЕВН да се телепортира во васионата ... ;)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
:eek:
12 страници за стоилко ... бреееј ... кој к.. е стоилко, бутка, барака каде се продаваат смрдливи сендвичи ...
сум видел помалку страници напишани за теми на кои стварно вреди да се дискутира ...
Toa e бедата на нашиот народ..
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
За каква кулура збориш/..купуеш сендвич со голем ризик салмонела да фатиш..со компири пржени у зејтин искористен 20-30 пати,седнуваш одма на клупа,ама пред тоа ја чистиш од хартии и салфети и јадеш ? А под нозе ти се мотаат мачки и кучиња скитници.. култура на ниво у пм, па после друг ни е крив што сме заостанати
дали истово важи и за сендвичарите пред секое основно и средно училиште?
и таму се бутки/трафики/киосци/и таму пржат помфрит во масло од лен , пирошки и мекици во прегорен зејтин , и таму ставаат „домашно подготвен“ кечап и мајонез-
дали учениците ќе останат во скоро време без овие сендвичари и ќе бидат принудени да се претплатуваат на УЖИНКА во школо или да се хранат во најблискиот кафе/ресторан?????
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
дали истово важи и за сендвичарите пред секое основно и средно училиште?
и таму се бутки/трафики/киосци/и таму пржат помфрит во масло од лен , пирошки и мекици во прегорен зејтин , и таму ставаат „домашно подготвен“ кечап и мајонез-
дали учениците ќе останат во скоро време без овие сендвичари и ќе бидат принудени да се претплатуваат на УЖИНКА во школо или да се хранат во најблискиот кафе/ресторан?????
ја не сум против хамбургери или тостови.. пред некое школо и да се бутне некој киоск никој не се потресува толку,како за чичко стоилко.. Таа барака им била култно место,се збирале таму, уште само хешпенинзи што не правеле во чест на Стоилко..кого лажат.. а на никој не му текна дека неколку пати таму имаше труење, и хигиената е на никакво ниво.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
:eek:
12 страници за стоилко ... бреееј ... кој к.. е стоилко, бутка, барака каде се продаваат смрдливи сендвичи ...
сум видел помалку страници напишани за теми на кои стварно вреди да се дискутира ...

кај стоилко било евтино ...
вкусно ...
бил обележје на скопје .... :confused:
работел по хасап ...
немало салмонела ...
немало џукели во близина ...
немало цигани ...
немало смет ...
штета било ако се дислоцира ...
5 семејства ќе останале гладни ...

имате уште некој "генијален" аргумент ...
а може е време да се легнете ... ;)

нај на крај ... за рушење на сите времени објекти се збори одамна, барем 5-6 години ...

п.с. Треба и ЕВН да се телепортира во васионата ... ;)
ЕВН треба да се елеминира и на атомите што некогаш го формирале да им се нареди да не постојат повеќе.
95% од оние што жалат по Стоилко се или на +40 години возраст или се деца на комуњари.
Случајност ениуан ?

Они се грижеле за спомените и минатото? а по спомениците фрлаа со дрва и камења.
Да не биле тие споменици сега ќе бевте бугари или ќе живеевте во Вардарска Бановина прв канал на телевизорот ќе ви беше Пинк+, а може и сега ви е...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Во многу постови се споменува зградата на Евн,ај да отвориме и за неа тема:Dдали да се бута или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom