- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.736
- Поени од реакции
- 8.754
Сликата која ја стави, нема врска со смислата на атеизмот. Како што кажав, секој атеист единствено отфрла постоење на божества. А дали мисли дека Дарвин е во право, марсовци, дека од амеби настанавме... тоа е индивидуално и атеизмот како таков не го интересира тоа.Имаш делумен лајк на мислењето. Делумен, дека точно дека атеизмот е неверување во постоењето Бог, но исто така може и да се каже дека е верување во неговото непостоење, во стилот на репликата на Van der Heights
Ова правило не важи секогаш. Религијата не би постоела кога така лесно би се докажувало постоењето на Бог како што е релативно лесно да докажам дека тукушто пиев вода. Кога Бог би се појавил или би дал други цврсти докази, немаше да има потреба од вера. Факт ќе станеше тоа и сите ќе беа "верници".
Муабети се тоа.
Инаку вечерва многу текстови се изначитав во кои се потврдува дека атеизмот е вид на религија, со свои симболи, со свои "пророци" (Дарвин, Маркс...). Башка и суд веќе има пресудено така во Америка.
Под религијата (која и да е) се подразбира во што и како се верува, кои се правилата, објаснувањата... Со атеизмот не е така.
Двајца атеисти можат да имаат сосема спротивни убедувања за се. Единствено заедничко да им биде тврдењето дека не постои бог. Како аргументи, сигурно си нашол многу на форумов.
Но самиот кажа, религијата е слепо верување, атеизмот не е слепо верување.
Не праша еден член, дали ако Исус се појави пред нас, ќе поверуваме во него?
Да, но за да поверуваме мора да се појави. Тоа е многу важен дел во атеизмот - докажливоста на нештото. Атеистот не верува во ништо, освен во докажаното. Може да претпоставува само.
И тоа е и основната разлика меѓу ,верата, и ,атеизмот,.