Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.737
Поени од реакции
8.754
Имаш делумен лајк на мислењето. Делумен, дека точно дека атеизмот е неверување во постоењето Бог, но исто така може и да се каже дека е верување во неговото непостоење, во стилот на репликата на Van der Heights

Ова правило не важи секогаш. Религијата не би постоела кога така лесно би се докажувало постоењето на Бог како што е релативно лесно да докажам дека тукушто пиев вода. Кога Бог би се појавил или би дал други цврсти докази, немаше да има потреба од вера. Факт ќе станеше тоа и сите ќе беа "верници".

Муабети се тоа.

Инаку вечерва многу текстови се изначитав во кои се потврдува дека атеизмот е вид на религија, со свои симболи, со свои "пророци" (Дарвин, Маркс...). Башка и суд веќе има пресудено така во Америка.
Сликата која ја стави, нема врска со смислата на атеизмот. Како што кажав, секој атеист единствено отфрла постоење на божества. А дали мисли дека Дарвин е во право, марсовци, дека од амеби настанавме... тоа е индивидуално и атеизмот како таков не го интересира тоа.

Под религијата (која и да е) се подразбира во што и како се верува, кои се правилата, објаснувањата... Со атеизмот не е така.
Двајца атеисти можат да имаат сосема спротивни убедувања за се. Единствено заедничко да им биде тврдењето дека не постои бог. Како аргументи, сигурно си нашол многу на форумов.
Но самиот кажа, религијата е слепо верување, атеизмот не е слепо верување.
Не праша еден член, дали ако Исус се појави пред нас, ќе поверуваме во него?
Да, но за да поверуваме мора да се појави. Тоа е многу важен дел во атеизмот - докажливоста на нештото. Атеистот не верува во ништо, освен во докажаното. Може да претпоставува само.

И тоа е и основната разлика меѓу ,верата, и ,атеизмот,.
 
P

Princ

Гостин
Е ова ти е врв.
Уште имам, пред 2 дена почнав :icon_lol:
Значи ако јас верувам дека плавушите се боље од црните, тоа е вера.
Или ако не веруваш дека црните се боље, нешто на кое јако не се согласувам со тебе, од старт да ти кажам.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.737
Поени од реакции
8.754
Дали атеистот верува дека Бог не постои?
Кога веќе си играме со зборови.
Не, атеистот тврди дека Бог не постои.
Јас не верувам, јас тврдам.
Дали ме прави тоа атеистичен атеист?
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Дали атеистот верува дека Бог не постои?
Кога веќе си играме со зборови.
Атеистот не верува дека Бог постои.
Овие муабети се праени милијарда пати, многу касниш, а имам претчувство дека пак ќе се изрезилиш.

И дефинирај ми вера, па ќе дебатираме дали атеизмот е вера, а не вака се што го содржи глаголот верува за тебе е вера.
Или мислиш на религија?
 
S

Sagan

Гостин
Имаш делумен лајк на мислењето. Делумен, дека точно дека атеизмот е неверување во постоењето Бог, но исто така може и да се каже дека е верување во неговото непостоење, во стилот на репликата на Van der Heights
Не, не може да се каже дека е верување во негово непостоење. Кај атеист не постои никакво верување поврзано со бог / богови.

Патем, сликата е смешна. Атеистите не викаат дека светот настанал од ништо. Тие не знаат од што настанал. Но ги користат разумот и науката, за да откријат еден ден, како што некој откри електрична енергија и радио-бранови после 200.000 години постоење на човекот.

Лесно е да речеш: бог створил сѐ, и со цитирани смешни реченици да даваш одговори на прашања кои моментално немаат одговор.
Некој едноставно, се навредува од таквиот одговор и почнува да ја бара вистината.
 
P

Princ

Гостин
Хаха, ве поштујем ептен да знаете, дека немате никакви ставови :icon_lol:
Двајца атеисти прашај, два различни одговори ќе ти дадат.
Сепак одиме по ред
Сликата која ја стави, нема врска со смислата на атеизмот. Како што кажав, секој атеист единствено отфрла постоење на божества. А дали мисли дека Дарвин е во право, марсовци, дека од амеби настанавме... тоа е индивидуално и атеизмот како таков не го интересира тоа.
СИТЕ атеисти веруваат во Дарвинизмот. Мораат да веруваат, немаат друга опција. Значи или веруваш дека Бог го створил животот, или веруваш дека на ништо не му се случило ништо за потоа ништо магично од ништо да експлодира... итн. Види фотос горе.
Претпоставувам некогаш седите онака и си мислите од кај кур јас овде и која е мојата функција. Епа во тој момент можете или да мислите дека некоја виша сила створила се (верник), или за Дарвин да се фатиш (атеист). Или има и трета опција која јас не ја знам? Само не ми кажувајте дека никогаш немате помислено на тоа, јако ќе ме разочарате. What a waste of H2O.

Не праша еден член, дали ако Исус се појави пред нас, ќе поверуваме во него?
Не сакам да испаднам глуп и да му поставам некому такво прашање. Едноставно ако се појави Исус, нема што да веруваш ти во него. Тоа веќе не е вера, туку тадам станува факт.
 
S

Sagan

Гостин
Атеистот не верува дека Бог постои.
Овие муабети се праени милијарда пати, многу касниш, а имам претчувство дека пак ќе се изрезилиш.
Може намерата му е да испровоцира некој со низок праг на толеранција, па да биде навреден лично за некаков инфантилизам или слично, па да ја заклучи темата. Свашта си бива :D
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено.

Ајде сега Принц, религија /вера ли е атеизмот?
 
P

Princ

Гостин
Не, атеистот тврди дека Бог не постои.
Јас не верувам, јас тврдам.
Не можеш да го тврдиш тоа бидејќи Бог ни прати книги, Бог ни прати пратеници, Бог го креираше светов за нас, и тако даље. Можеш да веруваш (внатре во тебе) дека не е така, но не можеш да тврдиш. Барем не додека не се докаже Дарвиновата теорија, која е теорија хаха.
--- надополнето: Oct 27, 2011 1:46 AM ---
Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено.

Ајде сега Принц, религија /вера ли е атеизмот?
Религија е и Будизмот, а во Будизмот, знаете, се верува дека ти лично како карактер си најбољи :icon_lol:
 
S

Sagan

Гостин
Двајца атеисти прашај, два различни одговори ќе ти дадат.
Сепак одиме по ред
СИТЕ атеисти веруваат во Дарвинизмот. Мораат да веруваат, немаат друга опција.
Тоа е убавината на атеизмот, има многу различни мислења, а тоа ја зголемува перцепцијата за стварноста. За разлика од религиските догми, кои забрануваат да се сомневаш и да прашуваш.

Не веруваат сите атеисти во Дарвин. Некои не веруваат во ништо, идат во нихилизам, други се сомневаат во сѐ, скептици се, агностиците сметаат дека не сме доволно напреднати за да ја осознаеме вистината, но тоа ќе се случи еден ден, четврти веруваат во генетска интервенција од вонземска / ски цивилизација /ции...
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не можеш да го тврдиш тоа бидејќи Бог ни прати книги, Бог ни прати пратеници, Бог го креираше светов за нас, и тако даље. Можеш да веруваш (внатре во тебе) дека не е така, но не можеш да тврдиш. Барем не додека не се докаже Дарвиновата теорија, која е теорија хаха.
Не , ти можеш да веруваш дека Бог постои (внатре во себе) но не можеш да тврдиш, затоа што не постои ама баш никаков доказ за неговото постоење.
Докажи дека Бог постои, па после тврди го тоа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.737
Поени од реакции
8.754
Хаха, ве поштујем ептен да знаете, дека немате никакви ставови :icon_lol:
Двајца атеисти прашај, два различни одговори ќе ти дадат.
Сепак одиме по ред

СИТЕ атеисти веруваат во Дарвинизмот. Мораат да веруваат, немаат друга опција. Значи или веруваш дека Бог го створил животот, или веруваш дека на ништо не му се случило ништо за потоа ништо магично од ништо да експлодира... итн. Види фотос горе.
Претпоставувам некогаш седите онака и си мислите од кај кур јас овде и која е мојата функција. Епа во тој момент можете или да мислите дека некоја виша сила створила се (верник), или за Дарвин да се фатиш (атеист). Или има и трета опција која јас не ја знам? Само не ми кажувајте дека никогаш немате помислено на тоа, јако ќе ме разочарате. What a waste of H2O.

Не сакам да испаднам глуп и да му поставам некому такво прашање. Едноставно ако се појави Исус, нема што да веруваш ти во него. Тоа веќе не е вера, туку тадам станува факт.
1. Алелуја!! Да, атеистите не се сите слични, немаат сличен кодекс на однесување, не се должни да се облекуваат слично, да функционираат слично ниту да размислуваат слично!!!!
Тебе тоа, како верник, ти е непознато. Ама што да се прави.

2. Атеистите не мораат да го поддржуваат Дарвин, а освен тоа, теоријата за еволуција е научно докажана. Научна теорија...да, докажана. НО, настанокот на свеста не е докажан (не си ни припишувај дека некое божество го создало - не не) и тука останува простор секој да даде своја претпоставка. Атеистите не бараат избор во што да веруваат. Едноставно е, не знам зошто комплицираш. НЕ Е НЕОПХОДНО ДА ВЕРУВАШ ВО НЕШТО.
Да, има трета опција, има многу опции. Индивидуално е, субјективно, и не подлежи на божествени казни. Само што го потврди моето мнение, зошто си ти верник - се плашиш од својата неважност, небитност и минијатурност на овој свет. Се плашиш дека ќе умреш и ќе те изедат црви, и никаде нема да одиш, твојата ,душа, ќе си остане под земја со твоето тело.

3. И како што си кажа - туку тоа станува факт. Да, друже Принц, токму така. Ако атеизмот е вера, тогаш атеистот верува во факти, проверени, докажани. А како што знаеме.... тоа не е вера, самиот си кажа погоре.
--- надополнето: Oct 27, 2011 1:49 AM ---
Не можеш да го тврдиш тоа бидејќи Бог ни прати книги, Бог ни прати пратеници, Бог го креираше светов за нас, и тако даље. Можеш да веруваш (внатре во тебе) дека не е така, но не можеш да тврдиш. Барем не додека не се докаже Дарвиновата теорија, која е теорија хаха.
/quote]

Дарвиновата теорија за еволуција е - потврдена, и тоа го имаш понапред од страна на Дибек, барем 100 пати. Докажаност.

Книгите не постои доказ дека ви ги симнал никаков Бог.
Јас верувам само на факти.
Ти дај ми еден факт, и јас ќе верувам во него.
До тогаш, се лажеш сам себе зошто се плашиш.
 
P

Princ

Гостин
1. Алелуја!! Да, атеистите не се сите слични, немаат сличен кодекс на однесување, не се должни да се облекуваат слично, да функционираат слично ниту да размислуваат слично!!!!
Ниту пак сите Христијани, да не зборуваме за тоа колку се различни сите верници. Но тоа не го менува фактот дека се верници.
Јас мислам дека атеистите се "бунтовници", како хипиците на времето. У стилу јас сум кул, не верувам дека сето ова е креирано од Бог, туку од ништо настанало. Или баш гајле ми е од што настанало, дај прашај ме што ќе пијам и донеси нова пепељара. Разочарувачки.
Да, друже Принц
Не ми се допаѓа кога ми се обраќаш со друже Принц, би сакал ако не ти смета да ми се обраќаш со "Ваше Височество Принц", или само Принц ако ти е неприфатлива првата желба. Јас тебе не ти се обраќам со Друшке ПурплеПума, туку само со ПурплеПума.
Ако атеизмот е вера, тогаш атеистот верува во факти, проверени, докажани.
Ех, уште и да постоеше едно такво нешто. Теорија е она Дарвиновиот муабет, не се палете толку. Дарвиновата теорија. Во спротивно ќе се викаше Дарвиновиот факт. 2+2=4.

Патем, кога и двете страни немаат факти, и двете страни се верници. Едните веруваат во Бог со одредени докази, другите веруваат во неговото непостоење со исто така одредени докази. Ова ја потврди мојата теза за атеистичката религија, фала многу пријатно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.737
Поени од реакции
8.754
Ниту пак сите Христијани, да не зборуваме за тоа колку се различни сите верници. Но тоа не го менува фактот дека се верници.
Јас мислам дека атеистите се "бунтовници", како хипиците на времето. У стилу јас сум кул, не верувам дека сето ова е креирано од Бог, туку од ништо настанало. Или баш гајле ми е од што настанало, дај прашај ме што ќе пијам и донеси нова пепељара. Разочарувачки.

Не ми се допаѓа кога ми се обраќаш со друже Принц, би сакал ако не ти смета да ми се обраќаш со "Ваше Височество Принц", или само Принц ако ти е неприфатлива првата желба. Јас тебе не ти се обраќам со Друшке ПурплеПума, туку само со ПурплеПума.

Ех, уште и да постоеше едно такво нешто. Теорија е она Дарвиновиот муабет, не се палете толку. Дарвиновата теорија. Во спротивно ќе се викаше Дарвиновиот факт. 2+2=4.
Да барам јас линкови (кои се поставени 1000 пати, ти како постар член требало да си ги научиш до сега) за разликите меѓу теорија и научна теорија?

Јас, Принц, не се бунтувам против ништо, против мене се бунтуваат верници. Никола Коперник.... зошто го запалија, а? Се раѓаме како атеисти, стануваме теисти или остануваме атеисти.
За сето останато, нема потреба да дискутирам, дури ми е смешно некој со толкав стаж на форум, плус супермодератор на Религија, да прашува вакви работи, кои и новите членови веќе ги прочитаа и разграничија.
 
S

Sagan

Гостин
Принц... ова... Ваше височество, не мешај атеизам со антитеизам. Расчисти прво.

Друго, има атеисти кои викаат не ме интересира од што настанало (легитимно, сосема, животот е ептен краток а материјата ептен опскурна), има и такви кои викаат E=mc2. Ама никој од нив не си вообразува дека лично и персонално е создаден од семоќен бог, според негов лик.

Дарвин не е теорија друже... пардон, Височество. Не се теорија сите коски и черепи на предците на современиот човек. Докази се, материјални, опипливи. Ама нив, господ ги ставил на Земјата за да ја искушува вашата вера во него, нели.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom