Може некад и нас ќе ни дојде редВидал , Маркизио , Пирло и Вучинич има топката да ни сокријат
Која тиња сме еј . Незнам дали Морати може да го избрка и овој до нова година , онака да си мењаме тренери
Не може самиот да се избрка Не може ниту бордот да го смени, внуки, синови, ќерка, снаи, зетовци се во бордот...Добро бе, да не имаат некој дел од договорот, определен дел од нашите играчи, кај што стои дека не смее два натпревари по ред да седат на клупа. Огромно фаворизирање има во клубот. И тоа со ништо не може да се оправда. Ни со некакво искуство, ни со некаков квалитет. Играат играчи и тоа веќе редовно, што треба да седат на клупа. Ја разбирам дека немаме баш од што да бираме, ама по тоа што го гледам веќе година дена, изглеа како во соблекувалните да имаат некој систем за тоа кој ќе игра а кој ќе седи на клупа, па тоа си го искористуваат и тренерите за да купат авторитет.
Супер што сакаат да обезбедат договор пред пензионирање во некој клуб од Арабија, ама мене не ми е јасно зашто и луѓето во клубот одат по таа логика. Која ни е целта? Да ги играме додека и физички не бидат во можност да играат, а во меѓувреме да земаме играчи како "замени" за неколку години, кои додека да дојдат на ред да играат ќе им даваме понекоја минута на терен и ќе ги пцуеме кога за 15 минути игра не успеале ништо да напраат. Стварно не гледам логика во политикава
Тука мислам на играчи како Станкович, кој веќе очигледно е за на клупа, на Милито кој исто така е очигледно клупа играч, на Камбијасо кој веќе некое време игра топло ладно... Фала им за игрите порано, ама нивниот циклус помина и како и се во природата и овде нештата мора да се менуваат.
Голем дел од ова ми е насочено и кон менаџментот. Морати да не беше сопственик на клубов, досега два пати ќе леташе од работа ( затоа што нели он ни е и формално CEO) и верувам да беше некој друг место него како претседател на клубов и он самиот ќе беше извонредно бесен за сезонава, мислам кој не би бил. И да не биде дека му се закачив на Морати, што прават скаутите? Што прави Бранка? Толку ли неможат една концизна стратегија да направат за клубов.
Раниери две утакмици потполно усра. Оваа денес и онаа против Катанија. Тие резултати се во голем дел негова вина. Можам да го кривам за тие утакмици и за играта во моментов ама неможам да го кривам за целата моментална состојба на Интер. За тоа има далеку покриви.
Па и ја тоа викам.Не може самиот да се избрка Не може ниту бордот да го смени, внуки, синови, ќерка, снаи, зетовци се во бордот...
Не може ниту другите да ги избрка, па пола од раководните функции ги држат членови на неговата фамилија. За мене сосема непрофесионално, којзнае како Бранка го убедил да му биде спортски директор
Се удри за тоа металното, незнам дали има некои пропозиции али стварно тоа опасно е внатре што ја држи мрежата, не е така на сите терени.А што утнал Милито во второ бе , па уште за кичмата се држи се удрил внатре у голот ....