Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Таруно
  • Време на започнување Време на започнување
Баш штета. Стоилко беше класа над сендвичарите околу неа. Се надевам дека ќе добие друга добра локација.
Хаххаха како беше тоа за Кумани...дојди испукајсе на факс јади еден сендвич и назад пак а.Ви го турија штета.:pos:
 
Не дополнив дека треба и грдата капија да ја срушат како чир стои. Се надевам некоја следна влада до темел ќе ја сруши, а врбите во Вардар ќе им ги забуца во г*з за да може да разеленеат.
 
Од друга страна „Чичко Стоилко“ и компанија, не беа покрај улица, оддалечени се од пат (100 метра си се 100 метра), нема прашина (освен коа почнаа да ја градат грдата капија) и пред се, култно место за собирање и јадење.

Капијата е грда,а бараките се супер! Штета што УНЕСКО не ги ставил под заштита , сега немаа да ги дираат :tapp:

Ја незнам бе, луѓе , сте биле ли во некој Европски главен град
--- надополнето: Oct 27, 2011 12:29 PM ---
Не дополнив дека треба и грдата капија да ја срушат како чир стои. Се надевам некоја следна влада до темел ќе ја сруши, а врбите во Вардар ќе им ги забуца во г*з за да може да разеленеат.

Не се срами ,кажи Бране мој
 
... грешка си цитро чичко стоилко е поим за постарата генерација ... и за нас ама особено за постарата генерација грешка им е стварно и мн непотребно им е да ги срушат...
 
А може на местото ке изградат споменик ,,Чичко Стоилко,, нели сеа тоа е во мода.
Како и да е и во еден претходен пост кажав,збогум на еден дел од моето детство.
 
Никој не вика да останеме како во времето на Тито, едноставно можеа да направат да се вклопат во замислата на „боговите“ од градоначалници. Има милијарда погрди градби кои не се буткаат, ама сендвичарите ептен нагрдуваа.. што да ти кажам. Мене искрено, погрда ми е куќарката на „Вили“ кај Дрво Декор. Нонстоп има автобуси тука, смрди на бензин, прашина и ја треба да јадам од таму. Ноу уеј Хозе.

Од друга страна „Чичко Стоилко“ и компанија, не беа покрај улица, оддалечени се од пат (100 метра си се 100 метра), нема прашина (освен коа почнаа да ја градат грдата капија) и пред се, култно место за собирање и јадење.

Само чекам да видам дали ќе ги преместат или ќе биде крај за нив. Ако само ги преместат е жално, оти се губи уште еден белег на Скопје, ако ги уништат за секогаш, тогаш е ептен срамно.

Инаку, на тебе капијата ти е напредок !? Каков напредок поБогу !? Има лифтови со кои кога ќе се качиш можеш да бираш каде ќе гледаш, во ЕВН или Собрание. Дај не зезај.
незнам како си мерел, ама од улицата се одалечени 30 метра, и кај и да идеш скопје смрди на бензин. а и да ги преместат и да не ги преместат голема работа, утре кога ќе треба да се сретнеш со некој ако ти претставува голем симбол стоилко, ќе кажеш кај поранешно стоилко, како што дедоми и бабами викаат на плоштад кај поранешниот Офицерски дом, ама ете сеа се потрудува владава да ги врати тие стари објекти, или никој не гледа што пробува да врати, сите гледаат да бараат лоши забелешки во оваа преродба на скопје, му фалеше на градов вакво освежување!
 
Ја незнам бе, луѓе , сте биле ли во некој Европски главен град

Не сме биле ти ли ќе ни раскажеш како е?
Иди удави се во некоја салмонела и не кажувај кој бил кој не бил,а Скопје ти е најдалечна дестинација. Кај си бил бе Цитро, ајде кажи кај си бил?
 
Тирана, веројатно. И со последните геополитички дешавки, и Приштина. Да да, тие се репер европските градови.
Според размислувањава...
 
абе што е битно цитро ка бил сејкој град си има свој знаменистости , скопје не е само за туристи има работи кој им вредеа на скопјаните меѓу нив е и чичко стоилко ама ете така решиле ...
 
незнам како си мерел, ама од улицата се одалечени 30 метра, и кај и да идеш скопје смрди на бензин. а и да ги преместат и да не ги преместат голема работа, утре кога ќе треба да се сретнеш со некој ако ти претставува голем симбол стоилко, ќе кажеш кај поранешно стоилко, како што дедоми и бабами викаат на плоштад кај поранешниот Офицерски дом, ама ете сеа се потрудува владава да ги врати тие стари објекти, или никој не гледа што пробува да врати, сите гледаат да бараат лоши забелешки во оваа преродба на скопје, му фалеше на градов вакво освежување!

Преродба за тебе, не и за мене. И ќе викам поранешен Стоилко и до кога !? Се веќе стана поранешно, а сегашното за курац не го бива.

пс. добро си ги заработуваш парите, ај ти. ;)
 
Не сме биле ти ли ќе ни раскажеш како е?
Иди удави се во некоја салмонела и не кажувај кој бил кој не бил,а Скопје ти е најдалечна дестинација. Кај си бил бе Цитро, ајде кажи кај си бил?

Само без нервоза;)
 
Капијата е грда,а бараките се супер! Штета што УНЕСКО не ги ставил под заштита , сега немаа да ги дираат :tapp:

Ја незнам бе, луѓе , сте биле ли во некој Европски главен град

Не, бе Цитро неаме пари ние, затоа од Стоилко јадеме. Јбг... не сме буржоазија ко тебе. Грда е капијата и ме нервира како нестисната бубулица со белко. Ете ти мој опис за истата.

пс. и ти добро си ги заработуваш парите, продолжи така. ;)
 
Преродба за тебе, не и за мене. И ќе викам поранешен Стоилко и до кога !? Се веќе стана поранешно, а сегашното за курац не го бива.

пс. добро си ги заработуваш парите, ај ти. ;)
искрено брат студирам факултет и воопшто немам никаков корист од сите овие проекти, само едноставно се осеќам убаво и исполнето кога гледам дека државата иде нагоре, мене барем сите овие работи ме исполнуваат, малце коментарот звучеше како политички, ама не ми беше тоа целта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom