брат не ме сваќај погрешно, не викам дека сум од висока нога, ама стварно грдо изгледа, кога ќе видиш околу тебе дека цел свет напредува и се гради, зашто да останеме исти како што било во времето на тито, на све што има почеток, мора да има и крај
Никој не вика да останеме како во времето на Тито, едноставно можеа да направат да се вклопат во замислата на „боговите“ од градоначалници. Има милијарда погрди градби кои не се буткаат, ама сендвичарите ептен нагрдуваа.. што да ти кажам. Мене искрено, погрда ми е куќарката на „Вили“ кај Дрво Декор. Нонстоп има автобуси тука, смрди на бензин, прашина и ја треба да јадам од таму. Ноу уеј Хозе.
Од друга страна „Чичко Стоилко“ и компанија, не беа покрај улица, оддалечени се од пат (100 метра си се 100 метра), нема прашина (освен коа почнаа да ја градат грдата капија) и пред се, култно место за собирање и јадење.
Само чекам да видам дали ќе ги преместат или ќе биде крај за нив. Ако само ги преместат е жално, оти се губи уште еден белег на Скопје, ако ги уништат за секогаш, тогаш е ептен срамно.
Инаку, на тебе капијата ти е напредок !? Каков напредок поБогу !? Има лифтови со кои кога ќе се качиш можеш да бираш каде ќе гледаш, во ЕВН или Собрание. Дај не зезај.