Фан Клуб: Челзи

A

Auditore

Гостин
@ fantomX
Дури сега прочитав дека си го гледал второто полувреме па затоа го избришав претходниот пост, бидејќи тогаш ти пишав да го гледаш полувремето па отпосле ќе дискутираме.
Е сега да почнам со ред,
Велиш дека имаме два недосудени пенали, во ред, точно е.
Велиш дека Боаш е вистинскиот човек но во погрешно време, те молам да ми го објасниш затоа што не те разбрав, али ќе ти пишам што мислам за ова. Зошто мислиш дека е погрешно време? Дали мислиш на тимот на Челзи, односно на играчите и дека тие не се спремни за стилот на Боаш? Ако е така, тогаш ќе ти пишам дека не е точно. Челзи донесе многу играчи, пред се млади, имаме и одлични резерви, и сите технички многу добро потковани, тоа и самиот го знаеш, старата багра на Мурињо на чело со Дрогба ова лето очекувај аривидерчи.
Боаш е вистински човек, но за време не дискутирам, затоа што никогаш не е ниту доцна, ниту рано за промени, битно е дека Челзи почна да менува, и тоа многу, и не само играчки кадар, туку и стручен, значи почнавме преродба во 100 чекори, што би рекол Груевски.

Да бидиме реални сега, велиш дека има материјал во Боаш, велиш дека е неспособен физички да бидат спремни играчите под негово водство, дека пред се тие психички не биле спремни.
Еве со ред, секако дека има материјал во Боаш, тоа го докажа сега, полн погодок е, огромен потенцијал, огромен бисер за тренер, но не заборавај дека има само 33 години, од кои 2, со се оваа во Челзи 3 - искуство како тренер на тим. Ова мене многу ми зборува, ме сфаќаш што ти зборувам.
Дека физички не ги спремил добро играчите не би рекол дека затоа е виновен Боаш туку виновни се самите играчи. Зошто? Затоа што до пред да дојде Боаш играчите имаа многу полежерни тренинзи, затоа и физички беа поспремни, но откако дојде Боаш, на интернет ќе најдеш еден куп изјави од играчи во кои се жалат дека тренинзите биле многу понапорни, дека премногу се работело со топка, мене еве сосема нешто друго ми зборува, но сума сумарум на крај од сезоната ќе се види кој како одработил и кој колку е спремен па бујрум.
И сега главното кое ми бодеше во очи е тоа дека психички не ги спремил добро играчите, чекај да те прашам само нешто и не ти пишувам повеќе, за онаква игра во второ полувреме против КПР, и нивната пожртвуваност, дали те асоцира на тоа дека тимот психички не е доволно силен и дека немаме тимски дух? Би рекол дека тоа е голем дел заслуга на Боаш, истотака можеш да најдеш интервјуа од играчите во кои изјавуваат дека Боаш многу работи со нив и вон теренот, дека комуницира со секој посебно, комуницира со секој на нивен роден јазик дури за да се чувстуваат посреќно, имаше таква информација на интернет, не лупам безвезе.
Сума сумарум, Боаш е вистинскиот човек, Челзи е сеуште рано да го достигне зенитот под негово водство во поглед на играта, сеуште играчки не сме доволно добри за да одговориме на потребите на Боаш, но рачунај од следна сезона еден нов Челзи, со нова димензија, нов менталтиет, кој ќе руши се пред се себе, но овој пат со титулата "Пример за тимски фудбал".
До тогаш остани ми поздравен.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.733
Поени од реакции
52.675
Нема ни точно во колку часот е, ни пак дали е цела снимка или хајлајтс. Коштаплери.
Ќе видиме, то е.
See the game in full on Chelsea TV from midnight.
--- надополнето: Oct 26, 2011 6:33 PM ---
As expected, Matej Delač played for Ceske Budejovice away to Viktoria Zizkov. A 1-1 draw was enough to put them into the Semi Finals.
 
В

Вори

Гостин
Која е таа „убава игра“? Не ми текнува како беше потпишан претходно, ама знам дека си од поодамна на форумов и од поодамна го следиш Челзи, па можиш да ми кажиш шо мислиш - шо тоа некој прави од Челзи моментално? Зошто некој го уништува Челзи?

Убава игра?! Вака нешто?

Немаме ни најмногу шанси, ни најмногу удари воопшто, ни најмногу удари на гол, ни процент на искористени шанси, ни најмногу голови - не сме ни блиску до имање најмногу од било која од овие работи. Што е „убава игра“? Секој кој го следеше Челзи барем од доаѓањето на Абрамович па наваму нека кажи, што тоа не му чинело во агресивниот Челзи, а му е убаво во овој, „убавиов“ Челзи - стварно ме интересира. Мене поинтересно ми беше кога за англичаните бевме страв и трепет, а за останата Европа (особено за Шпанија) бевме „уништувачи на фудбалот“. Вака многу убај сме, од многу убајна арно не бидува викале стари.

Какви играчи немаме, за агресивни мислиш? И дали тоа Ромеу е или ќе биде поим за агресивноста на Челзи, па човекот е избркан од Барселона, колку ниско Челзи е паднат за да играч на Барселона Б треба да биди поим за агреисвност на тимот?
--- надополнето: Oct 26, 2011 4:33 PM ---

Ќе го гледам второ полувреме.

Ама и ти погледни го првото, да видиш како Челзи беше ИЗЕДЕН од КПР во секој поглед, проблем за мекуши не е судијата. Тоа шо Дрогба бил фрустриран од неговата срамна физичка немоќ и направил уште еден црвен картон по тој на Босингва е само уште еден минус во цела приказна.
Ко шо реков, ќе го гледам второ полувреме, ама како шо пиша и сам, не е доволно само едно полувреме да се изигра на ниво. Челзи толку очајно се прикажа во првиот дел во секој поглед, шо уште две полувремиња се малку за да се извадат од онаква работа.
Против послаб противник? Ха.
А промашување изгледни шанси? То е неспособност, или неспремност, плус. И шутирањето е тренинг. Ако нашите „убавици“ на чело со Мистер АВБ сметаат дека им треба само убавина и не тренираат шутирање, е друга работа.
Нема смислам да дискутираме за ова повторно и повторно.Не сум човек што работи во клубот за да знам кој го уништува Челзи.
Ако некој го уништува,тогаш немаше ни играчи да купиме,ниту пак ќе земевме толку скап тренер.
А само да ти кажам нешто.Баш ќе ме интересира твојата реакција на крајот од сезоната,кога Челзи ќе крене некоја титула,а да не е Мики Маус Куп,што би рекол ти.

Иначе овие гнидиве Евертон со прв состав ќе играат,а ние преполовени.Добро е што Лукаку стартува и малиов Бертанд(или како и да се викаше).

п.с Стримче нешто?Сега гледам дека нема.Да му ебам мајката,не играме со Макерсфилд,играме со Евертон.Манчестер вчера го имаше на Спортклуб,нас не нема на ниедна телевизија.Свашта.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Пак кај најдоа на Спорт клуб Стоук-Ливерпул :) пфф.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom