Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.543
Ти си тој што нема ни грам логика.Атеистите (ти како како единка која ги претставува сите според никот) немаат логика.
Семејството има ПОТРЕБА од брак. Функционираат и семејства без брак, наведов пример, но бракот во многу ја олеснува положбата на децата.
Двајца кои си живеат заедно, немаат потреба од брак. Можат да си бидат ЦИМЕРИ во зедничко домаќинство.
Двајца кои живеат заедно , а немаат деца имаат потреба од брак поради правна сигурност.
Еве ти пример, живеат маж и жена заедно, без деца и без потпис во матично.Мажот умира.
Жената, како цимер нема право да ја наследи пензијата од мажот.
За да го наследи имотот во кој заедно вложувале, но е на име на мажот ( т.е цимерот ) треба да се мкне по судови, да докажува дека постоело вонбрачна заедници, да носи сведоци кои ќе го потврдат тоа и триста други церемонии.
Големи се шансите,особено ако роднините на покојниот бркнат некоја врска во суд, таа вонбрачна заедница да не биде признаена и жената да заврши на улица, без пензија и без никаков имот.
Да имале потпис во матично, тоа никако не може да се случи.Жената гарантирано ја добива пензијата и имотот што и следува.
Сега јасно ли ти е зошто имаат потреба од брак?